Свет
Водител на „Фокс њуз“ објави список на починати лица што „гласале“ на изборите во САД
Кампањата на американскиот претседател, Доналд Трамп, ги оспорува резултатите од неодамна одржаните претседателски избори наведувајќи измами и неправилности, вклучително и гласање во име на починати лица, пренесува „Спутник“.
Водителот на „Фокс њуз“, Такер Карлсон, откри обемна листа на починати Американци што „гласале“ на денот на изборите. Тој покажа списоци на граѓани што се починати, но кои некако успеале да гласаат на изборите, „веројатно за Бајден“, како што рече. Проблемот, објаснува тој, е: „не можете навистина да знаете кој гласа“.
„Демократите целосно го сменија начинот на кој гласавме на овие избори. Нашиот систем никогаш не бил толку неорганизиран и никогаш не бил поранлив на манипулација“, рече Карлсон.
Tucker Carlson had a scrolling list of dead people who voted in the election tonight. pic.twitter.com/2FtXkDbtRJ
— Evan Kilgore ?? (@EvanAKilgore) November 12, 2020
Водителот им се нафрли на мејнстрим-медиумите за целосно посветување на Џо Бајден и за некритикување на наводната измама на изборите тврдејќи дека тоа го прават намерно. Карлсон тврди дека наводната изборна измама е олеснета преку гласањето по пошта.
„Мртвите луѓе имаат тенденција да гласаат почесто кога им олеснувате да гласаат“, рече иронично водителот.
Tucker Carlson teeing off on the Liberal media.pic.twitter.com/N6BUTykmzC
— John D ● (@RedWingGrips) November 12, 2020
„Изговорот беше Ковид. ’Требаше да го сториме ова од јавни здравствени причини, се сеќаваш ли?’,’Немавме друг избор! Тоа беше итен случај за јавно здравје!‘“, рече тој очигледно правејќи пародија со локалните гувернери.
„Ефектот беше да се поттикне измама“, заклучи Карлсон.
Карлсон ја посочи Невада како пример каде што гласачките ливчиња беа испраќани до секој регистриран гласач во државата, без оглед дали тие побарале ливчиња или не, и каде што повеќе од 40.000 регистрации не се ажурирани 10 години.
Карлсон претпоставува дека тие гласачки ливчиња може да бидат испратени до починати луѓе, добиени, а потоа уфрлени во гласачките кутии од некој друг. Според водителот на „Фокс њуз“, и лажните обвинувања за изборни измами може да предизвикаат проблеми.
Nobody wants to report that Pennsylvania and Michigan didn’t allow our Poll Watchers and/or Vote Observers to Watch or Observe. This is responsible for hundreds of thousands of votes that should not be allowed to count. Therefore, I easily win both states. Report the News!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 12, 2020
Сите големи американски медиуми го проектираа демократот Џо Бајден за избран претседател на изборите на 3 ноември. Сепак, Трамп одби да признае пораз и поднесе тужби во клучните држави тврдејќи дека постојат нерегуларности во гласањето. Само во државата Мичиген тимот на Трамп поднесе 131 заверена изјава и 2.800 извештаи за инциденти.
Неодамна Џорџија се согласи да изврши целосно рачно пребројување на гласачките ливчиња на претседателските избори поради блискоста на резултатите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Разочаран сум од Стармер
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е многу разочаран од британскиот премиер Кир Стармер затоа што не дозволил веднаш САД да ја користат воздушната база Диего Гарсија за напади врз Иран, пренесе „Телеграф“.
Според извештајот, Обединетото Кралство првично одбило да дозволи користење на своите бази за воздушни напади, но Стармер во неделата навечер соопштил дека го прифаќа американското барање за нивна употреба во одбранбени напади врз ирански цели.
Трамп оценил дека на Стармер му требало предолго да се предомисли и додал дека ваква ситуација веројатно никогаш досега не се случила меѓу двете земји.
Стармер изјавил дека Велика Британија не учествувала во почетните напади врз Иран и дека нема да им се придружи, но посочил дека поради, како што рекол, „иранската стратегија на спалена земја“, Лондон ја поддржува колективната самоодбрана на своите сојузници и своите граѓани во регионот.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Нови израелски напади врз Техеран, експлозии одекнаа во центарот на градот
На социјалните мрежи се појавуваат нови снимки од израелски напади врз Техеран, откако израелската војска соопшти дека започнала дополнителен широк напад врз иранската престолнина.
Во Техеран се слушнале повеќе експлозии, јави иранската новинска агенција Тасним. Според извештаите, воздушен напад погодил област во близина на Плоштадот на револуцијата, каде што се одржувал собир на кој била осудувана, како што се наведува, агресијата.
#BREAKING 🔥🔥
Massive Israeli airstrikes on Tehran continue.#Iran #Teheran #Dubai #عاجل_الان #Israel pic.twitter.com/d91QjVz80A
— 🌐 Short Reports 🌐 (@ShortReportOnX) March 2, 2026
Во меѓувреме, иранската противвоздушна одбрана соопштила дека пресретнала напад над небото на централниот дел на Техеран.
Израелските одбранбени сили во ново соопштение навеле дека цел на нападите е иранскиот терористички режим.
Фото: Depositphotos
Свет
Шпанија го оцени нападот врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност
Шпанија го оцени американско-израелскиот напад врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност во употребата на сила, заземајќи став различен од Германија, Франција и Велика Британија, кои најавија соработка со САД во одбрана на своите интереси против Иран.
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека светот се наоѓа на раскрсница и предупреди на опасен преседан на системско прибегнување кон сила надвор од меѓународното право. Тој оцени дека САД и Израел еднострано го нападнале Иран, без поширока меѓународна поддршка.
„Ообезглавија страшен режим кој го угнетува своето општество, тоа е вистина“, рече тој. „Но го поткопаа меѓународното право и доведоа до невини жртви.“
Фото: ЕПА

