Контакт

Свет

Герасимов: Новата руска воена реформа е одговор на можноста за проширување на НАТО

Објавено пред

Новата руска воена реформа е одговор на можноста за проширување на НАТО и колективниот Запад да ја искористи Украина во хибридна војна против Русија, изјави новоименуваниот началник на Генералштабот на руската армија, Валериј Герасимов, во своето прво јавно обраќање.

dobivaj vesti na viber

Путин ја одобри воената реформа во средината на јануари и таа може да се приспособи за да одговори на заканите за руската безбедност, изјави Герасимов за порталот „Аргументи и факти“.

„Денес тие закани ја вклучуваат желбата на НАТО да се прошири во Финска и Шведска, како и употребата на Украина како средство за водење хибридна војна против нашата земја“, рече Герасимов, кој беше назначен на 11 јануари.

Според новиот воен план на Москва, еден корпус ќе биде испратен во Карелија, република во северозападна Русија, која граничи со Финска, формирајќи две воени окрузи, Москва и Ленинград, кои постоеја пред да се спојат во 2010 година за да станат дел од Западниот воен округ. Во Украина ќе бидат испратени уште три моторизирани дивизии, кои ќе бидат дел од комбинираните воени формации во регионите Херсон и Запорожје.

„Главната цел е да се обезбеди заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата земја“, рече Герасимов додавајќи дека модерна Русија никогаш не била сведок на таков „интензитет на воени непријателства“, што ја принудува на офанзивни операции за стабилизирање на ситуацијата.

„Денес, нашата земја и нејзините вооружени сили дејствуваат против целиот колектив на Западот“, рече тој.

Во 11-те месеци по нападот на Украина, Русија ја смени својата воена реторика од операција во деназификација и демилитаризација на соседната земја во прикажување на војната како одбрана од агресивниот Запад, пренесе „Индекс.хр“.

Европа

(Видео) Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери

Објавено пред

Невидена трагедија се случи во турскиот град Битлис, кога куп снег падна од покрив и уби девојка.

dobivaj vesti na viber

Трагедијата се случи во вторник, 6 јануари, кога снег од покривот падна врз 21-годишната Ајше Идер додека одеше по тротоарот, објавија турските медиуми.

Ајше Идер беше тешко повредена во инцидентот, а снегот се натрупа врз неа двапати, соборувајќи ја на земја. Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат, дури и ризикувајќи го сопствениот живот кога снегот падна на земја по трет пат.

Младата девојка, на која ѝ беше укажана прва помош од медицински екипи испратени на местото на настанот, а потоа однесена во државната болница Татван, не можеше да се спаси. И покрај сите напори им подлегна на повредите.

Инцидентот, кој беше снимен и од безбедносните камери, и смртта на младата девојка, која се подготвуваше за приемен испит на универзитет, предизвикаа голема тага во округот Татван. Телото на Ајше Идер, кое беше преземено од болницата наутро, беше погребано на гробиштата Кучукшу.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Експлозив фрлен во близина на опозициска пратеничка во Хондурас

Објавено пред

Опозициската политичарка од Хондурас, Гладис Аурора Лопез, е повредена кога во нејзина близина била фрлена експлозивна направа во Националниот конгрес во Тегусигалпа.

dobivaj vesti na viber

Според соопштението на Националната партија, експлозивот детонирал на само неколку сантиметри од Лопез, при што таа се здобила со повреди на грбот.

Видео до кое дојде „Ројтерс“ го прикажува моментот кога предметот бил фрлен додека Лопез се приближувала за да разговара со претставници на медиумите, по што дошло до експлозија.

Инцидентот се случил во период на политичка недоверба по изборите, на кои центристичкиот кандидат Салвадор Насраља поднел жалба до Изборниот правосуден трибунал, барајќи повторно пребројување на гласовите во повеќе департмани, откако изборното тело го прогласило кандидатот на Националната партија, Насри Асфура, за победник, со разлика помала од еден процент од гласовите.

Двајцата настојувале да ја соборат од власт левичарската партија Либре на претседателката Ксиомара Кастро, чија кандидатка Рикси Монкада на изборите завршила на третото место.

Фото: pexels

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Го откажав вториот напад во Венецуела

Објавено пред

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад во земјата минатата сабота.

dobivaj vesti na viber

Трамп денеска изјави дека САД и Венецуела добро соработуваат, особено кога станува збор за обновата, „во многу поголема, подобра и помодерна форма“, на нивната нафтена и гасна инфраструктура.

„Поради оваа соработка, го откажав претходно очекуваниот втор бран напади, кој се чини дека нема да биде потребен. Сепак, сите бродови ќе останат на позициите од безбедносни причини“, додаде Трамп.

Претходно, венецуелската влада соопшти дека започнала со ослободување на притворени лица кои се сметаат за политички затвореници, што официјалните претставници го опишаа како гест на добра волја.

Нивното ослободување долго време беше барање на САД.

Министерството за надворешни работи на Шпанија потврди дека пет нејзини државјани се пуштени на слобода, меѓу кои и истакнатата венецуелско-шпанска активистка за човекови права Росио Сан Мигел.

Хорхе Родригез, претседател на Народното собрание на Венецуела и брат на нејзината привремена претседателка Делси Родригез, изјави дека привремената влада ги ослободува притворените во интерес на „националното единство и мирниот соживот“.

Се верува дека во озлогласениот затвор Ел Хеликоиде, за кој Трамп по апсењето на Мадуро најави дека ќе биде затворен, се наоѓаат до 80 затвореници.

Трамп, исто така, тврдеше дека нафтените компании, со многу од нив тој денеска треба да се сретне во Белата куќа, ќе инвестираат „најмалку 100 милијарди долари“.

Фото:Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

ДПМНЕ да не бега од сопственото ветување за една изборна единица, бара Левица

„Левица е за укинување на т.н. Пржинска влада и непотребните дополнителни заменици-министри со право на вето, сметајќи дека истата нема...

Македонија1 час

(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“

Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од...

Економија1 час

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија2 часа

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ2 часа

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа3 часа

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет3 часа

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...

Свет4 часа

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет5 часа

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа5 часа

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија5 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија5 часа

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија17 часа

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија19 часа

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија21 час

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...

Македонија22 часа

(Фото) ДЗС: 30 полски кревети за евакуираните лица во Кичевско, во Ресенско со пумпи се вадеше навлезената вода од подруми и куќи

Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности...

Македонија23 часа

Нова состојба по обилните врнежи: Поплавени подруми и куќи во Охрид, Кичево, Битола, Тетово и Гостивар

Центарот за управување со кризи ја објави новата состојба до 13 часот по обилните врнежи од дожд во земјава. Во...

Топ23 часа

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари

Вчера во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума...

Македонија23 часа

Синдикат на култура: Преседан во културата, министерот Љутков повторно против колективните договори

Министерот за туризам, „културно“, но доста ехидно и веќе видено (за Велигден), сега им ја честиташе Новата година и божиќните...