Свет
(Видео) Филмска приказна од Флорида – два часа лебдел на троседот додека беснееше ураганот
Граѓанин на Флорида на необичен начин го преживеа разорниот ураган Ијан – лебдејќи на кревет!
Среќниот човек кој излегол жив со својата снаодливост се вика Дејвид Дин. Тој својата „авантура“ ја раскажа за „Sky News“.
Дејвид вели дека живее во еднокатна куќа и дека набрзо се нашол во животно загрозувачка ситуација.
WATCH: US Florida man survives HurricaneIan by floating on a sofa for two-and-a-half hours. Fort Myers resident David Dean describes how he floated on his sofa next to the blades of his ceiling fan as Hurricane Ian filled his home with flood water. #Environment #US #HurricaneIan pic.twitter.com/FrE4wg3t3p
— BNN United States (@BNNUSANews) October 3, 2022
„Во ваква ситуација се најдов околу три или четири часот попладне, лебдам на креветот со главата веднаш над вентилаторите на таванот, само половина метар под таванот. Плачев за воздух“ – вели Дејвид.
Тој додаде дека температурата на водата во која поминал повеќе од два часа била многу ниска и дека цело време се тресел.
Во ураганот Ијан загинаа повеќе од 80 луѓе, а материјалната штета надмина десетици милијарди долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Ужасни детали од трагедијата во Тузла: Пожарот го зафати катот со лицата со попреченост, се задушија
Десет лица загинаа во трагичен пожар што избувна во дом за стари лица во Тузла. Пожарот се прошири на седмиот кат од зградата каде што беа сместени жителите со попреченост во домот, објавува Кликс.ба.
Жителите со попреченост не можеа да избегаат
Според неофицијални информации, смртта на жртвите најверојатно се случила поради задушување. Големиот пожар се проширил на седмиот кат од зградата на домот за стари лица, каде што се наоѓале станови со лица со попреченост.
Петмина хоспитализирани, двајца во критична состојба
Според официјалните податоци од Универзитетскиот клинички центар во Тузла, пет лица се хоспитализирани по пожарот, а две од нив се на одделението за интензивна нега.
Кантоналната полиција извести дека пожарот е ставен под контрола во 22 часот. Точната причина за пожарот ќе се утврди со истрага.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Трагедија во Тузла: 10 луѓе загинаа во дом за стари лица
Најмалку десет лица загинаа во катастрофален пожар што избувна вчера вечер во дом за стари лица во Тузла. Најмалку пет лица беа примени во болница во Тузла во текот на вечерта.
Пожарот се проширил на седмиот кат од зградата каде што биле сместени лицата со попреченост во Домот за стари лица, пренесува Кликс.
Според неофицијални информации, жртвите најверојатно починале од задушување.
Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон потврди дека сите расположиви екипи се испратени на местото на настанот. Пожарникарите сè уште го гаснат пожарот. Тој беше локализиран околу 22 часот, потврди Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон.
Лекарите ги лекуваат повредените. Меѓу примените во Универзитетскиот клинички центар во Тузла, повеќето се оние кои биле отруени со јаглерод моноксид.
Амбулантни возила постојано пристигнуваа во болницата.
Причината за пожарот сè уште не е позната.
Пожарот избувнал на еден од катовите што се наоѓа на горниот дел од зградата, што го отежнало гаснењето на пожарот.
Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла ги предупреди граѓаните да не се приближуваат до зградата, да дозволат премин и работа на екипите за итни случаи и да ги следат упатствата на полициските службеници на терен.
Пожарникарите од Јавната противпожарна служба на Тузла се на местото на настанот, а повикани се и екипи од Сребреник, Живинице, Лукавац и Калесија. Испратени се и служби за итни случаи од неколку општини во кантонот Тузла.
фото: принтскрин
Свет
Трамп: Секој Евреин што ќе гласа за Мамдани е глупав човек
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Евреите во Њујорк да не гласаат за кандидатот на левото крило на Демократската партија, Зохран Мамдани, нарекувајќи го „докажан мразител на Евреите“.
„Секој Евреин што ќе гласа за Зохран Мамдани е глупaв човек!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, обвинувајќи го 34-годишниот кандидат дека „ги мрази Евреите“. Мамдани, муслимански демократски социјалист роден во Уганда, е познат поддржувач на палестинската кауза и застапник на кампањата за бојкот и санкции против Израел.
Во обид да ги смири реакциите, Мамдани во последните месеци јавно се изјаснува против антисемитизмот. Тој води во анкетите со 41 отсто поддршка, пред поранешниот гувернер Ендру Куомо, кој има 34 отсто и ја има поддршката на Трамп.
Трамп претходно се закани дека ќе му ги ускрати федералните средства на Њујорк ако Мамдани победи на изборите за градоначалник.

