Свет
(Видео) Хаос во судница во Флорида, обвинетиот го нокаутира својот адвокат

Судијата Роберт Банинг го осуди Џозеф Цилер за убиство и силување на 11-годишната Робин Корнел и на нејзината дадилка Лиза Стори (32) во Кејп Корал во 1990 година.
Цилер доби по две смртни казни за секоја од жртвите по што настана хаос во судницата, пишува Fox4now.
Convicted double-murderer Joseph Zieler elbows his attorney in the face ahead of his sentencing Monday. He was quickly tackled to the ground by bailiffs. pic.twitter.com/vkMmPXZbka
— Gage Goulding – NBC2 (@GageGoulding) June 26, 2023
Пред изрекувањето на пресудата Цилер се врати на суд со надеж дека ќе биде прифатено неговото барање за ново судење. Судијата го одби барањето.
Потоа тој со лакот го удри адвокатот во лицето. Веднаш по инцидентот чуварите го соборија.
„Изгледаше дека не сакаше микрофоните да го снимаат нашиот разговор поради што мавташе со лакотот, а јас се наведнав и го примив ударот. Чуварите веднаш реагираа и ја елиминираа заканата“, изјави адвокатот.
Семејствата на жртвите рекоа дека нивните животи не биле исти откако се случиле страшните убиства.
Џен Корнел, мајката на Робин, вели дека мора да се бори за правда за својата ќерка и за пријателката многу години по грозоморното злосторство. Имено, напредокот во науката за ДНК доведе до идентификација на убиецот 26 години по убиствата и силувањата.
„Не бев таму таа вечер за да ги спасам или барем да им помогнам да избегаат. Требаше да бидам нивниот глас на ова судење и не сакав да ги изневерам“, вели Корнел.
Во понеделникот, 33 години подоцна, по долгогодишна болка, страдање и составување делови од приказната за да се открие што се случило тоа утро во 90-тите, човекот одговорен за двојното убиство, конечно, беше казнет.
„Судот заклучи дека според законите на државата Флорида, обвинетиот го загубил правото на живот“, изјави судијата Роберт Бранинг при објавувањето на пресудата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Затворската казна за Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал

Затворската казна изречена на поранешниот француски претседател Никола Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал, додека лидерката на крајната десница Марин Ле Пен се подготвува да се обиде да ја поништи пресудата за проневера и да се кандидира за претседател во 2027 година, објави Ројтерс.
Парискиот суд ја шокираше политичката сцена во четвртокот кога на Саркози му изрече казна затвор од пет години затвор за криминален заговор во врска со обидот за собирање средства за кампања во Либија, објави агенцијата.
Саркози ќе биде и првиот претседател на Франција по Втората светска војна, кој ќе биде затворен.
Свет
Зеленски ќе возврати ако Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина

Претставници на украинската Влада ќе ги посетат Соединетите Американски Држави кон крајот на септември или октомври за разговори за прашања, како што се економијата и оружјето, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинскиот претседател беше во САД оваа недела, каде учествуваше на Генералното собрание на Обединетите нации и се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој рече дека споделил со Трамп „одредена визија за тоа што може да се направи“ како одговор на руските дејствија. Зеленски вети дека ќе возврати доколку Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина.
Свет
Најголемата воена база во Данска ја надлетуваат неидентификувани беспилотни летала

Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција.
– Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската полиција.
Изминатите денови дронови надлетуваа над цивилни и воени објекти, поради што привремено беше затворен воздушниот простор на Данска.
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен претходните инциденти со нарушувањето на воздушниот простор ги поврза со наводни руски активности со дронови низ Европа, но не понуди докази. Москва ги негираше обвинувањата.