Свет
(Вознемирувачко видео) Каскадер во Италија седна на покривот на автомобил и го управуваше воланот со нозете па удри во публиката
Каскадер во Италија седна на покривот на автомобил и го управуваше воланот со нозете пред да удри во публиката. Човекот, кој го управувал воланот со нозете додека седел на покривот на автомобилот вчера за време на настап во северниот италијански град Верона изгубил контрола и удрил во бариерата, при што повредил девет гледачи.
Се појавија снимки на кои се гледа како возачот излегува од возилото, седи на покривот и почнува да управува со нозете пред автомобилот брзо да излезе од контрола. Возилото потоа удира во бариера зад којашто десетици луѓе ја следеа претставата.
Ве предупредуваме дека видеото може да биде вознемирувачко.
Многумина паднаа на земја, а девет беа пренесени во болници со полесни повреди, вклучително и модринки. На снимката се слуша како најавувачот вели: „Така се вози“. Меѓутоа, подоцна неговиот тон се менува и им вика на гледачите: „Внимавајте“.
Каскадерот по несреќата излегол од автомобилот и изгледал како да е неповреден. Настапот беше дел од Motor Bike Expo, кој ќе трае до утре, пишува Асошиејтед прес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

