Свет
(Видео) Универзитетскиот кампус и библиотеката уништени во голем пожар во Кејптаун

Поради огромен пожар во Кејптаун, денеска беа евакуирани три 17-катни згради.
Пожарот избувнал рано наутро во близина на спомен-обележјето на британскиот тајкун и политичар Сесил Родс на Ѓволскиот врв, дел од Кејптаун во подножјето на планината Тејбл, каде е сместен Универзитетот Кејптаун (UCT), еден од најпрестижните универзитети во Африка.
Објектот на универзитетската библиотека е сериозно оштетен, а околу 250 пожарникари се борат против огнот, пренесува Би-би-си.
Пожарот ја зафатил зградата на студентскиот кампус, еден близок ресторан е целосно уништен, а пожарникарите користеле и хеликоптери во акцијата.
Облакот чад од кампусот можел да се види на оддалеченост од неколку километри, а за време на гаснењето на пожарот, еден пожарникар претрпел изгореници и бил пренесен во болница на лекување, објави претходно „Ројтерс“.
Според проценките на противпожарната служба, ќе бидат потребни најмалку три дена за пожарот да се стави под контрола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Украина: Русите го зголемуваат военото присуство во Мариупол

Руските сили продолжуваат да го зголемуваат своето воено присуство во привремено окупираниот град Мариупол. Како што соопшти денеска на Телеграм градскиот совет на Мариупол, во градот веќе се формирани две воени бази.
„Руските окупатори го прошируваат своето воено присуство во Мариупол“, се вели во соопштението.
Според Центарот за проучување на окупацијата, во текот на март и април 2025 година се појавиле две нови воени бази: една во областа Калмиус на северозапад од градот и логистичка база во областа Ливобережњи, во станбената зона „Шхидни“. Втората база, како што се наведува, главно се користи за сместување на персонал и воена опрема.
„На овој начин руските окупатори постепено го зголемуваат своето присуство во Мариупол. Центарот за проучување на окупацијата нагласува дека ова е план за трансформирање на градот во главна и полноправна логистичка и воена база, не само за стоки, туку и за опрема и персонал. Со широка мрежа на паркинзи, бази за поправка и точки на трајно и привремено распоредување на персонал. Ова е олеснето и со развојот на железничките и пристанишните врски што ги спроведуваат окупаторските власти“, се вели во соопштението на градскиот совет на Мариупол.
Свет
Предложен нов план за ставање крај на војната во Газа: „Хамас е подготвен да ја предаде власта“

Висок палестински функционер вклучен во разговорите за прекин на огнот изјави за Би-Би-Си дека Катар и Египет предложиле нов план за ставање крај на војната во Газа. Според изворот, предлогот предвидува прекин на огнот за период од пет до седум години, ослободување на сите израелски заложници во замена за палестинските затвореници, официјален крај на војната и целосно повлекување на израелските сили од Газа.
Наскоро се очекува во Каиро да пристигне висока делегација на Хамас на дополнителни разговори.
Последниот прекин на огнот пропадна пред еден месец, кога Израел повторно почна да ја бомбардира Газа. Двете страни, Израел и Хамас, меѓусебно се обвинуваат за прекршување на договорот. Израел се уште не го коментирал новиот предлог на посредникот.
Хамас во Каиро ќе биде претставен од шефот на политичкиот совет Мохамед Дарвиш и главниот преговарач Калил ал Хаја. Предлогот доаѓа само неколку дена откако Хамас ја одби израелската понуда која вклучуваше разоружување во замена за шестнеделен прекин на огнот.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во саботата изјави дека војната нема да заврши додека Хамас не биде уништен и сите заложници не бидат вратени. Хамас, од друга страна, бара Израел прво да се согласи да ја прекине војната пред да ги ослободи заложниците.
Палестински извор близок до преговорите изјави за Би-би-си дека Хамас е подготвен да ја предаде администрацијата на Газа на друго палестинско тело за кое може да се договори, или на палестинската управа на Западниот брег или на ново владејачко тело. Нетанјаху веќе јасно стави до знаење дека палестинските власти нема да имаат никаква улога во идното управување со Газа, со која владее Хамас од 2007 година.
Иако се уште е рано да се извлечат какви било заклучоци, изворот оценил дека преговорите се сериозни и дека Хамас покажува „невидена флексибилност“.
На 7 октомври 2023 година Хамас изврши напад врз Израел во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, главно цивили, а 251 лице беа земени како заложници во Газа. Израел одговори со голема воена операција во која, според Министерството за здравство под контрола на Хамас, загинаа повеќе од 51.000 Палестинци, главно цивили.
Во меѓувреме, палестинската амбасада во Каиро нареди на својот персонал, кој организираше медицинска евакуација од Газа и влез на хуманитарна помош, да се пресели со своите семејства во египетскиот град Ариш, во близина на границата со Газа.
Свет
Објавено е кога ќе биде погребан папата

Погребот на папата Франциско ќе се одржи во сабота, соопшти Ватикан.
Погребот на папата ќе се одржи во сабота, со почеток во 10 часот, објави Ватикан, пренесуваат медиумите во регионот.
Во соопштението за медиумите се истакнува дека погребната миса на римскиот епископ Франциско ќе се одржи на плоштадот „Свети Петар“.
Ватикан објави дека папата починал од мозочен удар што предизвикал кома и неповратна срцева слабост.
за неговата смрт пристигнуваат од целиот свет. Ватикан објави фотографија од папата Франциск во ковчег.