Свет
Виетнам ги повика Русите да им помогнат да го зачуваат телото на Хо Ши Мин
Виетнам формира специјален тим на експерти вклучувајќи и четворица руски научници, кои треба да помогнат во зачувувањето на телото на балсамираниот виетнамски државник Хо Ши Мин.
Беше формиран специјален совет, кој ќе почне со работа следниот месец за да ја процени состојбата на неговото тело, прв пат балсамирано пред речиси 50 години.
Неколку земји во светот, вклучувајќи ги Кина, Северна Кореја и Виетнам, ги балсамираа своите основачи благодарение на помошта од советската „лабораторија на Ленин“, која го изложи балсамираното тело на Ленин во Москва набргу по неговата смрт во 1924 година.
Овие тела бараат редовно и скапо одржување и повремено повторно балсамирање.
Телото на револуционерот и прв претседател на Демократската Република Виетнам лежи во стаклен ковчег во голем мавзолеј во Ханој по неговата смрт во 1969 година.
Мавзолејот привлекува илјадници посетители годишно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.