Свет
В недела целосно затемнување на Месечината, ќе трае еден час

Месечината, Земјата и Сонцето за време на викендов ќе бидат во иста линија кога се очекува целосно затемнување на Месечината, појава што нема да се повтори ниту оваа ниту наредната година. Истовремено, Месечината ќе биде најблиску до Земјата поради што ќе изгледа поголема и посветла од вообичаено, а тој феномен се нарекува Супер Месечина.
Американскиот астрофизичар Патрик Хартиган изјави дека тоа ќе биде интересно бидејќи ќе се случи и Супер Месечина и целосно затемнување на Месечината додавајќи дека затемнувањето ќе трае многу долго, околу еден час.
Затемнувањето ќе почне в недела вечерта или в понеделник рано наутро во зависност од тоа на кој дел од Земјата ќе се набљудува овој феномен. Сенката на Земјата целосно ќе ја прекрие Месечината во тек на 62 минути, наведуваат научниците и додаваат дека доколку биде ведро небото, феноменот ќе може да се види и во Северна и Јужна Америка, но и на Гренланд, Исланд, Ирска, Велика Британија, Норвешка, Шведска, Португалија, но и на брегот на Франција и Шпанија.
Другиот дел од Европа, како и Африка, ќе има само делумен поглед. Затемнувањето нема да биде видливо во Азија, Австралија и на Нов Зеланд. Наредното целосно затемнување на Месечината се предвидува во мај 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ким по средбата со Путин: Целосно ја поддржуваме Русија, тоа е наша братска должност

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека неговата земја ќе продолжи „целосно да ја поддржува“ Русија и нејзината војска како „братска должност“, објави државната новинска агенција КЦНА.
Ким се сретна со рускиот претседател Владимир Путин вчера во Пекинг на маргините од прославата на капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна. Путин изрази „длабоко почитување“ кон севернокорејските војници кои се борат против Украина, додаде агенцијата.
Северна Кореја испрати војници, артилериска муниција и ракети во Русија за да ѝ помогне во војната со Украина.
Јужнокорејското разузнавање верува дека северниот сосед планира да испрати уште 6.000 војници, покрај тие илјада што веќе се во Русија. Исто така, објавија дека во рускиот регион Курск, каде што учествувале во борбите, досега загинале околу 2.000 од нив.
фото: принтскрин
Европа
Захарова: Странска војска во Украина е неприфатлива, нема да разговараме за тоа

Русија не планира да разговара за распоредување на странски трупи во Украина во кој било формат и го смета за неприфатливо, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за новинарите.
Нејзиниот коментар дојде откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека ќе испрати европски трупи во Украина, идеја што исто така ја отфрли Германија.
Во интервју за „Фајненшл тајмс“ во неделата, фон дер Лајен рече дека Европа изработува „прилично прецизни планови“ за распоредување на мултинационални сили во Украина како дел од повоените безбедносни гаранции што би биле поддржани и од САД.
„Русија нема да разговара за странска интервенција во Украина во кој било формат, што е фундаментално неприфатливо и ги поткопува сите форми на безбедност“, рече Захарова.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Португалија во шок по несреќата со жичницата, 15 мртви: „Се движеше со полна брзина“

Португалија е во шок откако 15 лица загинаа кога жичницата „Глорија“, стара 140 години, една од главните туристички атракции во Лисабон, излета од шините. Уште 18 лица се однесени во болница, од кои пет се во сериозна состојба, потврдија службите за итни случаи, објави Би-би-си Њуз.
Властите соопштија дека меѓу загинатите во несреќата, која се случи вчера околу 18:05 часот, има странски државјани, но нивната националност сè уште не е потврдена.
Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас, ја посети болницата и ја нарече несреќата „трагичен момент за градот“. Португалската влада прогласи ден на национална жалост, а претседателот Марсело Ребело де Соуза изрази „сочувство и солидарност со семејствата погодени од оваа трагедија“.
🚨BREAKING🚨:LISBON FUNICULAR DERAILS 🚋
Close-up footage shows the Elevador da Glória, one of the city’s most iconic trams, after it jumped the tracks in central Lisbon. Emergency services rushed to the scene, with at least 3 fatalities confirmed. pic.twitter.com/zZ3D03PAXi
— The_Independent (@TheIndeWire) September 3, 2025
Полицијата и службите за итни случаи поминаа часови на местото на настанот, а започнати се неколку истраги за причината за несреќата. Истрагата ја водат компанијата што управува со жичницата, Националниот орган за безбедност во сообраќајот и криминалистичката полиција.
Компанијата за јавен превоз во Лисабон, „Карис“, објави дека се извршени сите редовни инспекции на жичницата – големи четиригодишни, привремени двегодишни, како и дневни, неделни и месечни проверки.
И покрај редовните проверки, изјавите на очевидци сугерираат дека системот за сопирање откажал, поради што жичницата се превртела по стрмна улица и се урнала во зграда.
#ÚLTIMAHORA ⚠️ Varios heridos en #Lisboa al descarrilar el Ascensor de la Gloria, uno de los funiculares más populares de la capital portuguesa.#Portugal #Lisbon pic.twitter.com/OtM2dOhTDe
— eSPAINews (@eSPAINews_) September 3, 2025
Неколку луѓе биле заробени во урнатините и морале да бидат ослободени од спасувачите. Снимките што кружеле на социјалните мрежи покажале дека светло жолтата жичница е превртена и целосно уништена. Еден сведок изјавил за португалскиот весник „Обсервадор“ дека возилото било „надвор од контрола, без сопирачки“.
„Сите почнавме да трчаме затоа што мислевме дека ќе ја удри онаа подолу“, рече Тереза д’Аво. „Но, излета од кривината и се урна во зграда.“ Друг сведок изјави за SIC TV дека жичницата се спуштила по стрмната улица „со полна брзина“. „Ја удрила зградата со брутална сила и се срушила како картонска кутија, немала сопирачки“, рече таа.
Жичницата „Глорија“ е едно од најпознатите обележја на Лисабон. Отворена е во 1885 година, а три децении подоцна е електрифицирана. Познатите жолти вагони се клучен дел од транспортот во ридестиот дел на Лисабон.
фото: принтскрин