Свет
(Видео) Трамп заспа на состанок на кабинетот откога се пофали со својата острина
На почетокот на состанокот на кабинетот во вторник, американскиот претседател Доналд Трамп не ја пропушти можноста повторно да го спомене „Поспаниот Џо“ Бајден. Тој ја увери публиката дека е „попаметен отколку што беше пред 25 години“, отфрлајќи долг напис на „Њујорк тајмс“ минатата недела во кој се вели дека 79-годишниот претседател изгледа забавува за време на неговиот втор мандат.
Трамп му рече на уредничкиот одбор дека е „паметен“, а дека тие „не се паметни“, обвинувајќи ги новинарите дека неправедно известуваат за неговото здравје и издржливост. „Вие сте луди“, додаде тој, објави Си-ен-ен.
This is elder-abuse territory. The Trump family should be held accountable for letting this happen. pic.twitter.com/cbbMMm93qf
— Republicans against Trump (@RpsAgainstTrump) December 2, 2025
Но, во текот на следниот час и половина, Трамп се бореше да ја покаже истата јасност и енергија со која претходно се фалеше. Се чинеше дека води долга и често губитничка битка со попладневниот замор. Дури и додека членовите на неговиот кабинет држеа пофални зборови во негова чест – една од неговите омилени активности – претседателот постојано ги затвораше очите.
Само 15 минути по неговиот остар напад врз медиумите, Трамп се мачеше да остане буден додека министерот за трговија Хауард Лутник го фалеше за неговите трговски војни.
На Трамп му се натежнаа очите додека ги слушаше министерот за домување и урбан развој Скот Тарнер и министерката за земјоделство Брук Ролинс. Борбата стана уште поочигледна за време на говорите на министерот за финансии Скот Бесент, министерката за труд Лори Чавез-Деремер и администраторот на Агенцијата за заштита на животната средина Ли Зелдин.
Додека министерката за образование Линда Мекмахон и министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор се јавија на збор, Трамп изгледаше речиси неподвижен, држејќи ги очите затворени 10 до 15 секунди пред одеднаш да ги отвори или да кимне со главата.
Слична сцена беше повторена за време на говорот на државниот секретар Марко Рубио, во кој беа пофалени напорите на Трамп за прекин на војните. Овој пат, дремењето на Трамп беше уште позабележително бидејќи седеше веднаш до Рубио, а камерите беа фокусирани на двајцата. На крајот од својот монолог, Рубио се пошегува, и ако Трамп ја слушна шегата, не изреагира никако.
Trump's periods of wakefulness during this cabinet meeting are becoming less frequent pic.twitter.com/iz0ARPd47r
— Aaron Rupar (@atrupar) December 2, 2025
Бела куќа: „Тој внимателно слушаше“
Кога беше замолена да коментира за настанот, портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, рече дека Трамп „внимателно слушал и го водеше целиот маратонски состанок на кабинетот“. Таа го пофали за одржувањето на девет состаноци на кабинетот оваа година и за неговиот „извонреден“ одговор за време на сесијата со прашања и одговори, кога ги нападна демократите и сомалиските имигранти.
„На сите овие историски состаноци, претседателот и неговиот неверојатен тим го истакнаа обемниот список на достигнувања што ги направија во име на американскиот народ за повторно да ја направат Америка голема“, рече Ливит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

