Свет
Во САД извршена трета смртна казна за една недела

Во САД е извршена трета федерална смртна казна. Дастин Ли Хонкон (52) бил егзекутиран со смртоносна инекција во централната држава Индијана.
Станува збор за студент по хемија, кој станал шверцер на дрога и шеф на дистрибуција на метамфетамин мрежа. Тој во 1993 година убил пет лица, меѓу кои и две девојчиња на возраст од 6 и 10 години, за да не сведочат против него.
Хонкон бил прогласен за виновен и осуден на смрт во 2005 година.
За првпат по 2003 година, во САД оваа недела беа извршени смртни казни. Ова следуваше откако Врховниот суд даде зелено светло за егзекуциите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
И Макрон оди во Вашингтон со Зеленски, потврдено и пристигнувањето на шефот на НАТО и Мерц

Францускиот претседател Емануел Макрон и финскиот претседател Александар Стаб потврдија дека утре ќе бидат во Вашингтон на состанок меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп.
Потврдено е дека ќе им се придружи и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Претходно беше објавено дека на состанокот ќе се приклучат германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Свет
Русите: Уништивме 300 дронови и погодивме складишта со моќни ракети

Руските сили собориле 300 украински дронови и погодиле складишта со ракети „Сапсан“, додека во регионот Донецк се водат жестоки борби во кои украинските сили се обидуваат да го запрат руското напредување, тврди руското министерство за одбрана, а известуваат и воени блогери, пренесува „Ројтерс“.
Руското министерство за одбрана навело дека руските сили зазеле поволни позиции во близина на населеното место Золотиј Колодјаз во регионот Донецк, иако проукраинските карти покажале дека украинските сили успеале да го сопрат рускиот продор.
Според соопштението на министерството, воените авиони, дронови и ракети биле користени за напади врз украинските складишта со ракети Сапсан низ целата земја.
„Четири воздушни бомби и 300 беспилотни летала биле соборени од системите за противвоздушна одбрана“, стои во соопштението на министерството.
Украина неодамна воведе во употреба сопствен балистички систем „Сапсан“ (познат и како „Хрим-2“), развиен за да ги замени советските ракети и да ја зајакне домашната одбрана. Станува збор за проектили со дострел до околу 300 километри, со боева глава тешка речиси половина тон, кои можат да летаат со брзина поголема од 5 Мах.
Таквите карактеристики го ставаат во ранг на рускиот „Искандер“ и го прават исклучително тежок за пресретнување со постоечките системи за противвоздушна одбрана.
Според украинските и западните извори, „Сапсан“ првпат бил употребен во борба во мај оваа година, а по успешното тестирање започнала и сериската продукција. Ракетата е наменета за прецизни удари по стратешки цели како командни центри, складишта за муниција, логистички јазли и воздушни бази, а домашното производство ѝ дава на Украина дополнителна стратешка автономија и го намалува ослонувањето на сојузничките испораки.
Свет
Урсула фон дер Лајен: Одам со Зеленски во Вашингтон

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека утре ќе патува во Вашингтон заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Таа изјави дека самиот Зеленски ја повикал да му се придружи на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп. Додаде дека неколку европски лидери ќе ѝ се придружат во Вашингтон, но не прецизираше кои се тие. „Политико“ претходно објави дека еден од нив ќе биде финскиот претседател Александар Стаб, а можеби и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
Зеленски ќе се сретне со фон дер Лајен во Брисел во текот на денот, а потоа заедно ќе отпатуваат за САД.
This afternoon, I will welcome @ZelenskyyUa in Brussels.
Together, we will participate in the Coalition of Willing VTC.
At the request of President Zelenskyy, I will join the meeting with President Trump and other European leaders in the White House tomorrow.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) August 17, 2025