Контакт

Свет

Вознемиреност поради изјавите на израелските министри Палестинците трајно да се иселат од Газa

Објавено пред

Шефот на Обединетите нации за човекови права, Волкер Турк, рече дека е многу вознемирен од изјавите на високите израелски претставници, кои ги повикуваат Палестинците да ја напуштат Газа.

dobivaj vesti na viber

„Многу сум вознемирен од изјавите на високите израелски функционери за плановите за префрлање цивили од Газа во трети земји“, напиша Турк на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека меѓународното право забранува присилно пренесување заштитени лица во или депортација од окупираната територија, пренесува „Ал Арабија“.

Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, во понеделникот повика на промоција на „решенија за поттикнување на емиграцијата на жителите на Газа“ и повторно воспоставување израелски населби во Појасот Газа.

Еден ден претходно, екстремно десничарскиот израелски министер за финансии, Безалел Смотрич, исто така повика на враќање на доселениците во Газа додавајќи дека Израел треба да охрабри околу 2,4 милиона Палестинци од енклавата да ја напуштат.

Израелската влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху официјално не предложи планови за иселување на жителите на Газа или враќање на еврејските доселеници на територијата по избувнувањето на војната откога палестинската милитантна група Хамас го нападна јужен Израел на 7 октомври.

Повеќето жители на Газа беа принудени да ги напуштат своите домови поради борбите меѓу Израел и Хамас.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, остро ги осуди, како што рече, запаливите и неодговорни изјави на израелските министри Гвир и Смотрич, во кои тие повикаа на преселување на Палестинците.

„Силно ги осудувам запаливите и неодговорните изјави на израелските министри Бен Гвир и Смотрич, кои го навредуваат палестинското население во Газа и повикуваат на план за нивна емиграција“, напиша Борел на социјалната мрежа „Икс“ („Твитер“).

Борел додава дека присилното раселување е строго забрането како сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право.

Свет

Брутално претепан познатиот албански водител Елтон Тозај, може да остане слеп

Објавено пред

Познатиот албански водител Елтон Тозај бил нападнат и брутално претепан синоќа околу 19:30 часот на автопатот Тирана-Драч, под околности кои сè уште остануваат вознемирувачки и нејасни, објавија медиумите.

dobivaj vesti na viber

Според информациите објавени од неговото семејство, на неговиот профил на социјалните мрежи, новинарот бил брутално нападнат од неколку лица. Во насилството врз Тозај му биле нанесени сериозни физички повреди.

„Семејството објави дека Елтон Тозај моментално е во сериозна здравствена состојба и е на интензивна медицинска нега. Според нив, ситуацијата е деликатна, бидејќи новинарот се бори да не го изгуби видот, што го прави овој настан уште поалармантен“, наведуваат медиумите.

Од полицијата засега нема информација околу настанот.

Прикажи повеќе...

Свет

Бурата Јоханес ја погоди Шведска, повеќе од 40.000 домаќинства без струја

Објавено пред

Бурата Јоханес ја погоди Шведска носејќи силни ветрови и снежни врнежи, додека повеќе од 40.000 домаќинства останаа без електрична енергија.

dobivaj vesti na viber

Според метеоролозите, бурата се шири брзо и се очекува ветровите да се зајакнат во текот на денот.

Бурата започна ноќеска од северот на земјата, со многу силни ветрови, додека жолти и портокалови временски предупредувања беа издадени за поголемиот дел од Шведска, пренесе локалниот портал Expressen.

Прикажи повеќе...

Свет

По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев

Објавено пред

Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија.

dobivaj vesti na viber

Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални напори за што поскоро враќање на снабдувањето, објави премиерката на Украина Јулија Свириденко на социјалните мрежи.

„Работиме на решавање на последиците од ноќниот напад врз Киев и регионот. Предупредувањето за воздушна опасност во Киев беше на сила 10 часа. Една жена почина во регионот на Киев. Во главниот град досега се повредени 32 лица“, рече Свириденко.

Службите за итни случаи се на терен, кои, заедно со медицинските екипи, ги расчистуваат урнатините и им пружаат помош на жртвите. Премиерката додаде дека во нападот се оштетени цивилни и енергетски објекти.

