Свет
(Видео) Трамп: Ова е прекрасен ден за Флојд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на конференцијата за економското закрепнување на Америка, зборуваше и за протестите по убиството на Џорџ Флојд, кој беше погребан вчера.
„Се надевам дека Џорџ нè гледа од горе и вели: ‘Ова што се случува во нашата земја е прекрасно’. Ова е прекрасен ден за него, прекрасен ден за сите. Ова е прекрасен ден за сите нас кога станува збор за еднаквоста“, рекол Трамп.
Less than 24 hours after George Floyd’s memorial service, Trump called this a “great day” for Floyd and others “in terms of equality.”
Despicable. pic.twitter.com/WD3YPy9t35
— CAP Action (@CAPAction) June 5, 2020
Запрашан од новинарите што точно мисли кога вели дека ова е прекрасен ден за Флојд, Трамп само повторил: „Ова е прекрасен ден“.
Протестите започнаа минатата недела откако полицаец го задуши Афроамериканецот Џорџ Флојд при апсење.
„Еднаква правда по закон мора да значи дека секој Американец добива еднаков третман во секоја средба со полицијата, без оглед на расата, бојата на кожата, полот или верувањето, полицијата мора да постапува со нив фер. Сите видовме што се случи минатата недела, не можеме да дозволиме да се случува тоа“, рекол Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Заради исклучен доток на гориво во моторите се урнал авионот на „Ер Индија“

Прелиминарниот извештај за несреќата на авионот на компанијата „Ер Индија“, во која минатиот месец загинаа 260 лица, покажа дека три секунди по полетувањето, прекинувачите за гориво на моторите се префрлиле од позиција „вклучено“ во позиција „исклучено“, лишувајќи ги моторите од гориво.
Авионот „Боинг 787- Дримлајнер“ веднаш почнал да губи висина, покажува извештајот објавен од индиските истражители на воздухопловни несреќи.
На снимката од пилотската кабина, може да се слушне како еден од пилотите го прашува другиот зошто го исклучил горивото. Вториот пилот одговорил дека не го сторил тоа, се наведува во извештајот. Не е наведено кој го упатил повикот за помош непосредно пред несреќата, пилотот или копилотот.
И двајцата пилоти биле искусни, со вкупно околу 19.000 часа лет, вклучувајќи повеќе од 9.000 часа во „Боинг 787“.
Префрлањето на прекинувачот во позиција „исклучено“ ги запира моторите речиси веднаш.
Свет
Зеленски: Продолжуваат испораките на оружје од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека добил ветување дека Украина ќе добие нови испораки на оружје од САД и европските сојузници, јави ДПА.
-Според сите извештаи, суспендираните испораки на оружје се обновени, рече Зеленски.
ДПА пренесува дека разговорите за продолжување на воената поддршка се планирани за следната недела, меѓу другите, и со американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог.
-Исто така, подготвуваме нови европски пакети за оружје, рече Зеленски, потенцирајќи дека, исто така, очекува „силни чекори во врска со новите санкции против Русија“.
САД минатата недела накратко воведоа делумно запирање на испораките на оружје што веќе беа ветени.
Регион
Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.
„Тие полицајци…не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, изјави Вучиќ.
Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.
Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ.
„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси – одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, додаде Вучиќ.