Свет
(Видео) Тајландски војник уби над 20 цивили, специјалци влегоа во трговскиот каде држи заложници
Најмалку 20 лица загинаа во Тајланд кога војник отвори случаен оган, во град кој се наоѓа североисточно од Бангкок, јавуваат светските медиуми.
Фотографии и снимки од местото на настанот се појавија и на социјалните мрежи.
Едно видео, направено од безбедносните камери, го покажува напаѓачот како шета низ трговски центар со пушка во рацете. Се верува дека во објектот тој држи како заложници повеќе луѓе.
EXCLUSIVE: Video shows Sgt. Jakkrapanth Thomma inside Terminal 21 shopping mall in Nakhon Ratchasiman during his shooting rampage that killed at least 12 people. Latest info indicates he’s holding 16 people as hostages. #กราดยิงโคราช https://t.co/1qWp0y3VQy pic.twitter.com/y8pqfzw0yw
— Khaosod English (@KhaosodEnglish) February 8, 2020
Во второто видео може да се види како екипите за брза помош ги советуваат исплашените луѓе да легнат на земја додека им укажуваат помош на повредените, а во позадина се слушаат истрели.
Moments of the Thai soldier gunman sprays his rifle while entering the Terminal 21 Korat mall https://t.co/zHw6BSmcJZ
— Abe 鴨髀 ?? (@abeleung) February 8, 2020
Еден од посетителите во трговскиот центар, снимил и како луѓето панично бегаат откако сфатиле дека напаѓачот е меѓу нив.
MASS PANIC IN THE SHOPPING MALL OF NAKHON RATCHASIMA, THAILAND AFTER A THAI SOLDIER HAS SHOT AT LEAST 12 PEOPLE DEAD AND CURRENTLY HOLDING SEVERAL HOSTAGES pic.twitter.com/IQx1hglvug
— freezerohedge (@freezerohedge1) February 8, 2020
„Раша Тудеј“, пак, објави снимка на која се гледа како тајландските специјални сили се подготвуваат да влезат во трговскиот центар.
Бројот на заложниците сè уште не е познат.
#Thai special forces are preparing to storm the #Korat city mall, number of hostages is still unknown #koratshooting #กราดยิงโคราช pic.twitter.com/4TUTeVsMvE
— RT (@RT_com) February 8, 2020
„Фејсбук“ објави дека го избришал профилот на напаѓачот кој држи заложници во трговски центар во Тајланд, а од компанијата порачаа и дека ќе ја отстранат секоја вознемирувачка содржина поврзана со настанот.
Според последните информации, по војникот и натаму се трага. Полицијата го идентификуваше осомничениот како Џакрапант Тома и соопшти дека пред да влезе во трговскиот центар тој отворил оган во различни делови од градот.
Тајландските медиуми јавија дека војникот бил гневен и дека пред да почне со нападот, од касарната украл возило.
„Не знаеме зошто го прави ова. Изгледа како да полудел“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана.
Осомничениот на својот Фејсбук-профил ден пред нападот напишал дека „Смртта е неизбежна за сите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.
Свет
Орбан: На изборите се одлучува за војна или мир
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги претстави претстојните избори на 12 април како избор меѓу „војна и мир“, тврдејќи дека опозицијата ќе ја вовлече Унгарија во војната во Украина.
„За мир, Фидес е сигурен избор“, порача тој.
Владината кампања ги повикува граѓаните да ја потпишат националната петиција за одбивање финансиска помош за Украина, а низ државата се поставени постери кои го прикажуваат лидерот на опозицијата Петер Маѓар како поддржувач на ЕУ и Украина.
Иако партијата Тиса на Маѓар е водечка во анкетите, и таа е воздржана во однос на Украина, најавувајќи референдум за евентуалното пристапување на Киев во ЕУ.
Според анкети, 63 проценти од Унгарците се против европска помош за Украина, а 64 отсто се против членството на Украина во ЕУ.

