Свет
Во Холандија пуштен во употреба првиот трансродов пешачки премин
Додека неколку градови во Европа веќе создадоа специјални сообраќајни ознаки, бојосувајќи класични зебра-премини во боите на виножито за да ѝ оддадат почит на ЛГБТ-заедницата и да ги поддржат еднаквите права, еден холандски град тврди дека е првиот во светот што конкретно ги поддржува трансродовите луѓе, пренесува „Спутник“.
Холандскиот град Алмере, недалеку од Амстердам, отвори пешачки премин во три бои за поддршка на трансродовите луѓе. Пешачкиот премин, за кој се тврди дека е прв од ваков вид во светот, е обоен розово за девојчиња, сино за момчиња и бело за оние кои не чувствуваат дека припаѓаат на својот биолошки пол.
Специјалниот премин беше отворен за време на Зимската парада на гордоста во Алмере, што се одржа за промовирање еднакви права на ЛГБТ-заедницата.
„Во Алмере, секој може да биде што сака“, изјави алдерманот (клучна општинска позиција во Холандија) Јержи Сетекоу, претставник на социјалдемократите.
Новоотворениот трансродов премин не е првиот специјален знак на поддршка за ЛГБТ-луѓето во Алмере бидејќи веќе има пешачки премин во боите на виножито. Неколку европски градови, меѓу кои и Мастрихт, Лондон, Париз и Хамбург, исто така, имаат вакви пешачки премини.
Реакцијата за овој знак за поддршка на трансродовите луѓе е мешана. Додека некои го поздравија овој потег на профилот на Алмере на Фејсбук, други ја доведоа во прашање законитоста за воведување посебен сообраќаен маркер.
„Сите научивме дека пешачкиот премин е црнобел за предност на сите пешаци. Дали ова значи дека не треба да им давате приоритет на нетрансродови луѓе и да продолжите да возите? Зарем не треба ова да се прилагоди на Законот за сообраќај?“, гласи еден од коментарите.
Некои беа покритични во врска со идејата, сугерирајќи дека изгледа како шега.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бурата Јоханес ја погоди Шведска, повеќе од 40.000 домаќинства без струја
Бурата Јоханес ја погоди Шведска носејќи силни ветрови и снежни врнежи, додека повеќе од 40.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
Според метеоролозите, бурата се шири брзо и се очекува ветровите да се зајакнат во текот на денот.
Бурата започна ноќеска од северот на земјата, со многу силни ветрови, додека жолти и портокалови временски предупредувања беа издадени за поголемиот дел од Шведска, пренесе локалниот портал Expressen.
Свет
По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев
Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија.
Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални напори за што поскоро враќање на снабдувањето, објави премиерката на Украина Јулија Свириденко на социјалните мрежи.
„Работиме на решавање на последиците од ноќниот напад врз Киев и регионот. Предупредувањето за воздушна опасност во Киев беше на сила 10 часа. Една жена почина во регионот на Киев. Во главниот град досега се повредени 32 лица“, рече Свириденко.
Службите за итни случаи се на терен, кои, заедно со медицинските екипи, ги расчистуваат урнатините и им пружаат помош на жртвите. Премиерката додаде дека во нападот се оштетени цивилни и енергетски објекти.
Во моментов, над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без централно греење“
Свет
Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на пат кон Флорида, каде што ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, ќе ја посети и Канада, каде што ќе разговара со премиерот на земјата, Марк Карни.
Како што објави Укринформ, Зеленски им изјавил на новинарите дека за време на неговиот престој во Канада е планирана и онлајн комуникација со европските лидери.
Според него, разговорите ќе ги опфатат сите релевантни прашања, вклучително и деталите за документите што ќе ги разговара со американскиот претседател. Зеленски рече дека ќе се разговара и за „чувствителни прашања“.
Укринформ претходно објави дека Зеленски разговарал со германскиот канцелар Фридрих Мерц за подготовките за претстојната средба со Трамп. Тој исто така рече дека мисли дека неговиот состанок со Трамп ќе биде пред камери и медиуми.
„Мислам дека нашиот состанок ќе биде пред камери и медиуми. Не знам дали на почетокот или на крајот, но тоа ќе биде јавен состанок“, рече украинскиот претседател.

