Свет
(Видео) Со дрон погоден голем руски воен брод, украинската страна тврди дека ставиле 450 килограми ТНТ

Службата за безбедност на Украина (СБУ) заедно со украинската морнарица изврши операција во Новоросијскиот Залив, во која бил оштетен големиот десантен брод „Оленегорски рудар“, изјавиле за украинските медиуми извори од Украинската специјална служба.
„Како резултат на нападот, на Оленегорск е создадена сериозна дупка и моментно не може да ги извршува своите борбени задачи. Сите руски изјави за одбиениот напад се лажни“, рекол изворот, пренесува „Интерфакс Украина“.
Агенцијата „Унијан“ наведува дека на снимката што ѝ ја доставиле извори во украинската СБУ се гледа како поморскиот дрон на СБУ со 450 килограми ТНТ напаѓа руски брод со 100-ина члена на екипажот.
СБУ провела спецоперацію в бухті Новоросійська – пошкоджений великий десантний корабель “Оленегорский горняк”. Відео надане джерелами УП pic.twitter.com/raQavQp1qU
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) August 4, 2023
Агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на својот извор, исто така објави дека рускиот брод бил оштетен во акција на украинската СБУ и морнарицата.
Министерството за одбрана на Русија претходно соопшти дека е одбиен обидот за напад на базата во Новоросијск со беспилотни летала на украинската морнарица.
Новоросијск е едно од најголемите пристаништа на Црното Море.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Подготвен сум за трилатерален состанок

Претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, сè уште одговараат на прашањата на новинарите во Белата куќа.
„Ќе имаме состанок. Ако сè оди добро денес, ќе имаме трилатерален состанок и мислам дека постои разумна шанса тогаш да ја завршиме војната.“, рече Трамп.
Претседателот на САД, исто така се осврна на можна трилатерална средба меѓу него, Зеленски и Владимир Путин.
Тој додаде дека никогаш не може однапред да каже дали таа средба ќе значи крај на војната.
Зеленски рече дека е подготвен за трилатерален состанок и додаде дека би било многу добро да се одржи.
Свет
Tрамп на состанок со Зеленски: Украна ќе добие безбедносни гаранции

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на состанокот во Овалната соба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина ќе добие некаков вид безбедносни гаранции, но не прецизираше дали тоа ги вклучува и американските сили.
Зборувајќи во Белата куќа, американскиот претседател изјави:
„Ќе има многу помош кога станува збор за безбедноста. Ќе има многу помош. Ќе биде добро. Тие се првата линија на одбрана затоа што се таму, но и ние ќе им помогнеме. Ќе бидеме вклучени кога ќе дојде вистинското време.“
На Трамп му беше поставено и прашањеѕп дали денешниот самит е „договор или ништо“.
„Не можам да го кажам тоа“, одговори Трамп.
„Никогаш не е крај на патот. Луѓе умираат и ние сакаме да го спречиме тоа. Затоа не би рекол дека е крај. Мислам дека сега имаме добра шанса.“
Трамп додаде дека верува оти и Владимир Путин сака крај на војната.
Слетете ВО ЖИВО.
Свет
(Во живо) Eвропските лидери стигнаа во Вашингтон, почнува средбата меѓу Трамп и Зеленски

Претседателите на Украина и САД, Володимир Зеленски и Доналд Трамп повторно се сретнаa лице в лице во Вашингтон.
Тоа e нивна четврта средба во живо оваа година, и секоја од нив досега беше посебна на свој начин.
Претходно челниците на ЕУ и НАТО стигнаа во Белата куќа. Се очекува сите да се состанат по средбата меѓу Трамп и Зеленски.
Во Вашингтон стигнаа претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, првиот човек на НАТО, Марк Руте, претседателот на Фрација, Емануел Макрон, канцеларот на Германија, Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стамер, како и премиерката на Италија, Џорџа Мелони.