Свет
Откопан третиот најголем дијамант во светот

Рударската компанија „Дебсвана“ објави дека откопала дијамант од 1.098 карати во Боцвана.
Компанијата му го покажа дијамантот откопан на 1 јуни на претседателот на Боцвана, Моквитси Масиси, во главниот град Габороне, објави „Гардијан“.
„Се верува дека ова е трет по големина дијамант во светот“, рече директорката на „Дебсвана“, Линет Армстронг.
„Дебсвана“ е рударска компанија со седиште во Боцвана и еден од водечките светски производители на дијаманти.
„Дебсвана“ управува со четири рудници за дијаманти во Боцвана, како и рудник за јаглен.
„Овој редок и извонреден камен значи многу во контекст на дијамантите од Боцвана. Дава надеж за нацијата што постојано се бори“, изјави Армстронг.
Ова воедно е и најголемиот скапоцен камен откриен во историјата на оваа компанија, во заеднички проект на владата и глобалната групација „Де Берс“, која е меѓународна корпорација специјализирана за вадење, експлоатација и трговија со дијаманти.
Најголемиот дијамант откриен досега има 3.106 карати и е пронајден во Јужна Африка во 1905 година, а вториот со 1.109 карати е откриен во североисточна Боцвана во 2015 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 се повредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави Ројтерс.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Свет
Марочко: Украинците масовно дезертираат

Околу 160.000 украински војници ги напуштиле бојните полиња во 2025 година, тврди руски експерт.
Според Андреј Марочко, украинската армија се обидува да го реши проблемот со дезертерството со регрутирање млади „високо мотивирани граѓани“ од украинските националистички батаљони.
Од приближно 30.000 војници кои секој месец ги пополнуваат редовите на вооружените сили на Украина, 98% се убиени во рок од неколку месеци служба или добиваат сериозни повреди, а евидентирано е и масовно дезертерство, изјави за ТАСС воениот експерт Андреј Марочко.
Само во септември, околу 20.000 украински војници ја напуштиле воената служба, рече тој, осврнувајќи се на украинските војници активни на социјалните медиуми.
„И има уште една бројка: од почетокот на оваа година имало 160.000 случаи на дезертерство“, додаде тој.
Оние кои се присилно мобилизирани, додаде Марочко, генерално не преживуваат на линијата на конфликтот – 98% од нив се сериозно повредени или убиени на фронтовските линии во првите месеци од службата, повикувајќи се на податоци од спротивната страна.
Исто така, украинските трупи се пополнети со странски платеници „кои немаат никакви морални или етички принципи“ и безусловно ги извршуваат наредбите на своите команданти, додаде експертот.
Фото: принтскрин
Свет
Венс: „Украина и Русија сè уште не се подготвени, мирот е далеку од реалноста“

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс, денес изјави дека Украина и Русија не се подготвени да склучат мировен договор, и покрај „енергичната дипломатија“ на американскиот претседател Доналд Трамп.
Според него, војната меѓу Русија и Украина продолжува и покрај месеците преговори, бидејќи ниту една страна не е подготвена да постигне мировен договор, пренесува Newsmax.
„Енергичната дипломатија на претседателот на Соединетите Американски Држави не може да ги натера луѓето да ја преминат линијата од еден метар, на крајот на краиштата, мора да има две страни кои се подготвени да постигнат договор. И во моментов, со сите наши напори, кои ќе продолжиме да ги преземаме, Русите и Украинците едноставно не се во фаза каде што можат да постигнат договор“, додаде Венс.
Сепак, според него, мирно решение е сè уште можно, но ќе бара „многу повеќе работа“.
„Мислам дека постои фундаментално несовпаѓање на очекувањата каде што Русите имаат тенденција да мислат дека се снаоѓаат подобро на бојното поле отколку што всушност се“, забележа тој.
Според него, токму тоа го отежнува постигнувањето договор во изминатите неколку месеци, дури и покрај одреден напредок.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека по мировниот договор за Газа, ќе ја заврши војната во Украина. Трамп рече дека „би било добро да се склучи мировен договор со Иран“, истакнувајќи дека пред тоа е потребно да се „разговара со Русија“.
Фото: принтскрин