Свет
(Видео) Таткото на 9-годишната Емили откри како го преживеала заробеништвото: „Ова беше најшокантното“
Емили Ханд мораше да трча од куќа до куќа, принудена од Хамас да се движи додека израелските сили ја нападнаа Газа, изјави татко ѝ Томас за Си-ен-ен. „Застрашувачки е. Ја влечеле, ја туркале“, изјави тој за Си-ен-ен.
Емили беше киднапирана на 7 октомври и однесена во Газа, место што сега го нарекува кутија. „Излегува полека, малку по малку“, рече Ханд.
„Ќе знаеме низ што навистина поминала кога целосно ќе се отвори“, изјави тој за Си-ен-ен. „Сакам да знам толку многу информации… но морам да ѝ дозволам да излезе со нив кога ќе биде подготвена“.
Емили, која наполни 9 години во заробеништво, беше држена со својата другарка Хила Ротем-Шошани и мајката на Хила Раја пред да бидат ослободени минатата сабота. Раја се грижеше за Хила и за Емили како и двете да се нејзини ќерки, рече Ханд.
We are starting to learn about the impact of Hamas captivity on the children and it’s utterly heartbreaking.
Thomas Hand, father of 9-year-old Emily, says the little girl thought she had been held hostage for a year and now cries herself to sleep.
“The most shocking, disturbing… pic.twitter.com/Gfw5rCoYEp
— Aviva Klompas (@AvivaKlompas) November 28, 2023
Емили спиела во куќата на Хила кога терористите на Хамас упаднале во кибуцот Беери. Ханд бил заробен во куќата со часови не можејќи да стигне до својата ќерка, а масакрот продолжил – околу 130 жители биле убиени, а други биле заробени.
Два дена подоцна водачите на кибуцот му рекле дека го виделе телото на Емили. „Тие само рекоа: Ја најдовме Емили. Таа е мртва“. А јас реков: „Да!“ Реков: „Да!“ и се насмеав бидејќи тоа е најдобрата вест од сите можности што ги знаев… Значи смртта беше благослов, апсолутен благослов“, рече тој тогаш.
Но, речиси еден месец подоцна израелската војска му кажа дека е многу веројатно Емили да е жива и да е заложник на Хамас. Осум недели откако последен пат ја видел својата ќерка, Ханд бил информиран дека Емили е на списокот на втората група заложници, кои требало да бидат ослободени според привременото примирје меѓу Израел и Хамас.
🇮🇱🇵🇸🚨‼️ The IDF published a video of Emily and Hila’s first meeting with their families after their release from captivity. pic.twitter.com/3j2iwrQYiC
— Lord Bebo (@MyLordBebo) November 26, 2023
„Одеднаш вратата се отвори и таа само истрча. Беше прекрасно, исто како што замислував“, рекол Томас. „Веројатно премногу силно ја стегнав“, додаде тој. Дури кога таа се повлече, можев да видам дека нејзиното лице е испиено, како моето, а порано тоа беше пополничко, како на девојче, детско лице“.
Како и другите заложници, и Емили ослабела, а Ханд рече дека никогаш не ја видел толку бледа. И тој се потресе кога таа му се обрати.
„Најшокантниот дел од средбата со неа беше тоа што таа само шепоти, не можеше да ја слушнеш. Морав да го ставам увото до нејзините усни“, рекол тој. „Тие ѝ велеле да не прави врева“.
Кога ѝ дал мобилен телефон во комбето на пат кон дома, „најпрвин ја пушти песната на Бијонсе“ и се насмеа. Ова беа првите знаци дека детското во неа не исчезнало. Се плашел дека Емили ќе му се налути што не дошол да ја спаси. Тој страв го прогонуваше откога слушна дека е жива, изјави тој за Си-ен-ен.
Кога ја прашал колку време мисли дека ја нема, таа одговорила „една година“. „Тоа беше како удар во стомакот“, вели тој.
„Таа плачеше синоќа, не ми дозволи да ја утешам. Претпоставувам дека заборавила како е тоа. Затоа чекав додека не се подготви. Таа е силна девојка“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Будимпешта распоредува војска за заштита на енергетскиот систем oд Украина, јави „Ројтерс“
Премиерот на Унгарија Виктор Орбан ја обвини Украина дека планира активности за нарушување на работата на унгарскиот енергетски систем и нареди распоредување воени единици и опрема за заштита на критичната инфраструктура.
Ова го пренесе Ројтерс, наведувајќи дека одлуката дополнително го заострува спорот меѓу Будимпешта и Киев околу прекинот на испораките преку нафтоводот „Дружба“.
Орбан рече дека прекинот на нафтоводот Дружба е од „политички, а не технички причини“, а унгарските разузнавачки служби укажуваат на ризик од нови напади врз енергетскиот систем на земјата. Во видео објавено на Фејсбук, тој рече дека наредил зголемена безбедност на клучните енергетски објекти, вклучително и со распоредување воен персонал и опрема во близина на стратешка инфраструктура.
