Свет
(Видео) Четворица загинати, 29 повредени во израелскиот напад врз Јемен
Министерството за здравство на Хутите во Јемен објави дека четири лица се загинати, а 29 се повредени по денешните израелски напади.
Израел потврди дека започнал воздушни напади врз Хутите во Јемен, погодувајќи го пристаништето Рас Иса во четвртиот по големина град во Јемен, Ал Худајда.
Армијата соопшти дека неколку десетици авиони на израелското воздухопловство, вклучително и шпионски авиони и авиони за полнење гориво, учествувале во нападите врз позициите на милитантите лоцирани на околу 1.800 километри од Израел.
Нападите беа насочени кон локациите што ги користат Хутите за воени цели во Ал Худајда и блиското пристаниште Рас Иса во западен Јемен.
Снимките на социјалните мрежи, објавени од израелските медиуми, покажуваат како чад се издига од областа.
Yemen is burning pic.twitter.com/o2PG6FSYMY
— נועה מגיד | Noa magid (@NoaMagid) September 29, 2024
Хутите поддржани од Иран лансираа три балистички ракети кон Израел овој месец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама
На француската политичарка и екстремно десничарка Марин Ле Пен, заедно со уште 26 лица, ќе и се суди под обвинение за финансиска измама, која наводно траела од 2004 до 2016 година.
Според обвинителството, Марин Ле Пен и нејзините колеги од партиите Национален фронт и Национален собир користеле пари наменети за плаќање помошници на претставниците во Европскиот парламент за да им платат на луѓето кои работеле за партијата во Франција.
Поранешниот кандидат за претседател на Франција демантираше се. Според неа, станува збор за „политички прогон“, додека од Европскиот парламент велат дека се оштетени финансиски, но и дека им е уништен угледот.
Доколку биде прогласена за виновна, максималната казна за овие кривични дела е 10 години зад решетки. Сепак, поголем проблем за Марин Ле Пен е фактот што може да биде осудена и на долгорочна забрана за политичка активност.
Ле Пен особено сака да го избегне овој дел од реченицата, бидејќи според сегашните анкети, веројатно има најголеми шанси да стане шефица на Франција на изборите што ќе се одржат во 2027 година, имајќи предвид дека сегашните анкети велат дека таа има поддршката на 40 отсто од граѓаните на оваа земја.
Се очекува дека Ле Пен ќе се обиде да направи политичко прашање од нејзиното судење, по примерот на Доналд Трамп и дека нејзината популарност ќе се зголеми доколку биде осудена. Не се знае кога ќе заврши судењето.
Свет
Зеленски: Никој не знае што му е на ум на Путин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека не е прв пат рускиот лидер Владимир Путин да му се заканува на светот со можна употреба на нуклеарно оружје и дека „никој не знае што му е на ум“.
„Никој не знае што навистина има Путин на ум. Тој може да користи нуклеарно оружје во која било земја, во секое време, или не. Не сум сигурен дека ќе го стори тоа“, рече Зеленски во интервју за Фокс њуз.
Тој нагласи дека не може точно да знае кои се намерите на рускиот претседател.
Свет
Пентагон: Подготвени сме во краток рок да испратиме дополнителна војска на Блискиот Исток
Aмериканскиот секретар за одбрана Лојд Остин ја овласти американската војска да го зајакне своето присуство на Блискиот Исток.
„Остин ја зголеми подготвеноста за дополнителни американски сили да се распоредат, за да можеме подобро да одговориме на различни непредвидени ситуации“, објави портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Патрик Рајдер во соопштението.
„Остин јасно стави до знаење дека ако Иран или неговите сојузници го искористат овој момент за да го таргетираат американскиот персонал или интересите во регионот, САД ќе ги преземат сите неопходни мерки за одбрана на нашиот народ“, додаде тој.
Во соопштението на Пентагон се вели дека може да распореди сили на краток рок и дека САД се уште се фокусирани на заштита на американските граѓани и сили во регионот, одбрана на Израел и деескалација на ситуацијата.