Свет
Во Кина продавале солена вода како вакцина и заработиле речиси 2,8 милиона евра, дел од шишињата завршиле во странство

Кинеските власти го уапсија водачот на групата што продаваше солена и минерална вода како вакцина против коронавирусот, пренесува Би-би-си.
Човекот, идентификуван како Конг, првин детаљно истражувал како изгледа вистинското пакување на вакцината, а потоа направил повеќе од 58.000 лажни шишиња. Серија од овие лажни вакцини се шверцувани и во странство, но не е познато каде завршиле.
Конг е едно од 70-те лица уапсени во Кина за слични престапи. Апсењето се случило откога властите во Пекинг соопштиле дека ќе застанат на патот за продажба на лажни вакцини.
Конг и неговиот тим се товарат дека со измама заработиле приближно 18 милиони јуани (околу 2,8 милиона евра). Се верува дека тие продавале фалсификувани вакцини од август минатата година. Пакет од речиси 600 дози вакцина бил испратен во Хонгконг во ноември минатата година, а потоа бил прошверцуван во странство.
Во други случаи вакцините се продавани по надуени цени во болниците. Некои криминалци сами организирале вакцинирање ангажирајќи селски лекари да одат од куќа до куќа и да вакцинираат луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Железничката станица во Виена е евакуирана поради закана за бомба

Полицијата ја расчисти и евакуираше главната железничка станица во Виена поради неодредена закана, а железничките услуги се прекинати, објавија полицијата и националната железничка компанија ОББ.
Полицијата не извести каква е можната закана, но таблоидот Heute објави дека се работи за закана со бомба, пренесува N1.
Австрија минатата година претрпе серија лажни закани за бомби кои привремено ги затворија главните железнички станици, предизвикувајќи постојано одложување на железничките услуги.
„Во тек е голема полициска акција на централната станица во Виена. Откако се дозна за заканата, станицата се евакуира“, напишала виенската полиција на мрежата Х, повикувајќи ја јавноста да избегнува непотребни патувања и престој во близина на областа.
Полицијата соопшти дека се прекинати и другите облици на јавен превоз што минуваат низ споменатиот дел од градот, а станицата е центар за метро, трамваи и автобуси.
Свет
Мерц: Конфликтот Трамп-Зеленски беше намерна ескалација

Јавниот судир меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа беше „намерна ескалација“, изјави денеска германскиот победник на изборите Фридрих Мерц.
„Ова не беше спонтана реакција на интервенциите на Зеленски, туку очигледно намерна ескалација на состанокот во Овалната соба“, рече Мерц на прес-конференција во Хамбург.
Тој изјави дека Европа е под притисок да реагира брзо.
Мерц изјави дека во моментов не планира патување во САД. Тоа ќе го направи дури откако ќе биде избран за канцелар во Бундестагот. Во исто време, тој го бранеше канцеларот Олаф Шолц (СПД) од критиките за неговата улога на самитот на западните шефови на држави и влади во Лондон.
Вообичаено, прес-средбите останоците во Овалната соба траат само неколку минути – во петокот тоа беше поинаку, рече Мерц. Тој додаде: „Бев донекаде изненаден, исто така и од меѓусебниот тон. Тоа не помогна на работата“. Сепак, тој се залага „да направиме сѐ што можеме за да ги задржиме Американците во Европа“, рече тој на позадината на шпекулациите дека Трамп би можел да повлече делови од американските трупи од Германија.
Свет
„Нешто големо ќе се случи утре вечер“: Трамп објави мистериозна порака

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави мистериозна порака во која најави дека ноќта меѓу вторник и среда ќе се случи „нешто големо“, според медиумите во регионот.
„Нешто големо ќе се случи утре вечер. Ќе кажам како што е“, напиша Трамп. Неговата изјава предизвика голем број шпекулации, особено затоа што се очекува утре да се обрати на заедничката седница на Конгресот.
Како што пренесуваат медиумите, американските претседатели обично го одржуваат обраќањето за состојбата на нацијата по најмалку една година на функцијата, но Трамп одлучил да се обрати порано.
Републиканецот Мајк Џонсон изјави за „Фокс њуз“ дека претседателот вообичаено нема да одржи говор како овој во овој момент од неговиот мандат, но дека тоа сепак ќе биде „Обраќање за состојбата на нацијата“, истакнувајќи дека Трамп „ја стави Америка на поцврста основа“.
Трамп претходно на својата мрежа рече: „Единствениот претседател кој не и предаде ни педа од Украина на Русија, на Путин е Доналд Џеј Трамп. Запомнете го тоа кога се критикуваат слабите и неефикасни демократи, а медиумите објавуваат се што ќе кажат“.
Неговата објава дополнително ги поттикна шпекулациите за тоа што би можело да биде „големото изненадување“ што тој го најави.