Свет
(Видео) Хорор на Хималаите: најмалку 19 лица загинаа во страшните поплави, повеќе од 100 исчезнаа
Над 100 лица се водат како исчезнати во североисточна Индија откога обилните дождови предизвикаа излевање на глечерското езеро, што доведе до поројни поплави, кои го зафатија Сиким на Хималаите, при што загинаа најмалку 19 луѓе.
Chungthang Teesta Urja Dam completely damaged pic.twitter.com/8tfAs2UO1a
— Weatherman Shubham (@shubhamtorres09) October 4, 2023
Како што објави Си-ен-ен, нивото на водата на реката Теста во Сиким, што го подигна нивото на водата за пет сантиметри, и браната „Чунгтанг“, позната како браната „Теста 3“, која е дел од голем хидроенергетски проект во државата, исто така беше однесена.
A devastating flood disaster in the Indian Himalayas has claimed the lives of at least 40 people after a glacial lake burst its banks earlier this week. #india #sikkimfloods https://t.co/jj8DE3RTag pic.twitter.com/GhScfMYPR8
— ILKHA (@IlkhaAgency) October 6, 2023
Оштетени се пречистителни станици, па оневозможено е и снабдувањето со вода за пиење.
#India, at least 23 military personnel went missing after the flood, the press service of the Eastern Command of the Indian Armed Forces reported.
The flood was caused by heavy rains on Wednesday in the area of the glacial lake Lhonak, located in the Himalayas in northeast… pic.twitter.com/NHILYEL37L
— FLASHINFODUPATRIOTE (@powerwil96) October 5, 2023
Еколошки чувствителниот регион на Хималаите е подложен на поројни поплави и лизгање на земјиштето, а научниците велат дека екстремните временски услови стануваат сè почести и поинтензивни со брзите климатски промени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

