Регион
Вучиќ пред доаѓањето во Охрид: Лаги има колку сакате, се изненадив што ќе има 200 медиуми

На еден ден пред разговорите помеѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти, пристигна и првата порака за очекувањата. Вучиќ за српските медиуми посочува дека е изненаден од огромната медиумска покриеност, па посочи дека се надева на пристоен разговор, иако не е сигурен дали ќе го има.
„Не патувам во Охрид со никакви пораки, туку за да ги застапувам нашите интереси. Не користам никакви трикови. Лаги има колку сакате. Тие трикови имаат краток век. Се што имав, им кажав на Ескобар и Лајчак, а утре ќе им кажам на Борел и Курти. Кога ми кажаа дека веќе се дојдени преку 200 медиумски куќи – се изненадив, но се надевам на пристоен разговор. Ќе има или не – не сум оптимист. Но знаете дека ништо не се сменило од собраниската дискусија“, рече Вучиќ.
Средбата Вучиќ-Курти ќе биде за нормализација на односите помеѓу двете земји. Состанокот во Охрид е продолжение на дискусијата што двајцата лидери ја имаа на 27 февруари во Брисел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.