Регион
Во Хрватска годишно се фрлаат околу 380 илјади тони храна
Во Хрватска на годишно ниво се фрлаат околу 380 илјади тони здрава храна, покажуваат податоците земени од студија направена од страна на Европската комисија. Истата студија покажува дека на ниво на Европската Унија, на годишно ниво се фрлаат околу 88 милиони тони храна, изјави координаторката за Хрватска на проектот.
Како дел од проектот денеска во Хрватска била спроведена и панел-дискусија, чија цел била да се едуцираат сите граѓани, вклучувајќи ги и произведувачите на храна, како да придонесат до помало фрлање на храната.
„Често како потрошувачи на храна сметаме дека најголемата количина на фрлена храна доаѓа од супермаркетите и угостители, но 53 проценти од фрлената храна сепак доаѓа од домаќинствата. Статистичките податоци покажуваат дека поголем дел од храната ја фрлаат луѓето кои живеат сами, потоа следуваат луѓето кои живеат во урбаните средини и имаат повисоки примања и семејства со мали деца”, рече хрватската координаторка на проектот, Татјана Поповиќ-Филиповиќ, и додаде дека целта на Европската комисија до 2030 година е да се намали отпадот-храна за 50 проценти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Американец загина во Словенија: се искачувал на Триглав
Американски државјанин загина во Словенија, најверојатно откако паднал од планинарска патека на Алпите, соопшти словенечката полиција.
Семејството на 33-годишникот изјави дека тој тргнал на планинарење во понеделник наутро до Триглав, највисокиот врв во Словенија, а потоа исчезнал, објави словенечката новинска агенција СТА.
Неговото тело е пронајдено вчера околу 1 часот наутро на дното од планинарска патека. Полицијата соопшти дека првичните наоди укажуваат дека паднал по стрмна падина.
Идентитетот на починатиот не е објавен.
Словенија е популарна дестинација за планинари и алпинисти поради бројните патеки во Јулиските Алпи.
Регион
Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија: Вучиќ вели дека никој нема да оди во Брисел
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан, односно дека Србија нема да има свој претставник.
„За прв пат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот Балкан ќе биде без Република Србија“, изјави претседателот за РТС.
Тој изјави дека донел таква одлука за да не биде обвинет никој друг и дека Владата нема да трпи никаков притисок.
Тој рече дека во претходните 24 часа разговарал со голем број европски лидери.
„Искрено сум благодарен за почитта што Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта ја покажаа кон Србија. Исто така, сум благодарен и на претседателот Макрон, со кого разговарав синоќа. Сметам дека сè што правам, го правам за граѓаните на Србија. Без оглед на тоа што знам дека оваа одлука ќе предизвика критики, и во Брисел и од оние кои секогаш критикуваат, дури и кога не знаат точно што критикуваат. Верувам дека со ова ја штитам Република Србија и нејзините интереси, бидејќи мора да покажеме што сме направиле“, рече Вучиќ.
Тој повтори дека Србија ќе го продолжи својот европски пат додека тој е претседател, а потоа, како што рече, ќе видиме, пренесува РТС.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.

