Свет
(Видео) „Хамас убиваше со часови без отпор“, репортажа на АФП за масакрот на фестивалот
Ошер и Мајкл Вакнин сакаа да ги прослават пријателството, љубовта и слободата. Близнаците, на возраст од триесет години, „правеа забави во Израел и секогаш беа среќни деца“, рече сестра им. Нивната последна забава се претвори во страшна трагедија. Тие беа нападнати од Хамас.
Фестивалот почна во петокот, со речиси 3.500 љубители на електронската музика од Израел и странство, собрани под светли обоени натстрешници на настанот „Супернова“, на само пет километри од границата со Газа. Три бини, диџеи од целиот свет, кампување, барови. Сè беше подготвено за танцов викенд во пустината Негев, пишува АФП во извештајот за масакрот што го одбележа бруталниот напад на Хамас врз Израел.
Moments before Palestinians terrorists (paragliders) wrecked havoc on a 3000+ crowd at a music festival & massacred nearly 300, injured 1500 https://t.co/xHciIVvRqn
— Stone W (@StoneWaimea) October 9, 2023
Но, во мугрите на 7 октомври музиката нагло беше прекината. Беше околу 6.30 часот наутро. Оддалеку се слушаше бучава, која не е поврзана со забавата. „Луѓе, црвен аларм“, предупреди разгласот. Искри на небото, проследено со експлозија на ракети пресретнати од „Железната купола“, израелскиот систем за противвоздушна одбрана. Ова беа првите показатели за ужасот што следуваше.
Ефрем Мордечаев е 23-годишен војник, кој дошол да се забавува за викенд. Отпрвин не го разбравме обемот на настаните, изјави Мордечаев за АФП во својот стан во северниот град Ор Акива. На раката сè уште ја носеше фестивалската белезица.
„Бевме мирни, навикнавме на ракети истрелани од Газа“, додаде тој. Младиот човек и неговите пријатели почнале да си одат, но набргу сфатиле дека нешто многу поголемо се случува околу нив. Се појави толпа вооружени напаѓачи, кои пристигнаа пеш, со мотори или од воздух.
„Некој е на десет-дваесет метри од вас со оружје и се обидува да ве убие“, опиша тој.
Напаѓачите ги убиле сите што им се наоѓале на патот. Чуварите и полициските службеници на местото на настанот бргу биле совладани. Сите се бореа да преживеат, некои трчаа кон блиските ниви, а други се обидуваа да стигнат до возилата на фестивалските паркинзи.
Вознемирувачко видео од автомобилот од фиксната камера на шофершајбната покажува обид за бегство на еден учесник на фестивалот. По нешто повеќе од 15 секунди од снимката, човекот е пречекан од првиот милитант на Хамас, кој почнува да пука во автомобилот. Изгледа дека возачот некако успеал да ги избегне куршумите, но набргу пред неговиот автомобил се појавуваат нови терористи и му немало спас.
Набргу настанал сообраќаен метеж. „Погледнав назад и видов дека во автомобилот зад мене има три тела, а стаклата на сите автомобили се скршени“, изјави Мордечаев. Имаше само две опции: да се скриеш или да трчаш кон околните полиња. Младиот војник го избра второто.
Трчал од грмушка до грмушка, преплашен, додека не го собрал веќе натоварен автомобил. Но, патот 232, единствениот излез од страдањата и смртта, не бил многу побезбеден. Патот оди паралелно со границата меѓу Израел и Појасот Газа поврзувајќи го соседниот кибуц Реим со градот Сдерот, на 30-ина километри северно.
Друга посетителка на фестивалот, Гили Јоскович, решила да го остави своето возило и да трча кон напуштените полиња, каде што речиси и да немало засолниште. Младата жена забележала мал овоштарник и истрчала да се засолни, а напаѓачите ја следеле. И други се обидуваа да се скријат.
Некои со часови биле зад автомобилот или избегале кога се приближиле напаѓачите. Други лежеа меѓу мртвите надевајќи се дека ќе преживеат.
Три часа по почетокот на нападот, Хамас го продолжи колењето, без да наиде на отпор. Надзорните снимки од 9.23 часот покажуваат човек во црна капа и панцир како води заложник облечен во крвава маица.
