Свет
Германската полиција изврши рации во потрага по трговци со луѓе

Стотици федерални полицајци влегоа во домови низ Германија, а како причина се наведуваат нелегалните мрежи за трговија со луѓе.
Новинската агенција ДПА објави дека рациите се фокусираат на трговците со луѓе што носат мигранти од Пакистан и Индија организирајќи склучување лажни бракови во Германија.
Обвинителите изјавија дека рациите почнале рано во средата и биле претресени домови во источните градови Лајпциг, Ајленбург, Хетштет и други градови.
Полицијата и обвинителите не објавија дополнителни детали за тековните рации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Американски сенатор до Путин: „Што по 50 дена? Нека му се јави на ајатолахот и нека го праша“

Американскиот сенатор Линдзи Греам го поддржа рокот од 50 дена што Доналд Трамп му го даде на Владимир Путин да постигне мировен договор за Украина или ќе се соочи со високи царини.
„Ако сте земја што купува евтина руска нафта и ѝ помага на воената машинерија на Путин, сфатете ја заканата на Трамп сериозно“, рече Греам. Тој кажа дека секундарните царини би можеле силно да го погодат извозот на енергија на Русија, особено кон Кина и Индија.
„Ако се прашува што ќе се случи по 50 дена, нека го повика ајатолахот“
Коментирајќи за тоа што може да се случи по рокот на Трамп, Греам беше директен: „Ако Путин и другите се прашуваат што ќе се случи на 51-виот ден, нека го повикаат ајатолахот“.
Греам очигледно мислел на неодамнешните американски воздушни напади врз иранските нуклеарни цели, во кои клучна улога одиграа невидливите бомбардери Б-2. Иран е еден од клучните сојузници на Русија во војната против Украина.
Техеран не само што испорачува оружје на Москва, туку помага и во развојот на домашното производство на беспилотни летала и ракети.
Европа
(Видео) Огромен пожар на сцената на еден од најголемите фестивали во светот

Главната сцена на фестивалот „Tomorrowland“ во Белгија е зафатена од огромен пожар само два дена пред почетокот на првиот викенд на еден од најголемите музички фестивали во светот.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како пламенот ја проголтува главната сцена на белгискиот фестивал, додека локалните медиуми известуваат дека службите за итни случаи се на местото на настанот во голем број.
#breaking!! #tomorrowland is on #fire right now pic.twitter.com/iWO0QAHNqt
— Javier Churich (@JaviChurich) July 16, 2025
Локалниот портал ГВА објави дека властите им советуваат на жителите да ги затворат прозорците и вратите поради ширењето на чад низ областа. Досега нема пријавени повредени бидејќи посетителите сè уште не пристигнале, а британскиот „Мирор“ објави дека околу 1.000 вработени биле на лице место во времето на пожарот, учествувајќи во подготовките за фестивалот.
I don’t think Tommorowland is happening this year pic.twitter.com/xGBxMpJsLZ
— 1S Swix (@SwixVL) July 16, 2025
Фотографиите и видеата објавени од ГВА и корисниците на платформата Икс го покажуваат обемот на пожарот, но сè уште не е познато колкава е штетата и дали инцидентот ќе влијае на фестивалот.
🔥 BREAKING: A massive fire has engulfed the main stage of the Tomorrowland music festival in Belgium, just days before the event kicks off on Friday.#Fire#Belgium#Friday#Tommorowland #MusicFestival pic.twitter.com/J0ANLLevKH
— Lumi Watch (@Lumibunnyy) July 16, 2025
Tomorrowland е еден од најголемите и најпознатите фестивали за електронска музика во светот, а оваа година се очекува повеќе од 70.000 посетители дневно да поминат низ фестивалските порти. Првиот викенд од фестивалот е закажан за овој петок.
Свет
Сирија: Израел се обидува да шири хаос и да ја поткопа стабилноста

Сириското Министерство за надворешни работи го осуди израелските напади врз „владини институции и цивилни објекти“ во Дамаск, како и во Свеида, по денешните воздушни напади.
Откако во израелските напади беше погодена зградата на Министерството за одбрана во Дамаск, како и областа околу претседателската палата, Министерството за надворешни работи соопшти дека неколку цивили се убиени, а десетици повредени. Исто така, соопшти дека имало „голема штета на инфраструктурата и јавните услуги“.
Министерството за надворешни работи го обвини Израел за извршување на „флагрантен напад“ во обид да „разгори тензии, да шири хаос и да ја поткопа безбедноста и стабилноста во Сирија“.
„Сирија го смета Израел целосно одговорен за оваа опасна ескалација и нејзините последици“, се додава.