Свет
(Видео) Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа
Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа по ескалацијата на граничните судири меѓу двете азиски земји, објавија локалните медиуми во Камбоџа.
Камбоџанскиот весник „Кмер тајмс“, повикувајќи се на Министерството за одбрана, објави дека авиони „Ф-16“ фрлиле најмалку две бомби врз села во покраината Минчи, на границата со Тајланд. Нема веднаш извештаи за жртви.
🚨🇰🇭The situation of casinos on the Cambodian border, which Thailand destroyed with F-16 missiles and machine guns😢 pic.twitter.com/smbhtjXThZ
— Sovan Ratana (@SovanRatana_) December 10, 2025
Медиумот пренесува дека тајландските авиони летале уште над неколку други подрачја во Камбоџа, покрај копнените и морските напади за кои нема повеќе информации. Тајланд сè уште не го коментира соопштението.
Forces of the Royal Thai Army, supported by M1126 “Stryker” Infantry Fighting Vehicles, advance into a residential area near the border in Northern Cambodia as fighting escalates between the two countries, with a soldier seen laying down suppressing fire using an M2 Browning… pic.twitter.com/GqBbP70t9n
— OSINTdefender (@sentdefender) December 10, 2025
Претседателот на Сенатот на Камбоџа и долгогодишен шеф на земјата, Хун Сен, изрази загриженост, но ја пофали војската бидејќи „храбри и цврсто се одбранила“, пишува „Кмер тајмс“.
фото: Depositphotos
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напад, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

