Свет
(Видео) Хаос на улиците во Портланд, судир помеѓу полицијата и демонстрантите

Насилни протести избувнаа во неколку американски градови од солидарност со градот Портланд, каде што пристигнаа федералните безбедносни сили.
И покрај спротивставувањето на локалните власти, силите интервенираа по наредба на претседателот Доналд Трамп, кој го стави одржувањето на законот и редот во центарот на неговата кампања за претседателските избори во ноември, пренесува Радио Слободна Европа.
Демонстрациите се здобија со нова енергија со насилните судири во Портланд по контроверзната одлука на Трамп да испрати федерални агенти во тој град за заштита на владините згради, јавува Би-би-си.
Федералните сили во необележани возила насилно ги избркаа демонстрантите од улиците, а за таа цел користеле солзавец и бесмртоносна муниција против демонстрантите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Хамас предаде уште две тела на заложници, израелската армија идентификуваше едно

Израелските одбранбени сили (ИДФ) го идентификуваа телото на еден од заложниците вратени од Хамас како дел од договорот за прекин на огнот.
Веста доаѓа откако Израел во вчера вечерта ги презеде останките на уште двајца заложници од Црвениот крст, додека расте притисокот врз Хамас да го забрза предавањето на преостанатите починати Израелци, објавува „Скај њуз“.
ИДФ во соопштението изјави дека го информирале семејството на Ронен Томи Енгел дека неговото тело е вратено за погреб, откако е завршен процесот на идентификација во Националниот институт за судска медицина.
„Ронен Томи Енгел беше убиен од терористи на Хамас на 7 октомври 2023 година, кога излегол да го брани своето семејство од терористи, а неговото тело беше однесено во Појасот Газа. Ронен, на 54 години во времето на неговата смрт, беше киднапиран од неговиот дом во Нир Оз“, се вели во соопштението.
🟡IDF representatives informed the family of Ronen Tommy Engel that he had been returned for burial.
Ronen Tommy Engel was killed by Hamas terrorists on October 7th, 2023, when he went out to defend his family from terrorists, and his body was taken into Gaza. Ronen, 54 years… pic.twitter.com/RPes6Lyfky
— Israel Defense Forces (@IDF) October 19, 2025
„Тој беше прогласен за мртов на 1 декември 2023 година. Неговата сопруга, Карина, и неговите две ќерки, Мика и Јувал, исто така беа киднапирани и вратени како дел од договорот за ослободување на заложниците во ноември 2023 година.“
Тензии околу преминот Рафа
Предавањето на телата се случи во услови на зголемени тензии околу затворањето на граничниот премин Рафа помеѓу Газа и Египет. Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави во саботата навечер дека преминот ќе остане затворен „до понатамошно известување“, бидејќи рокот за Хамас да ги врати телата на заложниците е истечен.
Нетанјаху предупреди дека повторното отворање на преминот зависи од тоа дали Хамас ќе го исполни својот дел од договорот и ќе ги врати останките на сите 28 починати заложници. Со последното предавање, бројот на вратени тела се искачи на 12, оставајќи уште 16. Според договорот, сите 28 тела требаше да бидат предадени до минатиот понеделник.
Кревко примирје
Враќањето на останките, заедно со испораката на хуманитарна помош во Газа и прашањето за иднината на опустошената територија, е една од клучните точки во процесот на прекин на огнот што треба да ја заврши двегодишната војна.
Целосното отворање на преминот Рафа би им овозможило на жителите на Газа да побараат медицинска помош, да патуваат во странство или да ги посетуваат семејствата во Египет. Сепак, останува нејасно кој ќе управува со тешко оштетената страна од преминот по завршувањето на војната.
фото: принтскрин
Свет
Израел денеска ги врати телата на 15 Палестинци во Газа

Израел денеска ги врати телата на 15 Палестинци во Газа, со што вкупниот број на вратени лица се искачи на 135, соопшти денеска Министерството за здравство на Појасот управуван од Хамас.
Според договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп, Израел требаше да ги врати телата на 15 Палестинци за секој вратен починат израелски заложник, објави „Тајмс оф Израел“.
Претходно денеска, канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Хамас мора да го почитува договорот и да ги врати останките од преостанатите 18 убиени заложници кои сè уште се наоѓаат во Појасот Газа.
Израелската војска (ИДФ) претходно го информираше семејството на убиениот Елијаху Маргалит дека Хамас го вратил неговото тело во Израел синоќа.
ИДФ соопшти дека, според разузнавачките информации, Елијаху (75) бил убиен на 7 октомври 2023 година, а неговото тело подоцна било однесено во Појасот Газа од кибуцот Нир Оз.
Смртта на Елијаху Маргалит беше потврдена од израелската војска во декември 2023 година.
Свет
Милиони Американци би можеле да останат без купони за храна

Околу 42 милиони Американци би можеле да останат без купони за храна во ноември поради тековниот прекин на работата на федералната влада, предупреди министерката за земјоделство Брук Ролинс.
Програмата за дополнителна помош во исхраната (SNAP), позната и како купони за храна, е дел од клучната национална мрежа за безбедност на храната и обезбедува просечен месечен надомест од 188 долари по лице, пишува Си-Ен-Ен.
Ролинс рече дека средствата за програмата ќе бидат исцрпени во рок од две недели и ги обвини демократите за блокадата на финансирањето.