Свет
(Видео) Шојгу: Секоја војна завршува со мир
Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, во интервју за ТВ „Звезда“ на руското Министерство за одбрана, беше прашан како ќе заврши војната, на што тој одговори: „Секоја војна завршува со мир“.
Но, кога еден новинар прашал колку бргу може да се очекува мир во Украина, Шојгу не одговорил на прашањето и ја напуштил просторијата.
Иако ТВ „Звезда“ првично објави видео од заминувањето на министерот за одбрана, тоа беше отсечено во подоцнежна изјава.
❗️Any war ends in peace- russian Minister of Defence Shoigu.
Has he just said WAR? Ooops… watch out, Sergei, windows are everywhere, even in basements.
For a start to end the war that you started would be good to f*ckoff from the Ukrainian land!!! pic.twitter.com/5rosLXOoOJ
— Maria Drutska 🇺🇦 (@maria_drutska) March 21, 2023
Аналитичарите велат дека рускиот претседател Владимир Путин, најверојатно, планира да ја одолжува војната што е можно подолго со надеж дека поддршката на Западот за Украина ќе ослаби.
„Владимир Путин нема непосредни планови за мир во Украина и затоа Западот треба уште долго да се подготвува да му даде помош на Киев“, предупреди генералниот секретар на НАТО во интервју за „Гардијан“.
Јенс Столтенберг изјави дека рускиот претседател е вмешан во „војна на трошење“.
„Жестоките борби насочени околу Бахмут покажуваат дека Русија е подготвена само да фрли илјадници и илјадници војници, да земе многу жртви за минимални придобивки“, рече шефот на НАТО.
„Претседателот Путин не планира мир, тој планира уште војна“, продолжи Столтенберг додавајќи дека Русија го зголемува воено индустриското производство и „посегнува до авторитарните режими, како Иран, Северна Кореја и други, за да се обиде да набави повеќе оружје“, пренесе „Индекс.хр“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

