Свет
Во Германија вакцината на „Астра зенека“ само за постари од 60 години

Вакцината против коронавирусот на шведско-британскиот производител „Астра зенека“ ќе се користи во Германија само за лица постари од 60 години. Оваа одлука е донесена по појавата на случаи на церебрална венска тромбоза по вакцинирање.
„Одлуката е донесена врз основа на достапните податоци во моментот за појавата на ретки, но многу сериозни несакани ефекти поврзани со церебрална синусна венска тромбоза“, соопшти германската комисија за вакцини, пренесе „Дојче веле“.
Ќе има дополнителни препораки за лицата под 60 години, кои ја примиле првата доза од оваа вакцина, а требаше да ја примат втората доза до крајот на април.
Речиси 2,7 милиона Германци досега се вакцинираа со вакцината на „Астра зенека“. До понеделникот напладне пријавени се 31 случај во Институтот, а пријавени се и дополнителни 19 случаи на тромбоцитопенија. Во девет случаи исходот бил фатален. Со исклучок на два случаја, според Институтот „Паул Ерлих“, сите извештаи се однесуваат на жени на возраст од 20 до 63 години. Во другите два случаај станува збор за мажи на возраст од 36 и 57 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп размислува за воени напади врз нарко-картелите во Венецуела, Мадуро најави вооружена борба

Американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста за извршување воени напади насочени кон нарко-картели што дејствуваат во Венецуела.
Си-Ен-Ен, повикувајќи се на повеќе извори, објави дека тоа вклучува можни напади во самата земја.
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, синоќа изјави дека Каракас е подготвен да премине од „политичка фаза“ во „фаза на вооружена борба“ во случај на напад од страна на САД, во услови на ескалација на тензиите меѓу двете земји, јави ДПА.
„Моментално сме во политичка фаза. Но, ако Венецуела биде нападната на кој било начин, ќе преминеме во фаза на вооружена борба“, рече Мадуро во коментарите емитувани на венецуелската државна телевизија.
Свет
Трамп: Америка нема само да се брани, туку ќе оди во војна

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која Министерството за одбрана на земјата се преименува во Министерство за војна, потег што го најавуваше долго време.
„Тоа е многу посоодветно име, особено имајќи предвид каде се наоѓа светот во моментов. Решивме да се ‘разбудиме’ и да го промениме името на Министерството за одбрана. Значи, се префрламе во Министерство за војна“, рече Трамп при потпишувањето на наредбата во Овалната соба на Белата куќа.
Шефот на Пентагон, Пит Хегсет, кој разговараше со новинарите заедно со Трамп, рече дека САД „не добиле голема војна“ откако Министерството за војна беше преименувано во Министерство за одбрана.
„Одиме во напад, не само во одбрана“, рече Хегсет.
Трамп објави дека се одлучил за друг град во САД каде што планира да распореди војници на Националната гарда за да помогнат во борбата против криминалот. Зборувајќи со новинарите во Овалната соба на Белата куќа, Трамп одби да го именува градот за кој станува збор.
Во последните недели, тој го покрена прашањето за испраќање трупи во неколку градови предводени од демократите, вклучувајќи ги Балтимор, Чикаго и Њу Орлеанс, како дел од поширока иницијатива за воспоставување ред и мир.
Регион
(Видео) Српските полицајците сакаа да ги растераат граѓаните, но самите паднаа на колена

Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува необична ситуација во која полициски службеници сами се најдоа погодени од солзавецот што го фрлиле кон граѓаните.
И покрај тоа што беа во целосна опрема, со маски и шлемови, не успеале да се заштитат од чадот кој ветерот го вратил кон нив.
Во еден момент, неколкумина полицајци ги симнале маските и клекнале на земја, очигледно со потешкотии да продолжат да издржат во облакот од солзавец.
Според коментарите на очевидци и граѓани кои ја следеле ситуацијата, станува збор за иронична сцена во која природата им го „вратила ударот“ на службениците, поради што и видеото брзо се прошири на интернет и предизвика бурни реакции.
Plaćenici gubarski se od sopstvenog suzavca guše, čak su neki skinuli opremu i otišli. ‼️‼️‼️‼️ pic.twitter.com/LmEqDPWbXD
— o0o0o0o (@KoronVirus) September 5, 2025