Свет
(Видео) Хилари Клинтон се насмеа за време на говорот на Трамп, снимката стана вирална
На својата инаугурација, Доналд Трамп ги наведе сите одлуки што ги потпишал на првиот ден од неговиот нов претседателски мандат. Сите го слушаа внимателно, а една одлука особено ја насмеа поранешната прва дама и поранешна шефица на дипломатијата во администрацијата на Обама, Хилари Клинтон.
Hillary Clinton seen laughing when Trump announces 'Gulf of America' rename pic.twitter.com/OS93IQi7uj
— New York Post (@nypost) January 20, 2025
Имено, меѓу првите извршни наредби на Трамп беше и онаа која му нареди на секретарот за внатрешни работи да го смени името на Мексиканскиот залив во Заливот на Америка. Кога Хилари го слушна тоа почна да се смее.
Hillary Clinton laughing at Donald Trump babbling about wanting to rename the Gulf of Mexico to the Gulf of America is every sane person's response.
🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣 pic.twitter.com/vIeMUeoUMi
— Art Candee 🍿🥤 (@ArtCandee) January 20, 2025
Снимката од нејзината реакција на изјавата на Трамп нашироко се споделува на социјалните мрежи.
Hillary: 😂😂
Bill: Stop laughing
Hillary: 😂😂😂😂😂— Leslie Motta (@LeslieM0tta) January 20, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ЕУ забранува уништување на непродадена облека и обувки
Европската комисија денеска усвои мерки со кои се спречува уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки, со цел да се поттикне рециклирањето и да се намалат штетите врз животната средина.
„Ова е уште еден чекор во промовирањето на кружната економија низ целата Европска Унија“, соопшти Комисијата.
Забраната за уништување на непродадена облека и обувки ќе биде задолжителна за големите компании од 19 јули оваа година, а за средните претпријатија од 2030 година.
Дополнително, постојните обврски за известување на големите компании за непродадената облека што се прогласува за отпад ќе се прошират и на средните компании до 2030 година.
Се проценува дека секоја година во Европа меѓу 4 и 9 проценти од непродадените текстилни производи се уништуваат пред воопшто да бидат облечени. Овој отпад создава околу 5,6 милиони тони емисии на CO₂, што е речиси еднакво на вкупните нето-емисии на Шведска во 2021 година.
Со Регулативата за еколошки дизајн на одржливи производи, која стапи во сила во јули 2024 година, се настојува значително да се подобри одржливоста на производите што се пласираат на пазарот на ЕУ, преку зголемување на нивната кружност, енергетска ефикасност, можност за рециклирање и трајност.
Со неа се бара од компаниите да објавуваат информации за непродадените производи за широка потрошувачка што ги отфрлаат како отпад. Исто така, се воведува забрана за уништување на непродадена облека, додатоци и обувки.
Свет
Провалил во куќа во Германија, си зготвил вечера и се капел во када, полицијата го привела
Полицијата во Германија добила пријава за провала, а на местото затекнала гол маж кој си подготвил вечера и се капел во кадата.
Провалникот си зготвил оброк и се искапалeл во куќа во која провалил, на балтичкиот остров Риген, соопшти германската полиција.
Соседот во неделата навечер ја алармирал полицијата во градот Ломе, откако забележал дека светлата се вклучени во неколку простории.
Од дворот, полицајците забележале маж како седи во кадата на горниот кат. Кога ги забележал, наводно излегол од бањата.
Полицијата го затекнала гол во куќата. За 25-годишникот е соопштено дека се однесувал агресивно и пружал отпор.
Тој бил приведен, а криминалистичката полиција обезбедила докази на местото на настанот.
Свет
Документите за Епстин ја разнишаа британската политичка сцена, Стармер под притисок
Британскиот премиер Кир Стармер се соочува со силен политички притисок поради одлуката во 2024 година да го именува ветеранот на Лабуристичката партија, Питер Манделсон, за амбасадор на Обединетото Кралство во САД, откако станаа извесни неговите врски со Џефри Епстин.
Контроверзијата дополнително се засили по објавувањето на милиони страници документи од американското Министерство за правда, кои укажуваат на блиски односи меѓу Манделсон и Епстин. Манделсон веќе беше сменет во септември, откако беа објавени мејлови што покажаа дека го одржувал пријателството со Епстин и по неговата осуда во 2008 година за сексуални кривични дела.
Лидерот на лабуристите во Шкотска, Анас Сарвар, побара оставка од Стармер, со што притисокот врз премиерот дополнително се зголеми.
Иако Стармер лично не го познавал Епстин, неговата проценка за именувањето на Манделсон е под сериозна критика. Документите наводно покажуваат дека Манделсон споделувал чувствителни информации со Епстин по финансиската криза во 2008 година, како и уплати во износ од 75.000 долари во 2003 и 2004 година поврзани со негови сметки.
Доколку Стармер поднесе оставка, како можни наследници се споменуваат министерот за здравство Вес Стритинг, поранешната заменик-премиерка Анџела Рејнер и градоначалникот на Манчестер, Енди Барнам.
Стармер се обидува да ја консолидира поддршката во партијата, но дополнителен ризик може да претставува објавувањето на британските досиеја поврзани со проверката при именувањето на Манделсон. Доколку тие не ја разјаснат ситуацијата, позицијата на премиерот би можела дополнително да се разниша.

