Свет
(Видео) Јеменските Хути објавија снимка: Го нападнавме Израел

Јеменските Хути, бунтовници поддржани од Иран, објавија видео на кое наводно се гледа лансирање на балистички ракети и беспилотни летала кон Израел, пишува Скај Њуз.
Воениот портпарол на Хутите, бригадниот Јахја Сари, тврди дека групата вчера истрелала балистички ракети и беспилотни летала врз Израел.
Тој рече дека тоа е трета таква операција и дека борците планираат да извршат уште напади „додека не престане израелската агресија“.
Претходно овој месец, разурнувач на американската морнарица во Црвеното Море пресретна три крстосувачки ракети и неколку беспилотни летала лансирани кон Израел од Хутите, кои контролираат голем дел од северен Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нов земјотрес го погоди Мјанмар со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот брег на Мјанмар, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.
Земјотресот се случил на оддалеченост од околу 142 километри од градот Јангон, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри.
Минатиот петок, земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар.
Загинаа повеќе од 3000 луѓе, повеќе од 4.520 беа повредени, а повеќе од 400 се водат како исчезнати, според владејачката воена хунта во земјата.
Свет
Русите го ракетираат родниот град на Зеленски: Украинците објавија вознемирувачки фотографии

Најмалку четири лица загинаа, а уште тројца тешко се повредени во руски ракетен напад денеска врз Криви Рих, град во јужна Украина, кој е и роден град на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинската служба за итна помош соопшти дека лекарите се борат за животите на ранетите, кои по нападот се пренесени во болница. Според локалните власти, една од жртвите загинала во сопствениот автомобил, кој бил погоден со проектил додека бил на пат.
Службите за итни случаи објавија фотографии од местото на нападот на кои се гледаат разурнувања и жртви. Фотографиите се вознемирувачки, на нив се гледаат мртви тела и тешко ранети цивили.
Нападот дојде додека во регионот продолжуваат секојдневните руски ракетни и беспилотни напади врз цивилни цели, инфраструктура и станбени области низ Украина. Самиот град Кривиј Рих веќе неколку пати беше цел на напади – последниот голем напад се случи во декември, кога беше погодена станбена зграда, а неколку цивили беа повредени.
Свет
Повеќе од 3.000 луѓе загинаа во земјотресот во Мјанмар, прогласен прекин на огнот во граѓанската војна

Владејачката хунта во Мјанмар прогласи привремен прекин на огнот во својата граѓанска војна во вторникот за да ги олесни хуманитарните напори по земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, каде загинаа повеќе од 3.000 луѓе.
На државната телевизија МРТВ денеска беше објавено соопштение од високата воена команда во кое се наведува дека прекинот на огнот ќе трае до 22 април, а целта е да се изрази сочувство за луѓето погодени од земјотресот.
Претходно, едностран прекин на огнот беше прогласен од страна на вооружените групи на отпор кои се спротивставија на воената влада.
Овие групи мора да се воздржат од напад на државата или прегрупирање, во спротивно армијата ќе ги преземе „неопходните“ мерки, се вели во соопштението на армијата.
Претходно денеска спасувачите извлекоа живи тројца мажи од урнатините пет дена по земјотресот.
Земјотресот со епицентар во Мјанмар е силно почувствуван и во Тајланд, а причинета е голема материјална штета. Бројот на загинати денеска се искачи на 3.003, а повредени се над 4.500 лица, објави МРТВ. Сепак, се претпоставува дека бројките се многу поголеми.
Мјанмар веќе доживуваше хуманитарна криза поради граѓанската војна. Според податоците на Обединетите нации, повеќе од три милиони луѓе биле внатрешно раселени, а на повеќе од 20 милиони луѓе им била потребна помош дури и пред земјотресот.