Унгарија и Словачка го обвинија Киев за продолжено прекинување на снабдувањето со руска нафта до нивните рафинерии. Украина претходно изјави дека прекинот е резултат на руски напад со беспилотно летало врз опремата што го опслужува цевководот во западниот дел од земјата. Спорот дополнително ги комплицира односите меѓу Будимпешта и Киев во услови на тековната војна и енергетската зависност на некои земји од Централна Европа.
Регион
Вучиќ: Новите закони на Приштина го загрозуваат опстанокот на Србите на Косово
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја истакнал пред специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Петер Соренсен, како што наведува, тешката положба на Србите, истакнувајќи загриженост поради намерата на Приштина да започне со спроведување нови закони кои би можеле да ја дискриминираат српската заедница.
По средбата во Белград, Вучиќ на Инстаграм наведе дека „посебно ја истакнал загриженоста по повод намерата на Приштина од 15 март да започне со спроведување нови ескалаторни и длабоко дискриминаторски одлуки“ кои, како што напиша, „директно го загрозуваат опстанокот на српскиот народ“ на Косово.
Белград најавениот Закон за странци го гледа како можна закана за прашањето на престојот, работата и опстанокот на илјадници луѓе кои функционираат во системот на институциите на Србија.
Ова особено се однесува на образованието, бидејќи бројни студенти од Србија, од северот на Црна Гора, како и половина од професорите и соработниците на факултетите во Косовска Митровица, според новиот закон би можеле да се сметаат за странци.
Тие на територијата на Косово ќе можат да престојуваат најмногу три дена или да наведат причина за продолжен престој, а доколку причината е студирање или работа на некој факултет, таа институција мора да биде акредитирана во Приштина, пренесе „Н1“.
Вучиќ, како што наведе, побарал „меѓународната заедница најсериозно да ги сфати овие исклучително важни прашања и да направи сè за да обезбеди почитување на правата“ на српската заедница на Косово.
Тој нагласи и дека приклучувањето на Косово кон регионален воен сојуз „дополнително ги зголемува тензиите и ја загрозува безбедноста на српскиот народ“.
„Ја истакнав неопходноста, без понатамошни одложувања, да се пристапи кон конкретни чекори за формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО), на која српскиот народ на Косово чека веќе 13 години“, наведе Вучиќ, алудирајќи на Бриселскиот договор од април 2013 година.
Со тој договор Приштина се обврза да ја формира ЗСО, но одбива да го стори тоа бидејќи не сака да им препушти извршни овластувања на локалните заедници со мнозинско српско население.
Со Соренсен се сретна и шефот на српската Канцеларија за Косово, Петар Петковиќ, кој изјави дека најавениот закон директно загрозува повеќе од 10.000 Срби кои живеат и работат во Косово, вклучувајќи ги нивните „основни човекови и граѓански права, правото на работа, правото на слобода на движење, правото на семеен живот, здравствена заштита и образование“.
И Петковиќ повтори дека е неопходно итно формирање на Заедницата на српските општини.
Косово со Декларација усвоена од Собранието на Косово прогласи независност на 17 февруари 2008 година. Независноста во меѓувреме ја признаа водечките западни земји, но не и Кина и Русија, како и пет земји-членки на ЕУ. Србија одбива да ја признае косовската државност.
Свет
Германскиот министер за одбрана жестоко го нападна Трамп
Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, обвинувајќи го дека испраќа погрешни сигнали до Владимир Путин и со тоа ја ослабува позицијата на Украина во војната.
Во разговор за радиото „Дојчландфунк“ на четвртата годишнина од војната меѓу Русија и Украина, социјалдемократот, кој е најпопуларниот политичар во Германија според неодамнешните анкети, рече дека ставот на Трамп кон Кремљ ја зголемил самодовербата на Путин.
„За жал, американскиот претседател влијаеше на текот на војната и самодовербата на Путин кога му го распосла црвениот тепих и го пречека како пријател во Алјаска, а во исто време целосно ја напушти воената поддршка за Украина“, рече Писториус.
Трамп се сретна со Путин во Алјаска во август 2025 година, без учество на европските лидери. Средбата предизвика загриженост во Европа бидејќи создаде впечаток дека Вашингтон се обидува да ја заврши војната без да ја вклучи Украина и нејзините европски сојузници.
Трамп го смени својот тон неколку пати за време на неговиот мандат за војната во Украина, а на четвртата годишнина од војната, тој не издаде јавна порака за поддршка на Украина.
Писториус, исто така, ја критикуваше Белата куќа за предвремено исклучување на можноста за членство на Украина во НАТО од преговорите.
„Американскиот претседател, за жал и непотребно, многу рано го тргна членството во НАТО од масата. Тоа беше една од темите што можеше да се искористи за преговори за други прашања“, рече тој.
Ова не е прв пат Писториус јавно да ја критикува политиката на Трамп кон Украина. Минатата година, тој исто така изјави за радиото „Дојчландфунк“ дека претседателот „погрешно го проценил“ своето влијание врз Путин за време на разговорите за прекин на огнот.
Најновите изјави доаѓаат неколку дена пред посетата на германскиот канцелар Фридрих Мерц на Вашингтон. Мерц објави дека ќе презентира „заеднички европски став“ за трговијата во САД, откако Трамп одлучи да ги зголеми глобалните тарифи на 15 проценти.
фото/Depositphotos

