Контакт

Свет

Германија му вети целосна поддршка на Израел

Објавено пред

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Бундестагот увери за целосна поддршка за Израел по нападот на Хамас и најави забрана за поддршка на оваа терористичка организација во Германија, како и забрана за организацијата „Самидун“, која постојано повикува на антисемитски протести.

dobivaj vesti na viber

„Најостро го осудуваме насилството на терористите… Израел има право, загарантирано со меѓународното право, да ги брани своите граѓани од овој варварски напад“, рече германскиот канцелар Олаф Шолц обраќајќи им се на претставниците за време на вонредната седница на Бундестагот посветена на актуелните настани во Израел.

Тој рече дека прашањето за безбедноста на Израел било и останува прашање од национален интерес за Германија.

Германскиот канцелар најави забрана за секаков облик на поддршка за Хамас во Германија, како што е собирање финансиска помош. Истовремено, тој најави забрана за организацијата „Самидун“, која досега од Германија им помага на палестинските затвореници во израелските затвори, а организира и протести, кои резултираа со многубројни антисемитски инциденти.

Оваа недела полицијата во Берлин забрани три протести што „Самидун“ се обиде да ги организира откако членовите на таа организација во саботата отворено славеа на улиците на Берлин по терористичкиот напад врз Израел. Истовремено, зголемено е нивото на безбедност на еврејските и израелските згради во Германија.

„Ова е одвратно. Ова е нехумано. Тоа е спротивно на сите вредности на кои сме посветени како земја“, рече Шолц за настанот во саботата. „Не прифаќаме омраза. Не толерираме антисемитизам“.

Лидерот на опозициската унија повика на поконзистентна борба против антисемитизмот и ги нарече неподносливи сцените на славење на арапските имигранти во Германија по нападот на Хамас.

Претставникот на владејачката Либерално-демократска партија (ФДП), Кристијан Дуер, испрати предупредувачка порака до имигрантите. „Никој не е добредојден што доаѓа во Германија да поттикнува против Израел“, рече Дуер.

Свет

Рој оси нападнаа израелски војници во Газа, некои се со по стотици убоди

Објавено пред

Израелските одбранбени сили соопштија дека 12 војници биле повредени откако биле нападнати од рој оси во јужниот дел на Појасот Газа.

dobivaj vesti na viber

ИДФ вели дека инцидентот се случил во петокот кога тенк ненамерно удрил во осарник, што ги вознемирило инсектите.

Војниците биле пренесени во медицинскиот центар Шеба во Тел Хашомер, каде еден е сместен на интензивна нега.

Од болницата велат дека никој не е во опасност.

„Војници со тенк згазнаа на осарник. Осите искасаа 11 војници кои беа евакуирани за да добијат медицинска помош“, соопшти ИДФ.

Инцидентот во Појасот Газа се случи за време на операција предводена од Јужната бригада во пограничниот регион спроти заедницата Нирим во Израел.

Од Медицинскиот центар Шеба наведуваат дека некои од војниците имале и до сто убодни рани и дека тоа е ситуација со која медицинските работници досега не се соочиле.

Прикажи повеќе...

Свет

Путин ќе ја посети Кина, ќе се сретне со Шји Џјинпинг

Објавено пред

На почетокот на својот петти мандат, рускиот претседател Владимир Путин оваа недела ќе отпатува за Кина во својата прва странска посета.

dobivaj vesti na viber

Се очекува лидерот на Кремљ да пристигне во Пекинг в четврток на покана на кинескиот претседател Шји Џјинпинг и ќе остане до петок, пренесе кинеската државна новинска агенција „Ксинхуа“, а јави германската ДПА.

Изборот на Кина за негова прва дестинација по реизборот во март ги нагласува блиските врски меѓу двете нуклеарни сили и постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Откога Москва ја почна својата инвазија на Украина во 2022 година и воведувањето на западните санкции, Русија е во голема мера меѓународно изолирана.

Сепак, Кина не го осуди нападот и зазеде неутрален став.

Прикажи повеќе...

Свет

Катарскиот премиер: Преговорите за прекин на огнот во Газа се во ќор-сокак

Објавено пред

Разговорите за прекинот на огнот во Газа дојдоа во ќор-сокак поради израелските операции во Рафа, изјави денеска катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани.

dobivaj vesti na viber

Израелските операции во Рафа, кои почнаа овој месец, го затворија главниот влез за хуманитарна помош од Египет до Појасот Газа. Хуманитарните организации предупредуваат дека тоа ја влоши и онака лошата ситуација во палестинската енклава.

