Свет
(Видео) Тајфун го погоди јужен Тајван: двајца мртви, стотици повредени
Тајфун го погоди јужен Тајван со рекордни ветрови и обилни дождови рано утрово, при што загинаа две лица, а повеќе од 500 беа повредени во редок настан на густо населениот западен брег на островот. Тајван редовно е погоден од тајфуни, но тие обично паѓаат на неговиот планински и ретко населен источен брег во Пацификот.
Бизнисите и училиштата по должината на западниот брег беа затворени бидејќи бурата, со ветрови од речиси 220 километри на час, го зафати југозападниот округ Јунлин откога падна на југозападниот брег на островот доцна во неделата. Според владини бројки, повеќе од 700 дрвја беа соборени во западните градови, а сообраќајните знаци беа искоренети и расфрлани на улиците.
Typhoon Danas just hit Taiwan’s west coast, the strongest since 1958.
I’m sharing a combined footage of powerful winds and widespread destruction caused by Typhoon Danas.
📍Tainan City, Anping District,Taiwan pic.twitter.com/8LveXuIm4P
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 6, 2025
Во јужниот град Тајнан некои електрични столбови се скршија, а дрвената врата од еден голем храм се урна, покажаа снимки од локалната телевизија. Тајфунот оттогаш значително ослабе и се очекува да ја погоди источна Кина подоцна оваа недела.
„Патот на овој тајфун е редок, целиот Тајван ќе биде погоден од ветер и дожд, едно по друго“, напиша претседателот Лаи Чинг-те во објава на „Фејсбук“ повикувајќи ги граѓаните да се подготват.
Струјата е прекината во речиси 700.000 дома, а 300 домашни и меѓународни летови се откажани, според владата. Железничкиот сообраќај север-југ е исто така намален.
Crazy winds happening now in Yongkang District, Tainan
Typhoon Danas is closely approaching Taiwan, bringing strong typhoon-strength winds and heavy rains. pic.twitter.com/0G2fgvrEsL
— RenderNature (@RenderNature) July 6, 2025
Националната противпожарна служба соопшти дека едно лице загинало кога дрво паднало врз него додека возел, а друго починало од дефект на вентилаторот по прекинот на електричната енергија.
Не се пријавени поголеми штети во областа на Научниот парк на Тајнан, каде што се наоѓаат технолошки гигантим како што е TSMC.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Белград се урна напуштен двокатен објект
Дел од напуштен двокатен објект се урна попладнево во Белград и според службите за справување во итни случаи, нема повредени.
Шефот на Одделот за вонредни ситуации, Лука Чаушиќ, изјави дека стар напуштен двокатен објект се урнал на улицата „Џорџ Вашингтон“ во Белград околу 13:30 часот и дека е урнато градежно скеле што било наслонето на објектот.
Тој додаде дека според моментално достапните информации, нема повредени, ниту жртви.
При уривањето уништени се четири возила паркирани пред двоспратниот објект.
Во моментот се уште се врши пребарување на теренот каде се урнал објектот.
Опозициски партии упатија критики до градските власти и побараа оставка од градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.
Свет
Прекинот на струја во Киев го запре железничкиот сообраќај
Прекинот на електричната енергија во Киев го запре железничкиот и метро сообраќајот и ескалаторите низ целиот град, соопштија градските власти на социјалните мрежи.
Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, подземните метро станици сега функционираат како засолништа.
– „Во Киев, како и во многу градови во Украина, имаше итни прекини на електричната енергија. Сообраќајот во метрото беше запрен поради низок напон во електричната мрежа. Подземните метро станици моментално можат да работат само како засолништа, на резервна електрична енергија, соопшти Кличко на Телеграм.
Технички прекини на два далноводи што ги поврзуваат Украина, Молдавија и Романија денеска доведоа до прекин на електричната енергија на украинската мрежа, соопшти украинското Министерство за енергетика и потврди дека во најмалку три региони и главниот град Киев имало итни исклучувања.
Свет
Речиси половина Германци во текот на животот заболуваат од рак
Во текот на животот речиси секој втор граѓанин на Германија заболува од рак, објави денеска државниот имунолошки завод „Роберт Кох“ во Берлин.
– Кај 49 проценти од мажите и 46 проценти од жените во текот на животот се дијагностицира рак, објавено е во редовното издание на Институтот „Роберт Кох“ (РКИ) во пресрет на денот за борба против ракот, 4 февруари.
Според истите податоци, секоја шеста жена и секој седми маж од рак заболуваат пред својата 65-та година.
Според податоците за 2023 година, од околу половина милион дијагностицирани нови случаи на рак, најголемиот број отпаѓа на рак на простата, по што следуваат ракот на дојка, бели дробови и дебело црево.
Истата година од рак починале 230.000 лица.
Истовремено, како што објави РКИ, стапката на смртност на заболените од рак во последните 25 години значително е падната, кај мажите за 30, а кај жените за 20 проценти.
Секоја година во пресрет на Светскиот ден за борба против ракот, РКИ објавува статистики со цел подобра превенција на заболувањата и поттикнување на свеста кај граѓаните.

