Свет
Виктор Орбан најави вето на буџетот на ЕУ
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, се закани дека ќе стави вето на буџетот на Европската Унија, како и на огромниот пакет за помош на пандемијата на Ковид-19, пренесува „Политико“.
Конзервативниот лидер им пиша на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, и на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, за да изрази подготвеност да стави вето на финансирањето поради загриженоста дека нациите како Унгарија и Полска нема да добијат средства поради несогласувања во внатрешната политика, како што се законите за миграција.
„Врз основа на достапните извештаи за содржината на овој договор, разбирам дека тој не го исполнува условот што Унгарија јасно го искажа неколкупати во текот на преговорите за договорот, затоа нема да можам да го поддржам“, Орбан напиша во писмото.
„Во согласност со договорената пракса според која ништо не е договорено сè додека не се договори сè, морам да ве известам дека ситуацијата не ѝ остава друга опција на Унгарија, освен да не се согласи со другите елементи од пакетот за следниот МФФ (повеќегодшна финансиска рамка, седумгодишен буџет на ЕУ) и за ‘ЕУ од следната генерација’ (фонд за закрепнување по Ковид-19), вклучително и оние за кои е потребно едногласност“, додаде Орбан.
И покрај тоа што Унгарија нема моќ во рамките на ЕУ да ја блокира одредбата „владеење на правото“ да стане закон, таа има можност да стави вето на буџетот и на пакетот за помош на пандемијата на Ковид-19.
Во четвртокот Советот на ЕУ и ЕП дојдоа до прелиминарен договор што ќе му овозможи на Брисел да го скрати финансирањето на земјите членки за кои се смета дека не се во чекор со визијата на блокот за „владеење на законот“.
Во изјавата Европскиот совет рече дека договорот дозволува да се заштити буџетот на ЕУ „кога е утврдено дека кршењето на принципите на владеењето на правото во земја членка влијае или сериозно ризикува да влијае на здравото финансиско управување со буџетот на ЕУ или на заштитата на финансиските интереси на ЕУ на доволно директен начин“.
Белгискиот еврократ Ги Верхофштад на социјалните мрежи напиша:
BREAKING: Agreement reached on a proper rule of law mechanism !
EU funds are tied to EU values and sound financial management. ??
No double standards, no excuses, no ? to would-be authoritarians.
— Guy Verhofstadt (@guyverhofstadt) November 5, 2020
„Постигнат е договор за соодветен механизам за владеење на правото! Фондовите на ЕУ се врзани за вредностите на ЕУ и здравото финансиско управување. Без двојни аршини, без изговори, без пари за потенцијалните авторитаристи“, додаде тој во очигледна референца кон Орбан и кон полскиот претседател Анджеј Дуда, лидери со кои тој честопати е во судир.
И Полска и Унгарија тврдат дека бидејќи не ја поддржаа одлуката за отворање на вратите за масовната миграција во 2015 година од страна на германската канцеларка Ангела Меркел, тогаш од нив не треба да се бара да примаат мигранти според шемите за прераспределба на ЕУ.
Во септември Орбан рече дека либералите во Европа веруваат оти најдобро е овие земји да им ги отстапат овластувањата на нивните национални влади на меѓународните организации – и што е можно повеќе од тие овластувања“.
„Во ова тие гледаат универзални идеали, европски вредности и универзални човекови права, што дополнително се охрабруваат и признаваат“, објасни тој.
Орбан тврди дека меѓународните организации се неизбежно склони кон деспотизам што тие имаат тенденција да го нарекуваат „владеење на правото“, што едноставно е уцена.
„Тие се ранливи на инфилтрација од мрежите во стилот на Сорос и ако бидат принудени да избираат помеѓу граѓаните на одделни национални заедници и големите фигури на глобалниот капитал, на крајот тие секогаш ќе се одлучат за вторите“, заклучи Орбан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кремљ: Русија би можела да ја користи морнарицата ако Западот ги заплени нашите бродови
Русија би можела да ја користи својата морнарица за да ги спречи европските сили да ги запленат нејзините бродови, а исто така би можела да возврати и на европскиот превоз ако бидат запленети руски бродови, изјави Николај Патрушев, близок сојузник на претседателот Владимир Путин.