Во моментов, над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без централно греење“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Родителите за загинатите деца во Пулс со порака: Пред Нова година и Божиќ кога сите се радуваат, ние живееме во болка

Со солзи и голема болка денеска маршираа низ кочанските улиците семејствата на загинатите млади луѓе во кочанската дискотека „Пулс“. Во...

Македонија13 часа

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави заедничките усогласени барања

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави заедничките усогласени барања, кои, како што велат оттаму, се направени во отворена координација...

Македонија14 часа

Таткото на загинатата Надица во „Пулс“: До последен здив ќе се борам за правда за моето дете

Александар Наунов, татко на Надица која го загуби животот во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска се обрати...

Свет16 часа

По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев

Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија. Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални...

Регион18 часа

Две тела најдени во стан во Крушевац, сомнежот е дека син ги убил родителите со нож, па се фрлил од зграда

Двојно убиство и самоубиство се случија утрово во семеен стан во Крушевац, а полицијата ги утврдува сите околности на овој...

Свет19 часа

Расте бројот на повредени во рускиот напад врз Киев

Бројот на повредени во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз Киев се искачи на 19, објави Укринформ. „Вкупниот...

Свет20 часа

Уште трае рускиот напад, во Киев нема струја и парно, има и загинати

Речиси 9 часа Киев ноќеска беше под опсада. Во градот воздушната опасност сè уште е на сила поради заканата од...

Свет21 час

Има повредени во рускиот напад врз Киев

Пет лица се повредени во рускиот напад врз Киев синоќа, објави градоначалникот на главниот град, Виталиј Кличко, на Телеграм, цитиран...

Свет22 часа

(Фото+Видео) Се шират снимките од бруталниот напад на Киев, станува сè полошо

Аеродромите во Жешов и Лублин во југоисточна Полска беа привремено затворени откако полските вооружени сили испратија борбени авиони како одговор...

Македонија2 дена

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинските превои Стража и Ѓавато, до 30 метри на...

Европа2 дена

(Видео) Британските ракети „Сторм Шедоу“ погодија клучна руска рафинерија

Украина потврди дека употребила британски крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“ за напад врз голема рафинерија за нафта во Русија, нанесувајќи нов...

Македонија2 дена

Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води АВМУ и во наредните пет години

Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и во наредните пет години, откако...

Топ2 дена

Уапсен полицаец за изнуда: поднесена кривична пријава, следува суспензија од работното место

По претходна пријава од граѓанин за сторено кривично дело „изнуда“ од полицискиот службеник Х.З.(48) во Одделението за криминалистички работи Гази...

Македонија2 дена

По случајот со починатото новороденче на ГАК, Комисијата за стручен надзор констатирала дека реанимациската постапка е спроведена по протокол

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатирала дека реанимациската постапка е спроведена по протокол, соопшти...

Македонија2 дена

Се наплаќале ПАП-тестови и други услуги што ги покрива Фондот за здравство: извршени контроли поради претставки од граѓаните

Денес, директорите на Управата за јавни приходи и Фондот за здравствено осигурување одржаа заедничка прес-конференција на која го презентираа извештајот...

Македонија2 дена

Дислокацијата на цементарницата не е проблем, но не може како на шведска маса да бираме што да анализираме, а што не, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека решението за воздухот во Скопје е системско, кое ќе понуди алтернативен начин за загревање на...

Македонија2 дена

Мицкоски: Набавени нови 120 полициски возила за униформираната полиција

Безбедноста и расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи...

Македонија2 дена

Беким Сали ја презеде функцијата министер за европски прашања

Денеска, во Министерството за европски прашања беше извршено примопредавање на функцијата министер за европски прашања по вчерашната одлука на Собранието,...

Македонија2 дена

Пановски предупредува: Се шират лажни видеа со мојот лик, не купувајте такви производи

Микробиологот, професор и доктор Никола Пановски преку објава на Фејсбук предупреди дека повторно се шират лажни видеа и реклами со...

Македонија2 дена

Советот на Град Скопје изгласа иницијатива за дислокација на цементарницата „Усје“

Советот на Град Скопје едногласно ја прифати иницијативата за дислокација на цементарницата „Усје“, поднесена од Зелен хуман град, по 13-часовна...