Свет
Во Бразил пронајдена нова варијанта на коронавирусот
Нова варијанта на коронавирусот е пронајдена во Бразил, соопштија тамошните здравствени власти во средата.
Научниците откриле нова варијанта во градот Сорокаба во близина на Сао Пауло и вршат понатамошни истражувања.
„Новата варијанта е слична на онаа пронајдена во Јужна Африка“, соопшти бразилскиот Биомедицински институт „Бутантан“ на „Твитер“.
Варијантата е откриена кај 34-годишна жена, која имала полесни симптоми, пишува порталот „Г1“, а пренесува агенцијата ДПА.
Пациентката наводно рекла дека во брзо време не патувала во Бразил или надвор од земјата.
Мутациите се вообичаена појава кај вирусите и се јавуваат кога се менува генетскиот состав во текот на репликацијата.
Некои промени им даваат предност на вирусите бидејќи ги прават позаразни, пишува ДПА.
Досега се откриени повеќе варијанти на коронавирусот, а најголема загриженост предизвикаа оние пронајдени во Велика Британија, Јужна Африка и во Бразил.
Бразил е меѓу најтешко погодените земји од пандемијата, а само САД имаат поголем број смртни случаи и инфекции.
Најголемата јужноамериканска држава секој ден соборува рекорди по бројот на смртни случаи. Министерството за здравство во средата објави дека тој ден починале рекордни 3.869 лица, со што беше соборен рекордот од еден ден претходно.
Вкупно 321.000 луѓе починаа во Бразил, а од почетокот на пандемијата потврдени се 12,7 милиони случаи на инфекција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Експлозив фрлен во близина на опозициска пратеничка во Хондурас
Опозициската политичарка од Хондурас, Гладис Аурора Лопез, е повредена кога во нејзина близина била фрлена експлозивна направа во Националниот конгрес во Тегусигалпа.
Според соопштението на Националната партија, експлозивот детонирал на само неколку сантиметри од Лопез, при што таа се здобила со повреди на грбот.
Видео до кое дојде „Ројтерс“ го прикажува моментот кога предметот бил фрлен додека Лопез се приближувала за да разговара со претставници на медиумите, по што дошло до експлозија.
Инцидентот се случил во период на политичка недоверба по изборите, на кои центристичкиот кандидат Салвадор Насраља поднел жалба до Изборниот правосуден трибунал, барајќи повторно пребројување на гласовите во повеќе департмани, откако изборното тело го прогласило кандидатот на Националната партија, Насри Асфура, за победник, со разлика помала од еден процент од гласовите.
Двајцата настојувале да ја соборат од власт левичарската партија Либре на претседателката Ксиомара Кастро, чија кандидатка Рикси Монкада на изборите завршила на третото место.
Фото: pexels
Свет
Трамп: Го откажав вториот напад во Венецуела
Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад во земјата минатата сабота.
Трамп денеска изјави дека САД и Венецуела добро соработуваат, особено кога станува збор за обновата, „во многу поголема, подобра и помодерна форма“, на нивната нафтена и гасна инфраструктура.
„Поради оваа соработка, го откажав претходно очекуваниот втор бран напади, кој се чини дека нема да биде потребен. Сепак, сите бродови ќе останат на позициите од безбедносни причини“, додаде Трамп.
Претходно, венецуелската влада соопшти дека започнала со ослободување на притворени лица кои се сметаат за политички затвореници, што официјалните претставници го опишаа како гест на добра волја.
Нивното ослободување долго време беше барање на САД.
Министерството за надворешни работи на Шпанија потврди дека пет нејзини државјани се пуштени на слобода, меѓу кои и истакнатата венецуелско-шпанска активистка за човекови права Росио Сан Мигел.
Хорхе Родригез, претседател на Народното собрание на Венецуела и брат на нејзината привремена претседателка Делси Родригез, изјави дека привремената влада ги ослободува притворените во интерес на „националното единство и мирниот соживот“.
Се верува дека во озлогласениот затвор Ел Хеликоиде, за кој Трамп по апсењето на Мадуро најави дека ќе биде затворен, се наоѓаат до 80 затвореници.
Трамп, исто така, тврдеше дека нафтените компании, со многу од нив тој денеска треба да се сретне во Белата куќа, ќе инвестираат „најмалку 100 милијарди долари“.
Фото:Depositphotos
Европа
(Видео) Силна бура ги погоди Франција и Велика Британија, објавени се снимки
Силни ветрови ги погодија Франција и Велика Британија денеска, додека бурата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домови без струја. Во Франција, околу 380.000 домови останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија Енедис.
Налети на ветер од над 150 км/ч беа регистрирани преку ноќ во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 км/ч во Барфлер, а железничкиот оператор SNCF ги прекина железничките услуги помеѓу Париз и регионот Нормандија.
Во Велика Британија, 57.000 домови останаа без струја, според National Grid, откако бурата Горети донесе повеќе снег во земјата по една недела студено време. Се очекува стотици училишта да бидат затворени низ Шкотска и делови од централна Англија, кои беа особено погодени од бурата Горети.
Железничките оператори во тој дел од Англија ги предупредија патниците да не патуваат, а некои услуги се прекинати.

