Свет
(Видео) Француската полиција растури протестен камп со 450 мигранти во центарот на Париз
Полицијата во Париз расчисти привремен камп за мигранти поставен среде главниот град на Франција во судир со демонстрантите што се залагаат за миграција. Демонстрантите велат дека мигрантите го поставиле кампот да побараат сместување, пренесува РТ.
Во понеделникот на „Плас дела републик“ во центарот на Париз се појавија редици со идентични шатори. Кампот беше организиран од „Утопија 56“, група за застапување мигранти, кои велат дека околу 450 мигранти во логорот останале без покрив над главата кога минатата недела полицијата истера 2.000 мигранти од паторскиот град во предградието Сен Дени.
?Installation en cours d’un camp de #migrants sur la Place de la République à Paris. Plusieurs organisations sont présentes.#Paris #Refugees #France pic.twitter.com/SxKTZNAUYT
— Charles Baudry (@CharlesBaudry) November 23, 2020
Интервентната полиција набргу пристигнала на местото и почнала со растурање на кампот.
Les gendarmes arrivent sur la place de la République. pic.twitter.com/UEXwyYerTh
— Remy Buisine (@RemyBuisine) November 23, 2020
Расчистувањето не помина без проблеми. Оние што одбија да заминат ги нападнаа полицајците, а демонстрантите што дојдоа меѓу полицијата и шаторите беа пречекани со палки и штитови. На местото биле присутни и некои членови на советот на Париз и се обиделе да го запрат расчистувањето.
„Утопија 56“ побара од француската влада да обезбеди 1.000 места за итно сместување на бездомните мигранти и ја повика државата да воспостави систем за постојан прием за да се примат повеќе мигранти во земјата.
PARIS – Intervention des gendarmes pour avancer dans le camp : quelques tensions. pic.twitter.com/aR1jKkWbeC
— Clément Lanot (@ClementLanot) November 23, 2020
Вкупниот број нелегални мигранти што живеат во Париз е непознат. Група за заштита на правата на мигрантите минатата година процени дека 2.000 спијат на улиците на француската престолнина, а владиниот извештај од 2018 година тврдеше дека помеѓу 150.000 и 400.000 живеат како бездомници или во сместување само во приградскиот регион Сен-Сан Дени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Свет
„Секој пилот имал име на човек што треба да го убие“ – како се одвивдала ликвидацијата на ајатолахот Хамнеи
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја покрене операцијата против Иран, во координација со Израел, следела по недели дипломатски притисоци и интензивна разузнавачка подготовка, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на официјални и регионални извори.
Според израелскиот „Џерусалем пост“, месеците собирање разузнавачки податоци резултирале со детална листа на цели, вклучувајќи локации на клучни ирански команданти и високи функционери. Во подготовките учествувале израелските и американските служби, при што биле разменувани информации на повеќе нивоа.
Како што наведува медиумот, во првиот бран учествувале околу 200 авиони, а „секој пилот и екипаж добил прецизно дефинирани цели, со утврдена рута и време на извршување“. Нападите биле насочени кон командни центри и оперативни простории поврзани со иранските безбедносни структури.
Околу два часа по почетните удари, Иран возвратил со напади врз цели поврзани со САД во Заливот и со ракетирање кон Израел. Во тој момент, според наводите, ајатолахот Али Хамнеи веќе бил убиен.
Во анализата, „Џерусалем пост“ го опишува Хамнеи како идеолошки тврд лидер кој во текот на своето долгогодишно владеење ја зацврстил улогата на Иран преку поддршка на сојузници како Хезболах и Хамас, како и преку развој на безбедносната и нуклеарната инфраструктура.
Текстот заклучува дека неговото наследство ќе биде клучен фактор за идниот правец на Иран, додека останува отворено прашањето како ќе постапат неговите наследници.
Свет
Илјадници летови откажани поради ескалацијата на Блискиот Исток
Илјадници летови беа откажани викендов на Блискиот Исток и во Заливот откако повеќе држави го затворија својот воздушен простор по нападите на САД и Израел врз Иран.
Бахреин, Иран, Ирак, Израел, Јордан, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати најавија целосно или делумно затворање на небото, што доведе до масовни откажувања и пренасочувања на летови и десетици илјади заглавени патници.
Според аналитичката компанија „Цириум“, во саботата биле откажани 966 од 4.218 планирани летови (22,9%), а во неделата уште 716. Платформата „ФлајтАвејр“ објави дека глобално биле одложени повеќе од 19.000 летови и откажани над 2.600.
Клучните аеродроми во Дубаи, Абу Даби и Доха привремено ги прекинаа операциите. Емиратес ги стопираше летовите од и кон Дубаи, додека „Катар ервејс“ чека одлука од властите за повторно отворање на воздушниот простор.
Иран изведе напади врз Израел и заливските држави во кои има американски бази. Пријавени се инциденти и на аеродроми во ОАЕ и Кувајт, со информации за повредени и загинати лица.
Бројни светски авиокомпании – меѓу нив „Виз ер“, „Туркиш ерлајнс“, „Ер Франс“, „Бритиш ервејс“, „Луфтханза“, „Финаир“ и други – ги суспендираа летовите кон повеќе дестинации во регионот.
Експертите предупредуваат дека нарушувањата може да продолжат, што ќе значи дополнителни доцнења, повисоки трошоци и можно поскапување на билетите. Патниците се повикани редовно да го проверуваат статусот на летот пред да заминат на аеродром.
Фото: flightradar24

