Свет
Во Џорџија ќе има втор круг, ниту еден кандидат за сенатор нема 50 отсто

Сенаторската трка во Џорџија меѓу републиканецот Хершел Вокер и демократот Рафаел Ворнок ќе оди во вториот круг.
Американците гласаат на конгресните избори за целиот мандат на Претставничкиот дом и за нешто повеќе од една третина од мандатот на Сенатот. Според повеќето прогнози, републиканците ќе победат во Претставничкиот дом, а ситуацијата во Сенатот е неизвесна.
Популарно наречени среднорочни избори, бидејќи се одржуваат на половина пат од претседателскиот мандат, тие традиционално се еден вид референдум за актуелниот претседател и речиси по правило партијата на власт во Белата куќа ја губи моќта во Конгресот.
Во сегашното свикување на Претставничкиот дом демократите имаат тенко мнозинство (222 спрема 213) и речиси е сигурно дека сега ќе го изгубат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Орбан: Трамп ја повикува Унгарија да ја напушти ЕУ

Неочекуваното појавување на унгарскиот премиер Виктор Орбан на состанокот организиран од неговата партија Фидес во градот Пишверсвар, околу педесет километри северно од Будимпешта, резултираше со разјаснување на одредени важни прашања за кои досега во јавноста циркулираа различни информации, пренесуваат медиумите во регионот.
Според написите, во таа прилика, тој меѓу другото, признал дека американскиот претседател Доналд Трамп го повикал Унгарија да ја напушти Европската Унија и споменал „тајни договори“ со други земји-членки на ЕУ, чија цел е да се спречи исклучување на Унгарија од процесот на донесување одлуки во блокот.
Според унгарскиот премиер изборите во 2026 година ќе бидат „тешка борба“, дури и во изборните единици каде што Фидес претходно победи. Тој го наведе примерот на баварската партија ЦСУ, која моментално се соочува со тешкотии и покрај тоа што е на власт 70 години, но не призна никакви грешки во политиките на Фидес. Тој ги припиша лошите резултати што ги постигна неговата партија на анкетите на промените во глобалните комуникациски трендови, истакнувајќи дека сега помалку луѓе читаат печатени медиуми или гледаат телевизија. Наместо тоа, мнозинството се одлучува за информации преку интернет, вклучително и читање коментари на социјалните мрежи, рече Орбан и призна дека Тиса во моментов е пред Фидес во оваа област.
„Ако продолжиме со традиционалната политика, не е сигурно дека ќе победиме“, заклучи тој.
Осврнувајќи се на одредени геополитички прашања, тој ја поврза миграцијата со војната во Украина и го критикуваше Брисел во тој контекст. Западот, како што рече, поддржува населување на мигранти во Европа, а во исто време ја помага војната во која христијаните се борат едни против други“, што според него е недозволиво.
Орбан, исто така, ги спомена обидите за лишување на Унгарија од правото на глас во Советот на ЕУ поради загриженост за владеењето на правото и изјави дека постојат неколку внатрешни договори со земјите-членки на ЕУ што би ја заштитиле Унгарија од последиците од таквите напори.
Откако изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп му предложил Унгарија да ја напушти ЕУ, новинарот на RTL прашал дали таков предлог го загрозува суверенитетот на неговата земја, што е клучна тема во политичката кампања на Фидес. Орбан одговори негативно, додавајќи дека „зависи од тоа дали Трамп се шегувал или не“.
Регион
Вучиќ в среда им се враќа на работните обврски

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, ќе се врати на своите службени обврски од среда, дознава Б92.нет од Генералниот секретаријат на Претседателството.
Според Б92.нет, за среда наутро се закажани средби со рускиот и британскиот амбасадор.
Се очекува српскиот претседател да се обрати до нацијата во среда навечер.
Вучиќ ја прекина посетата на САД поради болки во градите, по што се врати во Србија. Лекарите препорачаа неколку дена строг одмор.
Српскиот претседател денеска се огласи на Инстаграм. „Почнувајќи од оваа недела, ќе чекориме самоуверено, со вера во нашите срца и души, бидејќи никој не може да ја запре Србија која создава, гради и сонува. Поминавме низ тешкотии, наидовме на пречки, но тие не нè скршија. Не можеа, бидејќи соништата на народот кој верува во работата, чесноста и љубовта кон својата земја не можат да бидат уништени.
Гордоста, достоинството и вербата во подобро утре отсекогаш нè воделе! Значи, продолжуваме заедно кон целта, јас одам пред вас за да бидам штит, да се борам и да дадам сè што можам за земјата што ја сакам.
Сите мора да продолжиме напред за Србија – заедно, силно, непоколебливо. Да живее Србија“, рече Вучиќ.
Свет
(Видео) Град на духови: Вака изгледа Торецк денес – пред војната таму живееле 30.000 луѓе

Торецк, индустриски град во Донецката област во источна Украина, бил дом на повеќе од 30.000 луѓе пред да започне руската инвазија. Основан во 19 век како рударска населба, за време на советскиот период се развил во важен центар за експлоатација на јаглен, со развиена инфраструктура и бројни индустриски постројки.
Украинците неодамна објавија видео од Торецк снимено со дрон. Снимките прикажуваат сцени слични на оние од освоената Авдиивка или Бахмут – безживотен град, покриен со прашина и урнатини.
Toretsk.
Some 30,000 used to live in (what used to be) this Ukrainian city in Donbas by 2022. And then the plague of Russian fascism came.
Population in 2025: Close to 0. pic.twitter.com/FBSPapL0lA
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) May 3, 2025
Во февруари 2022 година, Русија започна целосна инвазија на Украина и го нападна целиот источен дел од земјата, вклучувајќи го и регионот Донбас каде што се наоѓа Торецк. Иако градот бил под украинска контрола, тој бил многу блиску до фронтовската линија и често бил изложен на артилериски напади. Од летото 2024 година, ситуацијата се влоши уште повеќе. Руските сили го зголемија притисокот, а цивилното население почна масовно да го напушта градот.
Според локалните власти, пред војната во Торецк живееле повеќе од 30.000 луѓе, но сега се останати помалку од 3.500. Градот претрпе огромно уништување. Станбените згради, училиштата и болниците беа уништени во континуираното гранатирање. Според извештаите од украински и меѓународни извори, повеќе од 70% од урбаните структури се оштетени или целосно уништени.
Во март 2025 година, украинските сили започнаа локална контраофанзива и успеаја да ја вратат контролата врз делови од Торецк. Сепак, борбите сè уште продолжуваат, а градот, некогаш симбол на рударската моќ, денес е речиси целосно празен, пуст и полн со урнатини.