Западните земји се обидуваат да ја исклучат Русија од глобалната трговија и да ѝ го одбијат финансирањето со воведување на повеќе од 30.000 санкции поради војната во Украина.
Тие, исто така, се обидоа да ги блокираат танкерите за нафта за кои се сомнева дека превезуваат руски пратки нафта.
Во јануари, САД запленија танкер за нафта под руско знаме како дел од напорите за ограничување на извозот на венецуелска нафта.
Рускиот претседател Владимир Путин ги опиша ваквите дејствија како пиратство.
„Ако не им пружиме силен отпор, наскоро Британците, Французите, па дури и балтичките земји ќе станат толку арогантни што ќе се обидат да го блокираат пристапот на нашата земја до морињата, барем до оние во Атлантскиот басен“, рече Патрушев, советник на Путин и претседател на Рускиот поморски комитет, за рускиот медиум „Аргументи и факти“.
„Веруваме дека, како и секогаш, најдобриот гарант за безбедноста на пловидбата е морнарицата. Во главните поморски области, вклучувајќи ги и регионите далеку од Русија, мора трајно да бидат распоредени значајни сили, сили способни да ги смират страстите на западните пирати“, рече Патрушев.
РЕ-Дигитал
Русија целосно ќе го блокира Телеграм
Русија се подготвува целосно да ја блокира популарната апликација за пораки Телеграм од 1 април, објави рускиот Телеграм канал База. Руското тело за цензура Роскомнадзор ниту ја потврди ниту ја негираше оваа информација, пишува Украинска правда.
Повикувајќи се на своите извори, База наведува дека Роскомнадзор ќе иницира целосно блокирање на апликацијата, слично на она што го направи со Инстаграм и Фејсбук. Овие социјални мрежи во сопственост на Мета се означени како екстремистички и забранети во Русија. Според истите извори, Телеграм треба да престане да работи на целата територија на Русија, и преку мобилен интернет и преку Wi-Fi мрежи.
Кога беше прашан за најавената блокада, Роскомнадзор кратко рече: „Агенцијата нема што да додаде на претходно објавените информации за ова прашање“.
фото/Depositphotos
Свет
Орбан: Унгарија им помага на САД подобро да го разберат конфликтот во Украина
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека земјата им помага на Соединетите Американски Држави подобро да ја разберат ситуацијата во Централна Европа и конфликтот во Украина со цел да се олесни мирното решение.
Коментирајќи ја посетата на американскиот државен секретар Марко Рубио на Будимпешта, Орбан оцени дека посетата им била од помош на САД.
„Америка е далеку, Централна Европа е комплицирана, тешка за разбирање, а перспективата на војната е сосема поинаква од онаа од тука. Се обидувам да им помогнам на нив, на Американците, обидувајќи се да им дадам поинаква перспектива, поблиска, поширока, поисториска, подлабока, за да можат да донесуваат добри одлуки во мировниот процес“, изјави Орбан во видео порака на Фејсбук.
Државниот секретар на САД во понеделникот за време на посетата на Будимпешта изјави дека односите меѓу Соединетите Американски Држави и Унгарија се во „златна фаза“ и дека се засноваат на солидна соработка, која не е само реторичка, туку и конкретна во областите на економијата и енергетиката.
Тој потсети на блиските врски меѓу Орбан и американскиот претседател Доналд Трамп и рече дека Трамп е посветен на Унгарија и нејзиниот успех, пренесува Танјуг.
Рубио го повтори ставот на САД дека една од клучните цели е што побрзо да се заврши војната во Украина, додавајќи дека САД ја презеле иницијативата во водењето преговори меѓу Русија и Украина, додека другите меѓународни институции не успеале да постигнат напредок во таа насока.

