Македонија
(Видео) Јанушев: Во програмата предвидуваме 640 милиони евра за субвенции за земјоделците
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборната единица три, Игор Јанушев, денеска преку видео обраќање упати порака до граѓаните порачувајќи дека потребно е на 15 јули да се обединат и да ја донесат, како што рече, Обновата на Македонија.
Тој вети инфраструктурни проекти, покачување на платите, отворање на нови работни места, покачување на пензиите на пензионерите, намалување на данокот на 8 проценти, но и како што кажа, конечно вреднување на маката и трудот на земјоделците.
„Во делот на земјоделците ќе ги зголемиме субвенциите за земјоделците на 640 милиони евра во четиригодишниот мандат или тоа се 160 милиони евра годишно. Во делот на сточарството се обврзуваме да ја зголемиме поддршката на основната мерка за 50%, односно од сегашните 1000 денари по грло ќе се исплаќа по 1500 денари по грло“, нагласи Јанушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

