Свет
(Видео) Чуден поздрав меѓу Бајден и Ердоган на НАТО-самитот
Американскиот претседател, Џо Бајден, во понеделникот му пријде на турскиот колега, Реџеп Таип Ердоган, на самитот на НАТО во Брисел, а нивниот чуден поздрав веднаш го привлече вниманието на светските медиуми.
Бајден го затече Ердоган неподготвен, како што се гледа на снимките од нивната кратка средба пред почетокот на самитот. Турскиот претседател седеше на масата подготвен да го критикува Бајден за неодамнешното признавање на масакрот врз Ерменците како геноцид.
Како што пренесе „Њујорк пост“, Ердоган седел зад масата, без маска, кога Бајден му пришол и му понудил стисната тупаница за да се чукнат фаќајќи го неподготвен за реакција.
Ердоган немал друг избор, освен да стане и да го поздрави Бајден – двајцата лидери се поздравиле и поразговарале.
„Киселата насмевка на турскиот лидер зборува за тоа, а изразот на лицето на Бајден не може да се види поради маската“, пренесуваат американските медиуми.
President @RTErdogan, who is in Brussels for NATO Leaders’ Summit, met with President Joe Biden of the US. pic.twitter.com/qbvayJkByr
— Turkish Presidency (@trpresidency) June 14, 2021
Подоцна, тие ги зазедоа своите места поради формалната средба, но набргу беа објавени снимки од нивниот необичен поздрав.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.

