Свет
Германија сака државите на ЕУ да го прекинат извозот на оружје во Саудиска Арабија
Во интервју за германската телевизиска мрежа ЗДФ, германскиот министер за економски прашања, Питер Алтмаер, ги повика земјите членки на ЕУ да ги следат стапките на Берлин и да го прекинат извозот на оружје во Ријад поради смртта на саудискиот новинар Џамал Kaшоги.
„Важно е да дојдеме до заеднички европски став бидејќи само ако сите европски земји се согласни, тоа ќе остави впечаток врз владата во Ријад. Нема да има никакви ефекти ако го запреме извозот на оружје, а други земји во исто време ја пополнуваат празнината“, истакна Алтмаер.
Тој објасни дека целта е да се зголеми притисокот врз саудиските власти велејќи дека Берлин не е задоволен од сегашните објаснувања на Ријад во врска со случајот Кашоги.
„Германската влада е согласна дека засега нема да го одобриме понатамошниот извоз на оружје во Саудиска Арабија бидејќи сакаме да дознаеме што се случи“, додаде Алтмаер, посочувајќи на смртта на Кашогги.
Неговата изјава доаѓа кога германската канцеларка Ангела Меркел во неделата рече дека Берлин ќе го запре извозот на оружје во Ријад поради скандалот за смртта на Кашоги.
Нејзините зборови ги повтори и германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, кој истакна дека Берлин не треба да одобри понатамошна продажба на оружје во Саудиска Арабија до крајот на истрагата за случајот со Кашоги.
Претходно, саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал-Џубеир, му изрази сочувство на семејството на Кашоги велејќи дека неговата смрт била ужасна грешка и дека принцот Мохамед бин Салман не бил запознаен со инцидентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

