Свет
„Вршат психолошки терор врз Вучиќ“, рече Брнабиќ која се спротистави на новинари и ги обвини дека лажат

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, жестоко го нападна порталот „Данас.рс“, кои се критичари на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Брнабиќ посочи дека редакцијата на „Данас“ одработува за нивниот газда кој се занимава со политика и сака да дојде на власт. Според неа, се штитат инсклучително интересите на газдата кој го нарекува тајкун.
„Тоа што го прават е да ни ја убијат државата… Напаѓајте, но не лажете. На пример, не ми се допаѓа како пишува во печатот, но имаат свои принципи. Но, нема принципи во тоа што го читаш во ‘Данас’. Нивната уредувачка политика зависи само од тоа што прави власта, нивно е само одат контра“, изјави Брнабиќ.
Таа потоа ги прикажа насловните страници со кои се напаѓа Данило, синот на претседателот Вучиќ и посочи дека на тој начин се врши психолошки терор врз претседателот.
Брнабиќ потоа покажа интервју со Даниел Смит, претставувајќи го како анонимен албански лобист, кое било објавено, а потоа и избришано.
„Секако дека треба да се справам со тоа и ќе се борам, бидејќи ваквите работи ја убиваат нашата земја. Не ми пречи нападот, ми пречи лагите“, истакна Брнабиќ.
Фото: пинк.рс/принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.