Свет
Врховниот суд во Индија дозволи да се убиваат тигри опасни за луѓето

Врховниот суд во Индија ја отфрли жалбата за спречување на шумските ренџери да убијат тигрица која напаѓа луѓе во западната држава Махараштра. Според информациите од властите, тигарот убил пет лица, а активистите се сомневаат дали животното е одговорно.
Судот соопшти дека нема да се меша ако шумските ренџери се принудени да го убијат тигарот.
Поради брзото уништување на шумите, тигрите често доаѓаат во конфликт со селаните што живеат во близина на нивните резервати.
Популацијата на тигри во Индија, која неколку години беше во опаѓање, постојано се зголемува од 2006 година кога земјата ги зголеми своите напори за зачувување.
Надлежните најавија дека најпрвин ќе се обидат да ја смират тигрицата наречена Т1, па ќе пробаат да ја фатат. Ако не успеат во тоа, тогаш ќе мора да ја застрелаат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Украина ќе мора да направи одредени компромиси, но тие нема да бидат толку големи колку што мислат луѓето

По средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп ги пофали „неверојатно храбрите“ украински војници и им оддаде почит за нивната тригодишна борба против руската агресија.
Трамп, исто така, рече дека суштината на новиот договор е дека Украина „ќе остане во борбата“.
Американскиот претседател истакна дека Украина ќе мора да направи одредени компромиси бидејќи договорите не се прават без компромиси, но увери дека тие нема да бидат толку големи колку што мислат луѓето.
Доналд Трамп и Володимир Зеленски почнуаа да даваат изјави во Овалната соба.
Свет
Трамп: Договорот за минерали е главна обврска за САД и ќе биде потпишан денес

Доналд Трамп и Володимир Зеленски почнуваат да даваат изјави во Овалната соба.
Трамп потврдува дека договорот за минерали со Украина ќе биде потпишан денеска и вели: „Имаме нешто што е многу фер договор“.
„Тоа е голема посветеност од страна на САД“, додава тој.
Зеленски вели дека се надева дека „овој документ ќе биде чекор напред за Украина“.
Украинскиот претседател, исто така, им кажа на новинарите дека сака да разговара со Трамп за „што се подготвени да направат САД“.
Свет
Зеленски пристигна во Белата куќа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Белата куќа, каде што беше пречекан од Доналд Трамп.
Двајцата лидери се ракуваа и позираа со неколку фотографии пред новинарите.
Настаните започнуваат во 11:00 часот по локално време.
Белата куќа веќе има развиено рутина за овие високо координирани пристигнувања, со оглед на неодамнешните посети на францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер претходно оваа недела.