Свет
Германија: Иран ризикува, може да го разгори целиот регион
Германскиот канцелар, Олаф Шолц, изјави дека Иран презема многу ризик и може да го разгори целиот регион.
Тој ги повика Техеран и Хезболах да ги прекинат нападите врз Израел.
Шолц рече дека Германија и нејзините партнери, исто така, ќе продолжат да работат на договор за прекин на огнот.
„Иран презема ризик, може да го разгори целиот регион. Тоа мора да се спречи по секоја цена. Хезболах и Иран мора веднаш да престанат да го напаѓаат Израел“, рече тој.
Борбите меѓу Израел и Хезболах продолжуваат утрово и покрај повиците за прекин на огнот од страна на ОН, САД и ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Стигна првата реакција на иранскиот врховен лидер по ракетниот напад врз Израел
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, денеска се сретна со група високи претставници во Техеран. Тој ги обвини САД и некои европски земји дека лажно тврдат оти носат мир и спокојство во регионот.
Им порача да излезат за земјите од регионот да живеат во мир.
Тој рече дека бил тажен поради убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, но не ја одложил средбата со високи претставници бидејќи, како што рече, „тагата на Иран е анимирачка и движечка сила“.
Наредбата за лансирање на ракетите кон Израел ја издал иранскиот врховен лидер, кој останува на безбедно место, изјави висок ирански функционер за новинската агенција „Ројтерс“.
Свет
Зеленски: Украина може да произведува четири милиони беспилотни летала годишно
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека земјата може да произведува четири милиони беспилотни летала годишно и бргу го зголемува производството на друго оружје.
Обраќајќи им се на шефовите на десетици странски производители на оружје во Киев, Зеленски рече дека Украина веќе има договорено производство на 1,5 милион беспилотни летала оваа година, пренесува „Ројтерс“.
„Во екстремно тешките услови на војната под постојани руски напади Украинците успеаја да изградат практично нова одбранбена индустрија“, рече Зеленски.
Свет
(Видео) Пропалестинските активисти во Берлин го прославија иранскиот напад врз Израел
За време на пропалестинските демонстрации во Берлин, Иран лансира ракети кон Израел. Германските медиуми јавуваат дека толпата ракоплескала, навивала и извикувала „Алаху акбар“.
„Ракети лансирани кон Израел“, извикуваше еден човек по што многубројни демонстранти навиваа, а некои дури и ракоплескаа. Се слушаа и извици „отпор“ и „Алаху акбар“ („Господ е голем“), пишува НТВ.
Es macht fassungslos, dass in einer Stadt, die so viel Schmerz und Leid aus der Geschichte gelernt haben sollte, Menschen offen Angriffe auf Juden feiern.#b0110
VIDEOQUELLE: https://t.co/RtnhBQVeI2 pic.twitter.com/xGCvAL0kvo
— Iman Sefati (@ISefati) October 2, 2024
Während Israel unter Raketenbeschuss steht, wird in Berlin die Hamas gefeiert, und die Berliner Polizei unternimmt nichts dagegen. Vielen Dank für den großartigen Einsatz @polizeiberlin @PolizeiBerlin_E #b0110 pic.twitter.com/nhiaGNLUPn
— Iman Sefati (@ISefati) October 1, 2024
Некои од учесниците на митингот вееја марами и палестински и либански знамиња.
Портпаролот на берлинската полиција, пренесоа германските медиуми, вчера изјавил дека информациите за скандирање „ниту може да ги потврди ниту да ги демантира“. Средбите се одржаа на две локации.