Свет
(Видео) Тајфун го погоди Тајван, потона брод со девет члена на екипажот, потрагата продолжува

Спасувачите од Тајван трагаат по товарен брод со девет члена на екипажот, кој потона во близина на јужниот брег на земјата.
Товарниот брод под знаме на Танзанија бил во близина на јужниот пристаништен град Каосиунг кога Тајван го погоди тајфунот Гаеми, јавува Би-би-си.
Уште три странски брода заринкаа за време на тајфунот, но екипажот е безбеден. Тајфунот Гаеми, кој во средата го погоди источниот брег на Тајван, уби три лица, а стотици повреди на островот, соопштија официјални лица.
Пред да го погоди Тајван, Гаеми ги влоши условите за дожд на Филипините, каде што загинаа осум лица. Покрај тоа, таму се преврте цистерна со речиси 1,5 милион литри индустриско гориво.
Pray for Philippines 🙏😢 flooding,landslide due to #CarinaPH PRAYING FOR ALL OF YOU THERE.#CarinaPH #Philippines #TyphoonCarina #TyphoonGaemi #typhoon #Markina #CarinaPH #Carina #TyphoonGaemi #Gaemi #BREAKING pic.twitter.com/PbtptNJpQs
— kiran joshi (100% Follow Back) (@kiranjoshi235) July 24, 2024
Шеснаесет члена на екипажот на бродот „МТ тера нова“, под филипинско знаме, беа спасени, а еден се води како исчезнат, изјави секретарот за транспорт, Хаиме Баутиста.
На Тајван вчера беа затворени и училиштата и канцелариите, а откажани беа и сите влезни и појдовни летови. Во главниот град Тајпеј полиците на супермаркетите се празни бидејќи луѓето складираат продукти пред очекуваното зголемување на цените по тајфунот.
Powerful, damaging gusts ripping through Suao now blowing sheets of intense rain. #typhoon #gaemi inching closer to Taiwan pic.twitter.com/8rq6ofhw5x
— James Reynolds (@EarthUncutTV) July 24, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции.
Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да се предаде, но младиот човек одбил, заканувајќи се дека попрво би си го одзел животот одошто да заврши зад решетки.
Во драматичната ситуација, таткото побарал помош од семеен пријател – свештеник за млади, кој воедно е и судски службеник за обезбедување. Свештеникот на крај ја повикал американската полиција, која го привела Робинсон и го држела на безбедно до пристигнувањето на агентите на ФБИ. Младиот човек потоа бил предаден во притвор.
Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.