Свет
Водачот на пакистанските талибанци убиен при воздушен напад

Водачот на пакистанските талибанци, Мула Фазлула, бил убиен при напад на американски беспилотни летала во северо-источната провинција Кунар.
Фазлула и уште двајца други талибански бунтовници беа убиени во четвртокот во областа Маравар, објави Мохамед Радманиш, портпарол на министерството за одбрана, а пренесе новинската агенција АП.
Портпаролот на американските сили во Авганистан, Мартин О’Донел, рече дека биле изведени противтенковски напади недалеку од границата меѓу Авганистан и Пакистан, чија цел била истакнат лидер на терористичка организација.
Тој не посочил дали целите биле елиминирани, ниту пак дали нападот бил насочен конкретно кон Фазлула.
Фазлула вежеше за еден од најбараните милитанти, познат по бројните напади, вклучувајќи го и масакрот во училиште во 2014 година, кога 132 деца беа убиени и нападот од 2012 година врз ученичката Малала Јусуфзаи, која подоцна беше добитничка на Нобеловата награда за мир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Млад човек упадна во компанија во Германија: уби едно лице со нож и тешко повреди уште двајца

Дваесет и едногодишен маж избодел тројца вработени во компанијата за електрична енергија „Уберландверке Рен“ во Германија, соопшти полицијата.
Еден вработен е убиен, а двајца се тешко повредени во Мелрихштат, мал град источно од Франкфурт во јужна Германија, соопшти полицијата во објава на социјалните мрежи.
Според „Билд“, вработениот починал откако претрпел повеќекратни убодни рани во горниот дел од телото, вклучувајќи го и вратот.
Осомничениот, 21-годишен германски државјанин, е уапсен, потврди портпаролот на полицијата. Сè уште не е јасно каква е неговата поврзаност со компанијата или кој би можел да биде неговиот мотив за нападот.
„Грижата за повредените е наш врвен приоритет, како и разјаснувањето на точните околности на инцидентот“, изјави портпаролот на полицијата.
Свет
(Видео) Украински напад врз Донецк и Луганск

Во текот на ноќта, украинските сили извршија серија напади врз цели во регионите Луганск и Донецк.
„Гори руска логистика во привремено окупираниот Луганск“, објави Андриј Коваленко, раководител на украинскиот центар за сузбивање на дезинформации. Нападот со беспилотни летала беше објавен и од локалните медиуми, кои објавија снимки од зградата што гори.
У тимчасово окупованому Луганську палає логістика росіян після атаки дронів – Коваленкоhttps://t.co/N2hSRLynqR pic.twitter.com/r8Fk9iuzQX
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) June 30, 2025
Леонид Пасечник, раководител на руските окупациски власти во Луганската област, објави дека воздушната одбрана соборила 35 од 40-те беспилотни летала над Луганската област. Тој потврди дека остатоците од дронот паднале врз складиштето за нафта. Додаде дека една жена е повредена.
Во текот на ноќта, украински напади беа забележани и во окупираниот Донецк. Каналите на Телеграм споделуваат снимки од оштетени згради и пожари во градот. Денис Пушилин, раководител на руските окупациски власти во регионот Донецк, објави дека едно лице е убиено, а тројца се повредени во нападот.
👀 Donetsk, the first minutes after the strike! pic.twitter.com/towuke411s
— MAKS 25 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) June 30, 2025
Украинскиот информативен канал Супернова+ објави дека нападот бил насочен кон седиштето на руската 8-ма комбинирана армија. Украинската војска не ги коментираше тврдењата, кои не можеа да бидат независно потврдени.
Свет
(Видео) Четиригодишно девојче падна во море од крузерот на „Дизни“: таткото скокнал по неа, двајцата се спасени

Патниците на луксузниот крузер „Дизни“ беа сведоци на драматична сцена кога мало девојче падна од четвртата палуба, а нејзиниот татко скокна во морето по неа во обид да ја спаси.
Според очевидци, инцидентот се случил додека таткото ја фотографирал својата ќерка во близина на оградата на бродот. Бродот се движел со голема брзина во моментот на несреќата, а екипажот веднаш кренал тревога, извикувајќи „човек во морето“ и започнал спасувачка операција.
На социјалните мрежи се појавија видеа од патници кои извикуваат додека спасувачки брод ги извлекува од површината на морето. Таткото и ќерката биле во вода околу 10 минути пред да бидат спасени.
NEW: Father jumps overboard to save his 5-year-old daughter, who fell off a Disney cruise ship from the 4th deck into the ocean.
The ship was heading back to South Florida when the intense rescue was made.
"The ship was moving quickly, so quickly, it's crazy how quickly the… pic.twitter.com/PTGmAzZJ7O
— Collin Rugg (@CollinRugg) June 30, 2025
„Бродот се движеше неверојатно брзо. Во еден миг, тие беа само мали точки во водата, а потоа исчезнаа од видното поле“, рече патничката Лаура Амадор. „Капетанот го забави бродот, го сврте и го спушти спасувачкиот брод. Ги видовме како се спасуваат“, изјави таа за „Си-би-ес Њуз“.
Друг патник, Гар Франц, изјави за „Ен-би-си Њуз“: „Гледавме. Видовме две точки… беше ужасно, навистина ужасно“.
„Дизни Круз Лајн“ го потврди инцидентот и ја пофали брзата реакција на екипажот:
„Екипажот на „Дизни Дрим“ брзо спаси двајца гости од водата. Горди сме на нивната вештина и брза реакција, што им овозможи на двајцата гости безбедно да се вратат на бродот за само неколку минути“, соопшти компанијата.
Несреќата се случила на последниот ден од крстарењето. Бродот „Дизни Дрим“ со 4.000 патници се враќал во Форт Лодердејл, Флорида, по четиридневно патување на Бахамите. Се вратил во пристаништето според закажаното.