Свет
Германските банки складираат сè повеќе пари, велат од ЕЦБ
Банките во еврозоната, а особено во Германија, складираат зголемени суми со цел да ја избегнат казнената мерка на Европската централна банка за прекумерна ликвидност, вели ЕЦБ во истражувачка статија.
Складирањето пари од страна на банките се зголеми 21 милијарда евра помеѓу март 2016 и крајот на 2017 и стигна до 77 милијарди евра, а германските банки се заслужни за две третини од тој пораст, вели ЕЦБ.
Откако ЕЦБ ја намали депозитната стапка во 2014 година, таа им наплаќа на банките за прекумерната ликвидност со цел да ги натера да овозможат заеми за реалната економија за генерирање раст и инфлација.
Но, бидејќи трошоците за складирање банкноти во трезорите се помали од таксата на ЕЦБ, банките што имаат прекумерни средства се стремат да собираат повеќе пари тестирајќи ги границите на монетарната политика и создавајќи одлично окружување за стапките на ЕЦБ.
„Ова зголемување на парите што се чуваат во трезор, секако, останува ограничено,“ изјавија од ЕЦБ.
„Логистичките пречки, како што се ограничениот простор за чување или максималниот дозволен износ покриен со осигурување, се двете најголеми ограничувања на банките што имаат големи износи пари“.
„Доколку каматните стапки се зголемат, некои од складираните евробанкноти се очекува да се вратат,“ додаваат од ЕЦБ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.