Свет
(Видео) Талибанците пукаа на луѓе со развиорено авганистанско знаме, настана стампедо, има и мртви
Неколку луѓе се убиени денеска во градот Асадабад кога што талибанците отвориле оган врз луѓе кои го носеле националното знаме за време на собир по повод Денот на независноста на Авганистан.
Не е познато дали граѓаните се убиени од истрели или во стампедото предизвикано по пукањето, изјавил очевидец, а пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Several people were killed on Thursday in the Afghan ?? city of Asadabad when Taliban fighters fired on people waving the national flag at an Independence Day rally
It was not clear if the casualties came from the firing or from a stampede it triggeredhttps://t.co/yXoIKjEnSS https://t.co/d0QdWoLZfK
— Saad Abedine ???? (@SaadAbedine) August 19, 2021
Портпаролот на талибанците не беше достапен за коментар.
Талибанците вчера отворија оган врз демонстранти во градот Џалалабад, кои се собраа барајќи наместо талибанските повторно да се истакнат авганистанските знамиња на зградите на институциите во тој град, а најмалку три лица беа убиени во таа пригода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Захарова: Неуспесите на бојното поле Киев ги заменува со терористички напади врз Русите
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека, свесен за сопствената неспособност да постигне резултати на фронтот, „киевскиот режим“ ги надоместува неуспесите со терористички напади врз цивили во Русија.
„Онаму каде што сфаќаат – а секако сфаќаат – дека не можат да постигнат резултати на бојното поле, тие неуспеси ги компензираат со терористички напади врз цивили и цивилна инфраструктура“, изјави Захарова за телевизијата „Русија 1“, пренесе ТАСС.
Таа нагласи дека Русија отсекогаш ги гледала таквите напади како дел од хибридната војна што, според неа, ја води Киев.
Свет
Оставка во кабинетот на британскиот премиер поради поврзаност со Епстин
Шефот на кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер, Морган Максвини, денеска соопшти дека поднел оставка, откако признал дека дал совет за назначување на Питер Менделсон за амбасадор во САД — лице што било во комуникација со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.
Според „Ројтерс“, Менделсон бил именуван во 2024 година, но објавените досиеја на американското Министерство за правда откриваат обемна комуникација меѓу него и Епстин. Тоа предизвика најголема политичка криза за Стармер од неговото доаѓање на власт.
Максвини, еден од најблиските соработници на премиерот, призна дека бил директно вклучен во процесот и изјави:
„Одлуката за именување на Питер Менделсон беше погрешна. Тој ѝ нанесе штета на нашата партија, на земјата и на довербата во политиката. Преземам целосна одговорност за тој совет.“
Свет
Руски напади во Украина
Руските сили во текот на ноќта извршиле напади врз неколку украински региони, при што загинала најмалку една личност, а повредени се повеќе од десетина, меѓу кои и деца и постари лица, јавија регионалните власти.
Во Дњипропетровската област, руските сили го нападнале Дњипровскиот округ по полноќ. Повредено е 10-годишно дете, а оштетени се три куќи. Во близина на Никопол, имало артилериско гранатирање, но без жртви.
Во Запорошката област, во последните 24 часа, загинала една личност, а осум се повредени. Регистрирани се 577 напади врз 30 населени места со употреба на дронови, ракети и артилерија. Оштетени се најмалку 67 објекти, меѓу кои и домови и инфраструктура.
Во Херсон, гранатирањето околу 23:10 часот ја погодило населбата Корабељна. Повредени се три жени, од кои две се хоспитализирани. Во последните 24 часа во областа е регистрирана една жртва и 18 повредени.
Украинските власти предупредуваат дека ваквите ноќни напади се дел од континуирана стратегија на притисок врз цивилната инфраструктура.

