Контакт

Свет

Во Сингапур најмногу новозаразени во еден ден од почетокот на пандемијата

Објавено пред

Владата на Сингапур објави дека уште 447 лица биле заразени со коронавирус во последните 24 часа.

dobivaj vesti na viber

Тоа е најголем број новозаразени во еден ден откога трае пандемијата, а Сингапур е една од земјите со најдобра контрола на епидемијата досега. Инфицирани се речиси 4.000 луѓе, а досега починале десетмина.

Повеќето од новозаразените се мигрантски работници што живеат во многу тешки услови. Според „Њујорк тајмс“, по 20 лиѓе живеат во мали соби и делат бањи и кујни. Речиси половина од вкупно заразените во Сингапур се евтино платени работници што доаѓаат главно од Индија и Бангладеш.

„Морам да признам дека не бевме добро запознаени со условите во кои живеат овие работници. Тоа мора да се промени и ние ќе работиме на тоа затоа што сакаме да научиме нешто од секоја епидемија“, рече Тео Јик Јинг, експерт од националниот универзитет, а владата најави дека итно ќе го реши тој проблем.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Француски извори: Трамп сакаше да ја откаже средбата со Зеленски, Макрон реши се

Објавено пред

Односите меѓу украинскиот претседател Володомир Зеленски и претседателот на САД, Доналд Трамп се толку напнати што француските медиуми пишуваат дека американскиот претседател наводно размислувал целосно да ја откаже посетата, за да биде убеден од францускиот претседател Емануел Макрон да продолжи со тоа.

dobivaj vesti na viber

БФМТВ, повикувајќи се на дипломатски извор, објави дека тимот на Трамп вчера и кажал на Украина дека состанокот ќе биде откажан, поради што Зеленски разговарал со Макрон, кој интервенирал во негово име.

На крајот, поканата беше повторно на маса, а Зеленски се очекува да биде во Белата куќа подоцна денеска – но сигурно ќе има одредена нервоза, не само до почетокот на состанокот, туку и до неговото завршување, бидејќи има многу потенцијални прашања кои би можеле да ги попречат разговорите.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Италија се уапсени 34 лица и извршени претреси во истрагата за детска порнографија

Објавено пред

Италијанската полиција денеска соопшти дека уапсила 34 лица ширум земјата во рамки на истрагата за детска порнографија.

dobivaj vesti na viber

Се додава дека исто така биле извршени 100 претреси во 56 градови, пренесува Раи.

Акцијата ја спроведува италијанската државна полиција во координација со обвинителството во Катанија, а во акцијата учествувале повеќе од 500 полицајци, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Најмалку 47 луѓе заробени по уривањето глечер во Индија

Објавено пред

Се стравува дека најмалку 47 луѓе се заробени по пукање на глечер во индиската хималајска држава Утаракханд, објавија денеска локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случил во близина на автопат во регионот Чамоли, на помалку од пет километри од популарниот хинду храм Бадринат, кој секоја година го посетуваат стотици илјади верници.

Најмалку 57 работници кои граделе пат во област што граничи со Тибет останале заробени по лавина предизвикана од пукање на глечер, изјави за новинската агенција АНИ високиот полициски службеник Нилеш Ананд Барне.

„Од нив, 10 работници беа спасени и испратени во воен камп во близина на Мана (село) во критична состојба“, рече тој.

„Предизвик е за спасувачите да стигнат до местото каде што се заробени 47 луѓе бидејќи паѓа силен снег“, изјави друг висок функционер за АНИ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Вработените во Македонската филхармонија најавуваат нов протест

Вработените во Македонската филхармонија во понеделник со почеток во 13 часот ќе одржат нов протест пред Министерството за култура и...

Македонија40 минути

„ДУИ прави терен за бојкот на локалните избори“, велат од „Влен“

„За да избегне програмска и кадровска реформа, на ДУИ очајно му треба политичка криза. Затоа веќе подолг временски период креираат...

Свет1 час

Зеленски пристигна во Вашингтон, ќе потпише клучен договор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Вашингтон, каде што се очекува да потпише важен договор за минерали со американскиот претседател...

Македонија3 часа

Мицкоски патува во Турција, ќе се сретне со Ердоган

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски патува во посета на Република Турција. Претседателот на Владата ќе...

Топ3 часа

Кривична против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид за злоупотреба на службената положба

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г. С. (48), директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид,...

Свет3 часа

Израел првпат призна сериозни воени неуспеси на денот кога Хамас изврши масакр

Израелската војска го објави првиот официјален извештај за грешките што доведоа до неуспех за време на нападот на Хамас на...

Свет5 часа

Објавени документите за Епстејн; Обвинителката: Има илјадници, ФБИ не ги испрати

Јавниот обвинител Пем Бонди објави документи за Џефри Епстејн. Како што претходно беше најавено, во документите нема нови информации или...

Свет5 часа

Ким Џонг-ун нареди целосна подготвеност за користење на капацитетите за нуклеарни напади

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нареди целосна подготвеност за користење на капацитетите за нуклеарни напади, објавија денеска државните медиуми. Џонг...

Македонија16 часа

Кривична пријава за 10 лица: Поранешен директор и затворски полицајци обвинети за бегство на осудени лица

На 24.02.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против десет лица...

Македонија18 часа

Јас имам два сина и знам колку троши 4-члено семејство: Димитриеска-Кочоска со навреди до Петровска

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска ја навреди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, велејќи дека нема право да зборува за...

Македонија21 час

Мицкоски: Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во Обвинителството и браник на минатата власт, друго не видовме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратеничка прашања истакна дека на јавниот обвинител Љупчо Коцевски му...

Македонија22 часа

„Во Стоматолошката комора владее целосен тоталитаризам и самоволие“: Стоматолозите бараат оставка од Денковски

Стоматолозите се загрижени за актуелните случувања во Стоматолошката комора на Македонија под водство на Маријан Денковски. Неговите одлуки и политики,...

Македонија23 часа

Трајановски не може да даде оставка оти е разрешен пред три месеци, велат од Град Скопје

Александар Трајановски не ја извршува функцијата заменик-градоначалник на град Скопје повеќе од три месеци, тврди Град Скопје. Оттука, како што...

Македонија24 часа

МНР: Амбасадорите се известени, Сиљановска ќе го потпише указот за нивното отповикување

Министерството за надворешни работи ја појасни постапката за отповикување на амбасадорите. Од тука информираа дека се во редовна и континуирана комуникација...

Македонија1 ден

Наредено уништување на 1.980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо од Полска

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведниот вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1.980...

Македонија1 ден

Отповикани осум амбасадори, кои беа назначени од Стево Пендаровски

Повлечени се осум амбасадори, кои беа назначени од поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски. Отповикани се амбасадорите Мето Белески –...

Македонија1 ден

Голема полициска акција, претреси на повеќе локации во Скопје

Затворски полицајци и дел од поранешното раководство на затворот во Шуто Оризари се под истрага за злоупотреби. Обвинителството потврди дека...

Топ1 ден

(Фото) Откриена и одземена поголема количина прехранбени производи во близина на Танушевци

На 25.02.2025 во 14.30 часот во близина на село Танушевци, скопско, при преземање мерки и активности, полициски службеници од Полициската...

Топ1 ден

Двајца 14-годишни малолетници од Скопје испраќале лажни закани за бомби во училишта

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното...

Европа1 ден

Стармер: Сè уште сме во разговори за евентуално испраќање британски војници во Украина

Британскиот премиер Кир Стармер повторно повика на американска безбедносна гаранција за Украина за да спречи нов руски напад додека се...