Контакт

Свет

(Видео) Ураганот Мајкл усмрти најмалку 16 луѓе

Објавено пред

Ураганот Мајкл усмрти најмалку 16 лица во Флорида, повеќето од нив во крајбрежното подрачје, што беше најпогодено, објавија официјалните претставници.

dobivaj vesti na viber

Во Вирџинија, Грузија и Северна Каролина, пак, при налетот на ураганот настрадаа најмалку 10 луѓе. Властите посочија дека ова е најсилниот ураган во изминатите 50 години што го погодил тој дел од САД.

И по една недела од налетот на ураганот, во САД сè уште трае спасувачката акција, екипи трагаат по преживеани. Претставници на службите за итна помош велат дека имало 12 жртви во областа Беј, каде што брзината на ветерот достигнала и до 250 километри на час.

Околу 137 000 жители на Флорида, од Мексиканскиот Залив до Грузија, останаа без електрична енергија, а во меѓувреме службениците успеаја да воспостават само телефонски врски.

Шефот на спасувачкиот тим, Метју Наркети, рече дека очекува бројот на жртвите да расте, објави „Ројтерс“.

„На секој човек со кого контактиравме, следуваат по три лица со кои не успеавме да стапиме во контакт”, рече Наркети и додаде дека со околу 1 135 луѓе, семејствата и пријателите немаат контакт.

Тој рече дека точниот број на исчезнати лица сè уште не е познат.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Медведев за Фон дер Лајен: Се чини дека злобната старица – гинеколог им здосади на сите

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најверојатно ќе остане на функцијата, иако непријатен впечаток остави приказната за набавката на вакцината „Фајзер“ за време на пандемијата, според заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

dobivaj vesti na viber

„Се чини дека злобната старица – гинеколог им здосади на сите. Покрај тоа, беше откриено дека си ги извалкала рацете и учествувала во манипулации со набавката на вакцините на „Фајзер“ за време на пандемијата“, изјави Медведев.

„Не е познато што, и во какви количини добила, секако остави непријатен впечаток. Ова започна непријатен процес за неа. Уште оваа недела, за судбината на Урсула ќе одлучува бесмислениот и немилосрден Европски парламент. Ситуацијата е нејасна. Многу е веројатно дека оваа токсична жена сепак ќе ја задржи својата позиција“, напиша тој на својот Телеграм канал.

Во понеделникот, Европскиот парламент на својата седница во Стразбур ќе разгледа гласање за недоверба на претседателката на Европската комисија поради сериозни неправилности во набавката на вакцини за време на пандемијата на коронавирусот, пренесуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Регион

Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Објавено пред

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.

dobivaj vesti na viber

Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.

Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.

Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Во август ќе воведеме царини од 25 проценти за Јапонија и Јужна Кореја

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека, почнувајќи од 1 август, ќе бидат воведени царини од 25 проценти за стоки од Јапонија и Јужна Кореја, објави денес Блумберг.

dobivaj vesti na viber

Царините за Јапонија и Јужна Кореја, објавени на Твитер платформата на Трамп, се во голема мера во согласност со она што тој претходно го најави за воведувањето царини за тие две земји, анализираат медиумите.

По 90-дневно одложување на таканаречените реципрочни царини, кои првично ја погодија Јапонија со стапка од 24 проценти и Јужна Кореја со стапка од 25 проценти, Трамп ги намали тие царини на десет проценти, за да се овозможи време за преговори.

Во своите писма, Трамп ги предупреди земјите против воведувањето реципрочни мерки, велејќи дека во тој случај САД ќе одговорат со воведување нови царини.

„Ако од која било причина одлучите да ги зголемите царинските давачки, тогаш бројот за кој ќе ги зголемите ќе се додаде на 25-те проценти што ги наплаќаме“, рече Трамп, според Танјуг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

(Видео) „Зошто досега не се употребени хермелините“, прашува градоначалникот на Чучер Сандево, општината прогласи вонредна состојба

Општината Чучер Сандево прогласи вонредна состојба поради пожарите, објави градоначалникот појаснувајќи дека одлуката била донесена на денешната седница на општината....