Во заднината ненадејно се помрдна млад човек, кој се преправал дека е мртов. Изгледа мислеше дека може да почне да бега. Но, тој не го видел напаѓачот како доаѓа зад него. Тој беше убиен од непосредна близина. Неколку преживеани изјавија за медиумите дека чекале шест-седум часа пред да бидат спасени од израелската армија.
Кога пристигнале првите спасувачи, биле преплашени од обемот на масакрот: загинале околу 270 луѓе, а на патиштата имало десетици изгорени возила. Вреќи за спиење, душеци, чевли и ладилници беа расфрлани на земјата.
„Имаше по едно, две или три тела во секој автомобил“, изјави за АФП, Моти Букјин, израелски волонтер, кој ги извлекува мртвите. „Некои автомобили изгореа со луѓето внатре“, додаде тој. Неколку дена по масакрот, мртви сè уште се наоѓаат, а вознемиреноста ги глода семејствата додека трагаат по исчезнатите.
Се верува дека десетици се киднапирани и земени како заложници во Газа, која сега е цел на интензивно бомбардирање на израелските сили. Ахува Мајзел последен пат се слушнала со својата 21-годишна ќерка Ади еден час по изгрејсонцето.
„Беспомошни сме, потполно сме беспомошни како родители“, рекла Мејзел чекајќи вести за своето дете. Семејството на Мајкл Вакнин се прашува дали тој е жив меѓу затворениците. Неговата сестра Ауса сака да верува дека е жив, но не слушнала ништо за него од нападот.
Сведоците го виделе нивниот брат Ошер како излегува од автомобилот и се обидува да ги спаси луѓето во хаосот. Неговата вдовица Сани Вакнин рече дека умрел како херој. Тој беше погребан во вторникот во Ерусалим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така
Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со Иран и најави можни нови загуби.
„За жал, веројатно ќе има повеќе пред крајот. Тоа е така“, рече Трамп во видео објавено на неговата социјална мрежа Truth Social.
„Америка ќе се одмазди за нивната смрт и ќе им нанесе најтежок удар на терористите кои објавија војна, во основа, на цивилизацијата“, додаде тој во видео порака на социјалните мрежи.
President Donald J. Trump provides an update on Operation Epic Fury: pic.twitter.com/Vte8QKpISn
— The White House (@WhiteHouse) March 1, 2026
За потсетување, тројца американски војници беа убиени, а петмина беа тешко ранети, објави американската војска, зборувајќи за првите жртви во операциите против Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп во нова видео порака изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран се „точни“ и „неопходни“ со цел да се елиминира „крволочниот терористички режим вооружен со нуклеарно оружје“.
„Овие неподносливи закани нема да продолжат“, рече Трамп.
Трамп рече дека САД спроведуваат „масовна операција, не само за да ја обезбедат безбедноста на нашето време и место, туку и на нашите деца и нивните деца“. Тој нагласи дека ова е „должност и товар на слободниот народ“.
Свет
(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците
Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти, изјави премиерот Кир Стармер во неделата навечер, нагласувајќи дека Лондон „нема да учествува во офанзивни акции против Иран“.
„Се сеќаваме на сите грешки направени во Ирак и научивме од нив“, рече британскиот премиер во видео објавено на Икс. „Не бевме вклучени во првичните напади врз Иран… и нема да им се придружиме сега“.
My update on the situation in the Middle East. pic.twitter.com/DvsOVcTDMy
— Keir Starmer (@Keir_Starmer) March 1, 2026
Сепак, Иран сега „спроведува стратегија на изгорена земја, а Велика Британија ја поддржува колективната самоодбрана на нашите сојузници и нашите луѓе во регионот“.
Стармер рече дека неговата земја затоа го прифатила барањето на САД за користење на британските бази за одбранбени напади против иранските ракетни складишта или лансери.
„Соединетите Американски Држави побараа дозвола за користење на британските бази за оваа специфична и ограничена одбранбена цел. Одлучивме да го прифатиме барањето за да го спречиме Иран да испукува ракети низ регионот“, рече Стармер.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Фото: Депозитфотос

