Свет
Германска политичарка намачкана со измет на митинг
Една од водечките политичарки на АфД (Алтернатива за Германија) и претставничка на таа партија во Бундестагот, синоќа за време на јавен настап бил извалкан со измет од демонстрант во градот Даун.
Заменик-претседателката на партијата која се залага за планови против мигрантите и зелените политики, беше нападната во сала во западниот град Даун.
Политичарката за ДПА изјави дека маж и побарал фотографија, но наместо тоа тој ја намачкал со измет. „Беше навистина одвратно“, рече Фон Сторч.
Мажот брзо бил совладан од полицијата и против него е покрената истрага. Фон Сторч рече дека поднела тужба. Полицијата извести за мирни протести на околу стотина симпатизери на АфД во Даун.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Синот на Трамп сподели објава по нападот во Сиднеј: „Толку тажно. Толку вистинито“
Доналд Трамп јуниор, син на американскиот претседател Доналд Трамп, сподели една од објавите што се појавија на социјалните мрежи по вчерашниот терористички напад на плажата Бонди во Сиднеј.
Оригиналната објава содржеше фотографии од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и терористот Навид Акрам. „На еден од овие мажи му е забранет влез во Австралија“, се вели во пораката.
Трамп помладиот ја сподели објавата, пишувајќи: „Неверојатен твит. Толку тажно. Толку вистинито.“
Amazing Tweet. So sad. So true. https://t.co/ZtqQgNIXrD
— Donald Trump Jr. (@DonaldJTrumpJr) December 14, 2025
Што се знае за терористите?
Татко и син, 50-годишниот Саџид Акрам и 24-годишниот Навид Акрам, убија 15 лица на настан организиран по повод Ханука. Саџид беше убиен на местото на настанот, а Навид беше однесен во болница и е во критична состојба.
Австралискиот министер за внатрешни работи Тони Бурк рече дека Саџид влегол во Австралија со студентска виза во 1998 година, додека Навид е роден во Австралија во 2001 година.
За потсетување, властите на австралиската држава Викторија во јануари 2022 година одлучија да не му дозволат на Новак Ѓоковиќ да влезе во земјата, а тогашниот тенисер број еден во светот беше испратен дома. Српскиот тенисер не ја прими вакцината против коронавирусот и затоа не можеше да влезе во Австралија и да игра на првиот Гренд слем во сезоната.
Најдобриот тенисер во светот и десеткратен победник на Австралија Опен чекаше со часови во имиграциски притвор по слетувањето во Мелбурн, неговиот мобилен телефон беше конфискуван и го чуваа двајца полицајци. Ѓоковиќ беше исто така испрашуван со часови, а беа проверени и документите што го потврдуваат неговото ослободување од вакцинација.
Свет
Навроцки: Односите меѓу Полска и Украина повеќе не се партнерски
Полскиот претседател Карол Навроцки изјави дека сегашните односи меѓу Полска и Украина не можат да се сметаат за вистинско партнерство, оценувајќи дека Киев ги игнорира прашањата што се од клучно значење за полската страна.
Во интервју за „Виртуелна Полска“, Навроцки изјави дека „елементот на партнерство е изгубен“, посочувајќи првенствено на нерешените историски прашања, како што е ексхумацијата на полските жртви во Волиње. Според него, ако темите од суштинско значење за Полјаците дури и не се предмет на сериозно разгледување во Киев, оправдано е да се постави прашањето на што всушност се темели партнерството на двете земји.
Полскиот претседател изрази надеж дека таков пристап на украинската страна ќе се промени во иднина, но во исто време предупреди дека Полска не може да ја прифати улогата на пасивен актер во односите од стратешко значење.
„Како претседател на Република Полска, не можам, не сакам и нема да се согласам мојата земја да се третира исклучиво како коридор во клучните политички и безбедносни прашања“, рече Навроцки.
Тој, исто така, оцени дека украинското раководство не ја смета поддршката од Варшава за критично важна, наведувајќи дека во Киев е создадено верување дека полската помош е имплицитна и трајно гарантирана.
Навроцки заклучи дека односите меѓу двете земји имаат потреба од нов преглед, со поголемо меѓусебно почитување и почитување на националните интереси на Полска.
Фото: депозитфотос
Свет
(Видео) Херојот на плажата Бонди се опоравува од прострелните рани во болница
Ахмед Ал Ахмед е фотографиран во болница како се опоравува од прострелните рани што ги добил за време на нападот. 43-годишниот татко на две девојчиња се сретнал со премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, во понеделник, кој го нарекол „херој од вистинскиот живот“. Минс рекол дека неговата извонредна храброст, со голем личен ризик, спасила непознат број животи.
Според неговите родители, Ахмед бил застрелан повеќе пати во рамото и сè уште е во болница, објави ABC.
❗️Shocking footage. A passerby disarmed the shooter “with bare hands” at Bondi Beach in Sydney. pic.twitter.com/UHtHFGjX7Q
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) December 14, 2025
Ахмед Ал Ахмед совлада еден од напаѓачите за време на нападот и му го зеде оружјето. На видеото кое се прошири на интернет го прикажува 43-годишниот сопственик на продавница за овошје Ахмед како трча кон напаѓачот и му го грабнува оружјето. Откако му го зел оружјето, тој го насочил кон него, принудувајќи го да се повлече.
Американски милијардер донира речиси 100.000 долари за херојот од Бонди Бич
Американски милијардер донираше речиси 100.000 долари – максималниот износ дозволен за онлајн донација – на човекот наречен „херојот на плажата Бонди“. Донацијата изнесува 99.999 долари, што е околу 85.000 евра.