Македонија2 часа

Чад се шири од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора, Ангелов смирува: Нема опасност за куќите во Чучер

Големи облаци чад се шират од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора. Забележливи се и од градските улици...

Македонија4 часа

Поради пожар, целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи известува дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот...

Македонија7 часа

(Видео) Хеликоптерите на МВР со над 70 тони вода го гаснеа пожарот кај Блаце

Во рамките на денешните активности полициските службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при Министерството за внатрешни работи активно учествуваа...

Македонија8 часа

Изгорено човечко тело пронајдено во Ѓорче Петров – прва жртва од пожарите во Скопско

Човечко тело било пронајдено изгорено во помошна просторија по пожарот што вчера избувна кај мостот на реката Лепенец, во близина...

Македонија8 часа

(Видео) На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите....

Македонија9 часа

Владата со бесплатни инвитро-процедури и даночни олеснувања во борба против падот на наталитетот

Пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека Македонија повеќе од една деценија се соочува со сериозна фертилитетна рецесија и ја...

Македонија11 часа

Апелот на Министерството за здравство да не се снимаат пациентите од дискотеката во Кочани е загрижувачки, смета Хелсиншкиот комитет

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост поради апелот на Министерството за здравство до медиумите да не ги фотографираат...

Македонија11 часа

Кирков: Поморот во куќата на стравот продолжува – во Скопје ЗОО починаа уште две лами

„Нашата, скопската Зоолошка, е една хорор-приказна изминативе 3,5 години, ја нареков куќата на стравот со цел некоја ‘умна’ глава преземе...

Македонија13 часа

(Видео) Два полициски хеликоптера го гаснат пожарот во околината на Блаце

Денеска, од 5 часот, полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за...

Европа13 часа

(Видео/фото) Масивен руски напад со дронови врз Киев, Харков и Одеса

Руските сили ја нападнаа Украина со беспилотни летала од типот „Шахед“, при што најтешко се погодени Харков, Одеса и Киев,...

Македонија13 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот кај Блаце делумно под контрола

Рано утрово по 5 часот e започнато со гасење на големиот пожар на отворен простор, којшто вчера во попладневните часови...

Свет13 часа

Татко загина спасувајќи го семејството во Тексас: катастрофалните поплави одзедоа најмалку 80 животи

Катастрофалната поплава што го погоди југоисточен Тексас одзеде најмалку 80 животи, вклучувајќи 21 дете, соопштија локалните власти. Обилните дождови што...

Македонија14 часа

(Видео) Три хеликоптери го гаснат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата...

Свет14 часа

Трамп: Испраќаме писма за царините до сите земји

САД ќе почнат да испраќаат писма до своите трговски партнери за нови договори и тарифи почнувајќи од денес, изјави американскиот...

Свет15 часа

Трамп: Тажно е да се гледа како Илон целосно ја губи контролата

Американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече плановите на Илон Маск за основање нова политичка партија „смешни“ и додаде дека Соединетите...

Свет15 часа

(Видео) 80 мртви во поплавите во САД, меѓу нив и 28 деца: потрагата по исчезнатите продолжува

Бројот на жртви од катастрофалните поплави што го погодија централниот дел од Тексас рано утрово се искачи на најмалку 80,...

Македонија16 часа

(Видео) Ангелов: Mожна причина за пожарот кај Блаце е фрлено догорче од цигара од возило во движење или намерно потпалување

Два полициски хеликоптера, еден армиски хеликоптер, еден Хермелин со цистерна на ДЗС, еден Пинцгауер на ДЗС и едно теренско возило...

Македонија16 часа

Пожарот зафати само надворешен дел од дворот на Психијатриската болница во Бардовци, нема причина за загриженост, велат од Министерството за здравство

По пожарот што вчера зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја...

Македонија16 часа

(Видео) Во седум налети хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода

Вчера полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК за преземање...