Свет
ГАСИМ: Шпекулациите ги следат бродовите на НВО и ги насочуваат мигрантите кон нив
Германскиот центар за анализи и стратегија за илегална миграција (ГАСИМ) тврди дека шверцерите на луѓе во Северна Африка активно ги следат бродовите на НВО за транспорт на мигранти и ги испраќаат мигрантите кон нив, се вели во извештајот објавен на нивната веб-страница.
Агенцијата, со седиште во Потсдам, анализира информации за илегалната миграција и шверцот за неколку федерални власти, вклучувајќи ги федералната Канцеларија на криминалистичката полиција, федералната полиција, федералната Канцеларија за миграција и бегалци и федералната Канцеларија за заштита на Уставот.
Интерниот извештај на ГАСИМ, до кој дошол германски „Ди велт“, тврди дека шверцерите во Либија се свесни за враќањето на НВО за транспорт на мигранти во либиската зона за пребарување и спасување (САР) во последните неколку недели.
„Во присуство на невладините бродови забележани се концертирани поаѓања од Либија. Според бегалците и мигрантите, шверцерите ја користат функцијата за следење разни веб-страници за да ја утврдат локацијата на бродовите на НВО и во одделни случаи ги контактирале користејќи сателитски телефон“, се наведува во извештајот.
Извештајот ги поткрепува претходните обвинувања на италијанските обвинители во 2017 година дека невладините организации работеле директно со шверцерите на луѓе во Либија за да им помогнат при транспортот на мигрантите во Европа.
Од ГАСИМ велат дека бродовите на НВО донеле повеќе од две третини од мигрантите што пристигнале во првите два месеца од годинава пред избувнувањето на пандемијата на коронавирус, во Италија и на Малта.
Во првите два месеца бројот на мигранти во Италија се зголеми за 948 отсто во однос на претходната година кога популистичкиот сенатор Матео Салвини беше министер за внатрешни работи на Италија и спроведе строга политика за исфрлање на бродовите на НВО од италијанските пристаништа.
Извештајот на ГАСИМ тврди дека многу мигранти се обиделе да преминат во Европа, дури и без присуство на бродовите на НВО.
„И покрај отсуството на бродовите на НВО, повеќе од 800 мигранти сами стигнаа на италијанскиот остров Лампедуза на крајот од април и почетокот на мај или беа земени од туристички и комерцијални бродови во зоната на малтешки САР“, велат тие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