„Особено во последните недели видовме дека се постигнува моментум, но, за жал, работите не тргнаа во добра насока и сега сме речиси во ќор-сокак. Се разбира, она што се случи со Рафа нè врати назад“, рече шеикот Мохамед на економскиот форум во Доха.

Катарскиот премиер најави дека Доха ќе продолжи да работи на изнаоѓање решение за мир во Газа. Неговата земја е посредник меѓу палестинското милитантно движење Хамас и Израел.

Шеикот Мохамед рече дека главното несогласување меѓу двете страни е ослободувањето на заложниците и прекинот на борбите.

„Едната страна сака да ги прекине борбите и потоа да зборува за заложници, а другата сака заложници и продолжување на војната. Сѐ додека не се најде заеднички јазик меѓу тие две позиции, нема да дојдеме до решение“, изјави катарскиот лидер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Грчкиот министер за надворешни работи: Грција не моли, бараме спроведување на договорот од Преспа

Зборувајќи за прашањето за односите меѓу Грција и Северна Македонија, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис во разговор за ЕРТ...

Свет3 часа

Американците го предупредуваат Израел дека офанзивата на Рафа ќе биде голема грешка

Соединетите Американски Држави процениле дека Израел распоредил војници во близина на Рафа, најјужниот град во Појасот Газа, во број доволно...

Свет3 часа

Бајден потпиша закон: забранет увозот на збогатен ураниум од Русија

Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша закон со кој се забранува увоз на збогатен ураниум или нуклеарно гориво за производство на...

Македонија3 часа

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас телефонски разговарал со поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев за најновите политички случувања во...

Свет3 часа

Нов напад на Белгород; Русите: Уништени се куќи, има загинати

Еден далновод и повеќе од дваесетина куќи беа оштетени во најновиот украински воздушен напад врз градот Белгород, а руските воздушни...

Свет3 часа

САД и Австралија претставија огромни подводни дронови: „Ова е иднината на војувањето“

Ghost Shark и Manta Ray се имињата на прототипите на беспилотни подводни возила, UUV или беспилотни летала, неодамна претставени од...

Македонија16 часа

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

„ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае...

Македонија17 часа

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

ЈП Паркови и зеленило преку писмено соопштение се огласи во врска со прашањето дали имаат склучено договор со Владата за...

Топ18 часа

Почина 14-годишно момче во Битолско: му се слошило и паднало

Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на...

Економија21 час

Од полноќ намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе oдлука со...

Македонија22 часа

Давкова официјално ќе го применува уставното име, а во јавните настапи има право да каже Македонија како чин на самоопределување, велат од нејзиниот кабинет

Во своите јавни настапи македонската претседателка има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување...

Македонија22 часа

Во важечкиот Изборен законик стои Македонија во делот на свечената изјава – Каракамишева вели дека Силјановска го кажала она што било напишано

Во важечкиот Изборен законик, со прочистен текст во март оваа година, во делот на свечената изјава стои Македонија, а не...

Свет1 ден

Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков. Руските сили се обидуваат...

Македонија1 ден

Бугарскиот претседател и премиерот: Не прифаќаме изјави од Северна Македонија што се во спротивност со меѓународните договори

Бугарија не прифаќа изјави и однесувања што се во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година,...

Македонија1 ден

МНР повика на внимателност од државните функционери: Со Грција развивме политички дијалог на високо ниво

Министерството за надворешни работи објави дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби, како и...

Македонија1 ден

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која се заколна...

Свет1 ден

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар, Андреј Белоусов, чија специјалност се економски прашања

Рускиот претседател Владимир Путин предложи нов министер за одбрана на функцијата која од 2012 година ја извршуваше Сергеј Шојгу. Кремљ...

Свет1 ден

Пукање за време на прослава во Алабама во толпа од речиси 1.000 луѓе, тројца убиени и 15 ранети

Три лица загинаа, а 15 се ранети откако маж отвори оган врз толпа од околу 1.000 луѓе за време на...

Свет1 ден

Северна Кореја: Сојузниците на САД да го прекинат надзорот врз нас

Северна Кореја го осуди надзорот на земјата, наводно извршен од земјите сојузници на САД под изговор дека го следат спроведувањето...

Свет1 ден

Руското Министерство за одбрана: Соборени 16 украински проектили и 31 беспилотно летало

Руската воздушна одбрана уништи четири украински крстосувачки ракети „Олуја сенка“ над Крим и 12 ракети „Оља“ над Белгородската област, соопшти...